Connect with us

НБРМ

Подобрување на услугите за граѓаните: Народната банка овозможи бесплатно, дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар

Објавено

на

Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки.

За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните брзо и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна.

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со коишто располага Народната банка.

НБРМ

Учениците Кирил и Кристијан од Ресен по втор пат се национални победници на Европскиот квиз на парите

Објавено

на

Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната недела на парите. Ова е втора победа на двајцата ученици, оваа година како средношколци, откако и лани го освоија првото место на националниот натпревар. Тие ќе ја претставуваат нашата земја на европското финале, кое ќе се одржи на 19 април во Брисел, Белгија.

Второто место го освоија Стефани Георгиевска и Филип Клобучински од СЕПУГС Васил Антевски Дренсо менторката Билјана Ниновска, додека третопласирани беа Лара Росоманска и Елена Ризова од СОУ Гимназија „Добри Даскалов” – Кавадарци,  со менторката Лоска Давчева.

На националниот натпревар годинава се пријавија 525 тимови од 85 училишта, менторирани од 102 професори. На македонски јазик се натпреваруваа 479 тимови, а 46 тимови се натпреваруваа на албански јазик. На финалниот натпревар којшто се одржа во просториите на МБА, учествуваа најдобрите тимови од првиот круг и беше прогласен најдобриот национален тим.

Продолжи со читање

НБРМ

Доновска-Гечева од Народната банка: Банките се должни да им дадат на граѓаните информативен документ за надоместоците коишто ги наплаќаат

Објавено

на

Банките се должни, на граѓаните, пред да пристапат кон користење на платежните услуги, да им дадат т.н. информативен документ со стандардизирана структура, поими, термини и дефиниции, за надоместоците коишто им ги наплаќаат. Целта е на граѓаните да им се даде поширока информација и можност за споредба на надоместоците, пред да донесат одлука од која банка ќе користат платежни услуги, посочува заменик-директорката на Дирекцијата за платни системи, при Народната банка, Биљана Доновска-Гечева, во гостување на телевизија Канал 5.(повеќе…)

Продолжи со читање

НБРМ

Величковски од Народната банка: Рамковните договори со банките се клучна алатка за заштита на потрошувачките права

Објавено

на

Граѓаните во кое било време можат да ги затворат платежните сметки и платежните картички, при што банките не смеат да наплатат надоместок за тоа, доколку договорот којшто клиентот го има со банката е постар од шест месеци. На барање на клиентот, банката е должна веднаш да ја затвори сметката, но доколку во договорот е предвиден отказен рок, тогаш банката има рок најмногу 30 дена за прекинување на услугата, којшто е утврден со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, објаснува директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски, во интервју за емисијата „Само прашај“ на Институтот за комуникациски студии.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно