Connect with us

Банки

Комерцијална банка: Известување за резултати од граѓанската обврзница

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ги известува сите индиректни учесници кои во периодот 30.06.2023-12.07.2023 година поднесоа Барање за купување граѓански обврзници преку Комерцијална банка АД Скопје за аукцијата одржана на 13.07.2023 година дека барањата се реализирани во 100% и кај издавачот е запишан целокупниот уплатен номинален износ од понудата.

Комерцијална банка ќе испрати поединечно известување до индиректните учесници за купените граѓански обврзници на начин наведен во Барањето за купување граѓански обврзници.

Комерцијална банка АД Скопје Ви благодари за довербата.

Банки

Промени во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза, ТТК Банка АД Скопје известува за промени во составот на својот Надзорен одбор.

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје објавува дека, заради истекот на мандатот заклучно со 18.3.2025 година, г. Арсен Јаневски и г. Трим Ќемали повеќе не се членови на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје“, се вели во соопштението на ТТК Банка, објавено на Македонска берза.

По овие промени, актуелниот состав на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје е следниот:

  • г-дин Бобан Гоговски – Претседател на Надзорниот одбор и Извршен член на Одборот на директори, како и генерален директор на „Тетекс“ АД Тетово.
  • г-дин Владо Камбовски – Заменик-претседател на Надзорниот одбор и независен член.
  • г-ѓа Драгица Јовановска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
  • г-дин Златко Черепналкоски – Член на Надзорниот одбор и Директор за продажба и маркетинг на „Енерџи Деливери Солушнс“ АД Скопје.
  • г-ѓа Евгенија Трпкоска – Член на Надзорниот одбор и Неизвршен член на Одборот на директори на „Тетекс“ АД Тетово.
  • г-дин Михаил Петковски – Член на Надзорниот одбор и професор во пензија.

ТТК Банка АД Скопје останува посветена на стабилно и професионално управување, следејќи ги највисоките корпоративни стандарди.

Продолжи со читање

Банки

ВОДЕНИ ОД МОТОТО ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ – Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг донираа 6 милиони денари како поддршка и помош на семејствата на повредените од трагедијата во Кочани

Објавено

на

Во духот на општествената одговорност и солидарност, Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг издвојуваат финансиски средства во износ од 6 милиони денари како поддршка за заедницата погодена од неодамнешните случувања во Кочани и околината.

Средствата ќе бидат наменети за помош на повредените и нивните семејства, поддршка на институциите и заедницата во Кочани, како и за директна донација на наменската сметка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

„Како финансиска институција со силен општествен ангажман, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг остануваат посветени на вредностите на хуманоста, одговорноста и солидарноста. Ги охрабруваме сите компании и поединци, во рамки на своите можности, да се приклучат на оваа иницијатива и да дадат свој придонес во процесот на опоравување и поддршка на погодените семејства“, велат од Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг.

Во овие тешки моменти, единството е клучно. Заедно сме посилни – денес и секогаш.

Продолжи со читање

Банки

КРИЗА ВО ГЕРМАНСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ – Дојче банк ќе отпушта две илјади вработени и ќе ја намалува мрежата на филијали!?

Објавено

на

Германскиот банкарски гигант „Дојче банк планира да намали околу 2.000 работни места во текот на оваа година, во рамки на стратегијата за оптимизација на трошоците, пренесува „ДПА“.

Во согласност со долгорочниот тренд на реструктурирање, банката дополнително ќе ја намали својата мрежа на филијали. Овој потег е дел од тековните процеси на прилагодување кон новите пазарни услови и зголемениот фокус на дигиталните финансиски услуги.

Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Севинг, на конференцијата организирана од „Морган Стенли“ истакна дека во наредниот период ќе се реализира значителен број затворања на филијали. Тој нагласи дека трошоците поврзани со овие мерки се веќе пресметани во тековните финансиски планови на банката.

Портпаролот на „Дојче банк“ потврди дека процесот на затворање на филијали е дел од претходно најавените мерки за оптимизација, додавајќи дека банката не воведува нова програма за намалување на трошоците.

Во согласност со новата деловна стратегија, „Дојче банк“ го префрла фокусот кон дигиталното банкарство, при што се планира значително зголемување на видео и телефонските консултации за приватни клиенти, се вели во извештајот на „ДПА“.

Продолжи со читање

Популарно