Connect with us

Банки

Натамошен раст на плаќањата со платежни картички и електронски кредитни трансфери

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија ги објави податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година.

Податоците покажуваат тренд на натамошна засилена употреба на дигиталните канали за извршување на плаќањата во земјата, особено од страна на граѓаните, како при употребата на платежните картички, така и при употребата на мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери, или т.н. платни налози.

Имено, во првиот квартал од 2023 година, годишниот раст на употребата на платежни картички издадени во земјата за готовински трансакции и за плаќање производи и услуги во земјата од страна на граѓаните изнесува 14,7% кај бројот и солидни 12% кај вредноста на овие трансакции. Притоа, значителен годишен раст од 16,8% е забележан кај употребата на картичките за плаќање производи и услуги во земјата, при засилен раст на плаќањата на физичките места на продажба од 17,4%, но и солиден раст од 11,1% на плаќањата на виртуелните (интернет) продажни места.

Годишен раст е забележан и кај плаќањата на граѓаните со платни налози, како кај бројот на платежните трансакции (6,1%), така и кај вредноста на остварените трансакции (3,1%), при натамошна зголемена употреба на електронското банкарство за иницирање на овие плаќања. Така, бројот на електронски иницираните платни налози во првиот квартал од 2023 година бележи раст од 14,5% на годишна основа, што е двојно повеќе од годишниот раст во првиот квартал од 2022 година (7,1%). Притоа, граѓаните особено ги користеле апликациите на мобилните телефони, со кои извршиле над една половина од вкупниот број електронски иницирани платни налози. За одбележување е дека бројот на платежните трансакции извршени преку мобилен телефон постојано расте и во првиот квартал од оваа година е поголем за 23,8% од бројот на овие трансакции во истиот период од 2022 година. Истовремено, годишен раст, но не толку силен, од 3,5% е забележан и кај употребата на компјутерите за извршување на плаќањата.

Податоците од доменот на платежната статистика за првиот квартал од 2023 година, коишто покрај изнесените податоци за платежните трансакции на граѓаните во земјата содржат и податоци за платежните трансакции на правните лица во земјата, се достапни на следнава врска.

Банки

Мрежата на АЛТА банка опфаќа 18 експозитури во 11 градови низ Македонија

Објавено

на

АЛТА банка располага со широка мрежа од 18 експозитури распоредени во 11 градови низ Македонија, овозможувајќи им на клиентите пристап до банкарските услуги во повеќе региони во земјава.

Најголем број експозитури банката има во Скопје, каде што работат шест локации, додека во Битола клиентите имаат на располагање три експозитури.

АЛТА банка е присутна и во Тетово, Велес, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ресен и Демир Хисар, каде што располага со по една експозитура.

Во Скопје експозитурите се лоцирани на Анкарска, Никола Русински, Скупи, улица Македонија, Кузман Јосифовски Питу и во трговскиот центар „Бисер“ на булеварот Јане Сандански.

Во Битола, пак, експозитурите на банката се наоѓаат на улиците Добривоје Радосавлевиќ и Широк Сокак, како и на Партизанска.

Преку својата мрежа на експозитури, АЛТА банка обезбедува физичка достапност на банкарските услуги за граѓаните и компаниите во повеќе поголеми и регионални центри низ државата. На својата интернет-страница банката нуди и локатор за експозитури и банкомати, преку кој клиентите можат полесно да ја пронајдат најблиската локација.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка нема да работи на 8 септември по повод Денот на независноста

Објавено

на

Комерцијална банка ги информира клиентите дека во вторник, 8 септември, нејзините експозитури и филијали нема да работат по повод државниот празник – Денот на независноста.

Од Банката посочуваат дека неработниот ден се однесува на сите експозитури и филијали на Комерцијална банка.

Редовното работење ќе продолжи по завршувањето на празникот.

Продолжи со читање

Банки

Известување од Стопанска банка за работното време на 8 септември

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира клиентите дека нејзините филијали нема да работат во вторник, 8 септември 2026 година, по повод државниот празник.

Од Банката посочуваат дека клиентите и за време на празникот ќе можат да ги користат дигиталните услуги кои се достапни 24 часа дневно.

Банкарските услуги ќе бидат достапни преку мобилен телефон, компјутер и банкоматите на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange