Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Групацијата постигна значителни резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

Објавено

на

Групацијата ПроКредит, која главно е активна во Југоисточна и Источна Европа, објави висок финансиски резултат од 94,0 милиони евра за првите девет месеци од 2023 година. Приносот на капиталот значително се подобри на ниво од 13,6 %, со што се нагласуваат среднорочните проекции на групацијата. Добриот резултат главно беше поттикнат од континуираната позитивна динамика на нето-каматната маржа, како и од подобрениот коефициент трошоци-приходи од 58,7%. Стабилните показатели за кредитниот ризик доведоа до умерена цена на ризикот од 20 базични поени, каде спаѓаат и дополнителните резервации за загуби резервирани во третиот квартал на работењето на групацијата во Украина. Како резултат на силниот оперативно-финансиски развој во целата групација, Управниот одбор реши на 26 октомври 2023 година повторно да ги подигне проекциите за финансиската 2023 година.

Кредитното портфолио се зголеми за 119 милиони евра или 1,9% во првите девет месеци од годината (9М 2022: 6,2%). Во вториот и третиот квартал, остварен е раст од 165 милиони евра или 2,7%. Од крајот на годината, депозитите се зголемија за 649 милиони евра или 10,3% (9М 2022: 8,0%), што конкретно се припишува на приватните клиенти и покажува цврст напредок на целосно дигиталната понуда за приватните клиенти на групацијата, како и на стратегијата „ПроКредит Директ“. Во однос на истиот период претходната година, коефициентот на депозитите и кредитното портфолио се зголеми за 16,3 процентни поени на добро ниво од 111,4% (9М 2022: 95,1%). Коефициентот ЦЕТ1 изнесуваше 14,9% на крајот на третиот квартал; зголемувањето во текот на годината пред сѐ се должи на припишување на полугодишната добивка (минус 1/3 за дивиденди) како и на поголемата ефикасност на средствата пондерирани за ризикот (RWA).

Развојот на добри резултати е многу разновиден во групацијата

Деветмесечниот резултат на групацијата од 94,0 милиони евра е значително повисок отколку во истиот период лани (9М 2022: 17,3 милиони евра) и одговара на принос на капиталот од 13,6% (9М 2022: 2,7%). 

Оперативните приходи на групацијата се зголемија за 22,1%, поттикнати од повисоките нето-приходи од камати и повисоките нето-приходи од надоместоци и провизии. Нето-приходите од камати се зголемија за 52,6 милиони евра или 27,4% на 244,7 милиони евра (9М 2022: 192,1 милиони евра), бидејќи растот на приходите од камати ги надмина зголемените расходи за камати. Досега оваа година, нето-каматната маржа се зголеми за околу 50 базични поени, растејќи на 3,6% главно поради повисоките клучни каматни стапки. Во К-3, нето-каматната маржа изнесува 3,9%.

Со 43,2 милиони евра, нето-приходите од надоместоци и провизии се за 7,4% над приходите во истиот период лани (9М 2022: 40,2 милиони евра). Особено позитивно се развиваа приходите од трансакции и картички. Останатите нето-оперативни приходи придонесоа со 13,2 милиони евра во вкупната заработка (9М 2022: 14,3 милиони евра); Релативниот пад од 1,1 милион евра се должи на неповторливите позитивни ефекти во периодот лани. 

Општо, оперативните приходи на групацијата се подобрија за 54,5 милиони евра, а кадровско-административните расходи се зголемија за 27,1 милиони евра. Ова доведе до видливо подобрување на коефициентот трошоци-приходи за 2,0 процентни поени на 58,7% (9М 2022: 60,7%) и солидно зголемување од 27,4 милиони евра или 28,3% на добивката пред оданочување и резервациите за загуби. 

Резервациите за загуби од 9,0 милиони евра (9М 2022: 79,1 милион евра) одговараат на цената на ризикот од 20 базични поени. Показателите за кредитниот ризик на групацијата од третата фаза уште повеќе се подобрија од веќе добрите нивоа забележани на крајот на 2022 година. Во третиот квартал, регистрирани се резервации за загуби од 8,5 милиони евра главно за работењето на групацијата во Украина. На ниво на групација, учеството на нефункционалите („лоши“) кредити се намали од 3,3% на крајот од годината, на 3,0%. За групацијата без Украина, овој показател, исто така, благо се намали од 2,4% на 2,3%.

Позитивниот оперативно-финансиски развој на групацијата во 9М од 2023 година беше поддржан од сите десет банки во Југоисточна и Источна Европа. Во Југоисточна Европа, остварен е резултат од 72,4 милиони евра, што одговара на поврат на капиталот од 14,2%. Во Источна Европа, резултатот од 36,3 милиони евра е еквивалентен на поврат на капиталот од 23,0%. 

Коментари на Управниот одбор околу зголемените изгледи за 2023 година објавени на 26 октомври 2023 година

На 26 октомври 2023 година, Управниот одбор ги подигна изгледите за финансиската 2023 година, доведувајќи ги проекциите за принос на капиталот на нивото на среднорочни изгледи од околу 12% (со опсег од плус/минус 1 процентен поен). Претходно проектираниот опсег за принос на капиталот беше 8%-10%. Ажурираните проекции сега се врз основа на претпоставената цена на ризикот до 30 базични поени (претходно: до 45 базични поени). Коефициентот трошоци-приходи сега се очекува на 60%-62% (претходно: 62-64%). Растот на кредитното портфолио се предвидува во ниска до средна едноцифрена процентна рамка (претходно: средна едноцифрена процентна рамка). Ажурираните проектирани рамки и натаму се предмет на негативни претпоставки за четвртиот квартал од годината; поточно, во нив и натаму се земаат предвид актуелните воени активности во Украина и поврзаната неизвесност.

Изгледите за коефициентот ЦЕТ1 од над 13% и за коефициентот на задолженост од околу 9% беа потврдени во текот на овие прилагодувања. Заради пресметување на показателите на капиталот, една третина од полугодишната добивка за финансиската година е акумулирана за исплата на дивиденди во 2024 година.

Претседател на Управниот одбор, Хуберт Шпехтенхаузер: Нашите деветмесечни резултати ги гледаме како цврста потврда за многу добриот напредок остварен во групацијата. Особено сме задоволни од добрите и стабилни резултати на нашите клиенти-мали и средни претпријатија и фактот што сите наши десет банки во Југоисточна и Источна Европа од година во година го зголемуваа својот придонес во добивката на групацијата. И покрај нашиот многу грануларен и разнолик позитивен развој, повторно ги зголемивме проекциите за тековната година и сега очекуваме да постигнеме поврат на капиталот на ниво на нашата среднорочна амбиција од околу 12%. Важно е да се напомене дека сè уште гледаме неизвесност поради проблематичната работна средина на некои пазари, како и поради ризиците од сè уште тековната војна против Украина. Сепак, остануваме сигурни и веруваме дека нашите резултати од 9М ги нагласуваат нашите среднорочни цели и го демонстрираат среднорочниот и долгорочниот потенцијал за заработка на нашиот бизнис-модел. Покрај финансиските резултати, сакаме повторно да ја истакнеме успешната правна конверзија во АГ што ја финализиравме во овој квартал. Убедени сме дека и натаму можеме да ја зајакнеме нашата позиција на пазарите на капитал во 2024 година. Затоа, со задоволство го најавувам нашиот втор Ден на пазарите на капитал што ќе се одржи на 21 март 2024 година, на кој сакаме подетално да ги претставиме нашите стратешки иницијативи и амбиции за финансиската 2024 година и понатаму“.

Кварталниот финансиски извештај на групацијата ПроКредит заклучно со 30 септември 2023 година од денеска е достапен на веб-страницата на ПроКредит Холдинг под Односи со инвеститори на https://www.procredit-holding.com/en/investor-relations/reports-publications/financial-reports. Финансискиот календар за ПроКредит Холдинг е достапен на https://www.procredit-holding.com/investor-relations/financial-calendar.

Банки

Караван за финансиско советување и забава со НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот во Ист Гејт Мол

Објавено

на

Оваа сабота, 31 мај, од 12:00 до 14:00 часот НЛБ Банка и Кроација Осигурување Живот ве покануваат да ја посетите НЛБ експозитурата во Ист Гејт Мол и да уживате во едукативен и забавен настан.

Настанот е дел од Караванот за финансиско советување, кој трае од 19 мај до 20 јуни. Посетителите ќе имаат можност да се информираат и добијат стручни совети за производите на Кроација Осигурување Живот, достапни преку НЛБ Банка. Организаторите ветуваат креативна забава за најмладите и подароци – идеално за целото семејство!

Караванот продолжува и во наредниот период во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, во соработка со партнерите Сава Осигурување, Кроација Осигурување Живот, Сава Пензиско Друштво, Триглав Осигурување Живот и НЛБ Фондови, со цел да им овозможи на клиентите сеопфатна едукација, стручно советување и детални информации за сите небанкарски финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка.

НЛБ Банка, како водечка финансиска институција, постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, нудејќи им на клиентите широк избор на банкарски и небанкарски продукти на едно место. Банката е тука да ги поддржи клиентите во носењето паметни финансиски одлуки и во обезбедувањето сигурна финансиска иднина.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со предвремена исплата на пензии – секогаш чекор пред времето, секогаш блиску до своите пензионери

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје денес повторно донесе радост и олеснување за своите пензионери, исплаќајќи ги пензиите предвреме – како што тоа го прави со години наназад. Во време кога секој ден е важен, особено за највозрасните сограѓани, Халкбанк уште еднаш ја потврди својата посветеност на грижата, сигурноста и стабилноста што ја нуди на клиентите.

Предвремената исплата на пензиите не е само финансиска услуга – тоа е гест на внимание, почит и грижа што банката ја покажува кон своите највозрасни сограѓани. Халкбанк е една од ретките банки во земјава што со континуитет ја практикува оваа услуга, ставајќи ги потребите на клиентите на прво место.

Пензионерите – клиенти на Халкбанк, не само што имаат сигурност во исплатата на
пензиите кои ги добиваат предвреме, туку имаат можност да станат корисници на за нив специјално дизајнираниот Пакет за пензионери, кој вклучува бесплатна MasterCard дебитна картичка и е-банкарство без никаков трошок во првата година. Покрај тоа, пакетот вклучува и симболични подароци за сите негови нови корисници.

Пакетот е достапен за сите нови клиенти кои ќе ја примаат својата пензија преку
Халкбанк, како и за постоечките клиенти-пензионери кои ќе потпишат изјава во некоја од филијалите на банката.

Халкбанк АД Скопје останува доследна на својата мисија да биде банка која се грижи за сите категории на клиенти, нудејќи финансиски решенија што прават разлика.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка го објави Извештајот за периодот 2018 – 2025 година: стабилност, иновации и поддршка за граѓаните и за економијата

Објавено

на

Народната банка го објави Извештајот за работењето за периодот 2018 – мај 2025 година, којшто ги опфаќа клучните активности, политики и мерки спроведени во време на исклучително сложени светски и домашни околности.

Во своето обраќање во Извештајот, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска нагласува дека во овој период централната банка успешно се справи со предизвиците од пандемијата, енергетската и ценовната криза, светските геополитички тензии и со ризиците од деглобализација. Со посветеност, професионализам и знаење, Народната банка не само што ја зачува, туку и ја зајакна макроекономската и финансиската стабилност, со што даде силна поддршка за граѓаните и за стопанството.

Гувернерката посочува дека денарот остана стабилен, и покрај големите надворешни и домашни притисоци, а девизните резерви се двојно зголемени. Банкарскиот систем е посилен, со историски највисоко ниво на капитална адекватност и најниско ниво на нефункционални кредити, а кредитната поддршка за компаниите и за граѓаните и натаму се обезбедува со каматни стапки коишто за првпат во нашата историја се сведоа речиси на европските нивоа.

Во Извештајот се бележат и најважните стратегиски достигнувања, меѓу кои: членството во највисокиот статистички стандард на ММФ – СДДС плус (18-тата земја во светот); позитивната оцена од Европската комисија за усогласеноста со стандардите на ЕУ во банкарската регулатива и супервизија (26-тата земја во светот); членството во СЕПА – значаен исчекор за интеграција во европскиот финансиски простор и брзо и ефикасно извршување на плаќањата во евра, како и во европските земји и пред полноправното членство на земјата во ЕУ; воспоставувањето институционална рамка за решавање банки; историски високото ниво на девизните резерви и стабилноста на денарот, како и првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија со акцент на младите, жените и ранливите групи; водечкото место на светско ниво во родовата застапеност според ОМФИФ (прворангирана централна банка во светот); високата оцена за транспарентноста од ММФ; донесувањето на првата финтек-стратегија и среднорочниот план за климатските ризици.

Извештајот претставува сведоштво за визијата на Народната банка како независна и стабилна институција, којашто придонесува за одржлива и зелена економија и за подобар живот на граѓаните.

Извештајот за работата на Народната банка во периодот 2018 − 2025 година е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-izvestaj-za-raboteneto-na-narodnata-banka-vo-periodot-2018-2025-godina.nspx

Продолжи со читање

Популарно