Connect with us
no baners

Банки

Свечено отворен новиот бизнис центар на ПроКредит банка во Битола

Објавено

на

no baners

Во присуство на голем број на гости, вработени и клиенти, ПроКредит Банка свечено го отвори новиот бизнис центар во Битола на нова, атрактивна локација на ул. Тодор Скаловски бр.8.

Сместен на фреквентна позиција со поглед на ул. Партизанска, новиот, модерен бизнис центар со својот проширен тим од 10 банкарски советници нуди дополнителни можности и подобрено искуство за сите бизнис клиенти и физички лица кои имаат потреба од комплетни банкарски услуги, како од аспект на платен промет, така и во делот на кредитирање.

На свечениот коктел свое обраќање имаа Стевче Кузмановски, член на Управниот одбор на ПроКредит банка, и Љубин Наумовски, Директор на филијалата за мали и средни претпријатија.

“Ни претставува особена чест што во годината кога ПроКредит банка одбележува јубилеј од 20 години, го славиме и отворањето на нашиот нов бизнис центар во Битола кој нуди дополнителни функционалности и уште подобро искуство на сите физички и правни лица кои преферираат модерни, флексибилни, дигитални услуги. Битола и регионот имаат голем економски потенцијал, а нашата експертиза во мали и агро бизниси носи дополнителни бенефити за оваа значајна индустрија во пелагонискиот регион. ПроКредит банка е докажан и сигурен партнер кој ќе продолжи долгорочно да го поддржува развојот на економијата во целата земја, а со тоа и активно ќе придонесе кон градење подобра и одржлива иднина.” изјави Стевче Кузмановски.

“На Битола сме и добро познати веќе 20 години, за тоа зборува и бројот на клиенти од регионот со кои долги години градиме партнерства. Иако сме препознатливи како дигитална банка, со нашето физичко присуство и надвор од главниот град сакаме да ја потенцираме важноста за развој на економијата децентрализирано. За таа цел, го отворивме проширениот бизнис центар со желба да бидеме поблиску до клиентите, каде преку личниот пристап на нашите банкарски советници ќе понудиме уште повисоко ниво на професионална услуга.” изјави Љубин Наумовски.

На новата локација клиентите имаат пристап до сите дигитални услуги во модерната 24/7 зона, опремена со современи банкомати, можности за внесување на дневен промет, drop box, уплата и исплата на денари и евра.

ПроКредит Банка е водечка финансиска институција посветена на обезбедување професионални и дигитални банкарски услуги за своите клиенти веќе 20 години.

no baners
no baners

Банки

АЛТА Банка нуди потрошувачки кредит до 1.000.000 денари со одобрување за 24 часа

Објавено

на

АЛТА Банка воведе нов потрошувачки кредит со одобрување до 24 часа и износ до 1.000.000 денари, наменет за вработени во јавниот и приватниот сектор.

Кредитот е креиран за клиенти на кои им е потребен брз пристап до финансиски средства, но и стабилност при планирањето на месечните обврски. Понудата вклучува фиксна каматна стапка и поедноставена процедура, со јасни услови за отплата.

Фиксната каматна стапка изнесува 5,60 проценти за рок на отплата до 95 месеци, односно 5,70 проценти за рок на отплата до 120 месеци. Од банката посочуваат дека ваквиот модел им овозможува на клиентите поголема предвидливост при планирањето на личниот или семејниот буџет.

Постапката за одобрување не бара нотар, ниту пак има трошоци за солемнизација. За рефинансирање кредити од која било банка, АЛТА Банка нуди 0 проценти провизија, а кредитот е достапен и без задолжителни пакети.

За нов ненаменски потрошувачки кредит се применува фиксна еднократна провизија од 5.000 денари, додека трошокот за апликација изнесува 800 денари.

Со новата понуда, банката настојува да обезбеди поедноставен пристап до потрошувачко кредитирање, со акцент на брзина, транспарентност и предвидливост при отплатата.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје ја продолжи понудата за промотивен депозит на 25 месеци, со фиксна каматна стапка за депозити во денари и во евра.

Понудата важи до 31 август, а клиентите можат да ги орочат своите средства преку мобилен телефон, преку мКлик мобилната апликација, или преку експозитура на банката.

За депозити во денари, фиксната каматна стапка изнесува 3,5 проценти за онлајн депозит преку мКлик, додека за депозит преку експозитура каматната стапка е 2,8 проценти. Минималниот влог изнесува 2.500 денари.

За депозити во евра, фиксната каматна стапка изнесува 2,6 проценти за онлајн депозит преку мКлик, односно 2,2 проценти за депозит преку експозитура. Минималниот влог изнесува 50 евра.

Рокот на орочување е 25 месеци, а од банката посочуваат дека понудата е достапна до 31 август.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка ги зголеми потрошувачките кредити до 2,6 милиони денари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје го зголеми максималниот износ на потрошувачките кредити, со што клиентите сега можат да аплицираат за средства до 2.600.000 денари.

Од банката информираат дека повисокиот максимален износ е достапен за Онлајн потрошувачкиот кредит и за Ненаменскиот потрошувачки кредит, како финансиска поддршка за различни лични планови и потреби на граѓаните.

Онлајн потрошувачкиот кредит преку OneID овозможува целосно онлајн аплицирање, инстант одговор и исплата на средствата, без трошоци за аплицирање, одобрување и меница.

Ненаменскиот потрошувачки кредит, пак, нуди можност за вклучување осигурување преку Триглав Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Од Комерцијална банка посочуваат дека клиентите можат да се информираат за условите, калкулаторот за рата и потребните документи преку официјалните канали на банката.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange