Connect with us
no baners

Останато

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишно Собрание, во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците на АЕТМ. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравни обраќања имаа Министерот за финансии, Д-р Фатмир Бесими, и Директорката на Агенцијата за пошти Г-ѓа Билјана Аврамовска Ѓоревска. Во својот поздравен говор, Претседателката на АЕТМ упати благодарност кон членките од бизнис секторот, донаторите и институциите кои го препознаваат потенцијалот на АЕТМ и активно придонесуваат за развојот на е-трговијата во нашата земја.

“Заедничкиот пристап е многу важен, а уште повеќе кога зборуваме за е-трговијата која што е комплексен екосистем кој зависи од многу делчиња кои треба да го дадат својот придонес за да може да имаме промени и движење напред, кои на сите ни се потребни. Веруваме дека и понатаму ќе го задржиме таквиот пристап и дека секоја година на Годишните собранија на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ќе можеме со гордост да ги видиме резултатите од сработените активности од претходната година, реализирани со заеднички напор на членките, партнерите, институциите, донорите и сите поединци кои лично се залагаат за развојот на е-трговијата.” – истакна д-р Ангеловска, Претседателката на АЕТМ.

Министерството за Финансии на Република Северна Македонија е една од институциите со која Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ активно соработува во изминатиот период, со цел подобрување на регулативата и обезбедување на околина за раст и развој на компаниите од целиот екосистем на е-трговија.

„Живееме во време кога технологиите и дигитализацијата имаат големо влијание врз сите процеси во општеството. Дигитализацијата навлегува во секој економски сектор и ги прави адаптибилни на новите услови. Тоа ги менува и однесувањата на потрошувачите и бизнисот. Во такви услови цел на Владата на Министерството за финансии е да го направиме бизнисот побрз, да го олесниме работењето и да ги отстраниме административните оптоварувања во сите полиња. Со дигитализација јавните услуги стануваат поквалитетни и побрзи, значително се намалува времето потребно за завршување на административните постапки, а со тоа јавната администрација и институциите стануваат поефикасни. Во таа насока Владата меѓу другото работи на зајакната дигитализација на процесот на фактурирање во економијата. Односно Проектот е-фактура којшто ќе овозможи дигитално издавање, достава и прием на фактурите во електронски формат од страна на даночните обврзници, преку нова платформа во УЈП, која ќе ги евидентира сите фактури кои произлегуваат од реализираниот промет помеѓу даночните обврзници, владините институции, крајните приматели на добра и услуги, како и интернет продавниците. Главната цел e навремено откривање на непријавен и неплатен данок од даночните обврзници и со тоа намалување на сивата економија“, рече министерот Бесими.

По завршувањето на воведните обраќања, продолжи работниот дел на Собранието каде беше даден осврт на сработените активности во изминатата 2022 година и беше презентиран и усвоен планот на активности за 2023 година на АЕТМ.

Согласно планот на активности, во 2023 година активностите на АЕТМ ќе бидат насочени кон активности кои ги адресираат четирите клучни предизвици на е-трговците: сивата економија, меѓуграничната е-трговија, унапредувањето на понудата и зголемување на едукацијата. И оваа година АЕТМ ќе продолжи со реализација на клучните годишни иницијативи – годишната анализа за е-трговија, регионалната конференција за е-трговија и годишните награди за е-трговија за 2023 година. Покрај овие иницијативи, во 2023 АЕТМ продолжува со започнатата иницијатива во 2021 година за развој на регионална платформа за олеснување на меѓуграничната е-
трговија Ecommerce4all.eu, која претставува центар со ресурси и информации за воспоставување и водење на бизнис со е-трговија во било кој од седумте пазари од ЦЕФТА. АЕТМ, исто така, продолжува и со развој на Беџот за верификуван е-трговец, со цел континуирана борба против сивата економија и нерегистрираните продавачи во е-трговијата. Покрај презентираните клучни проекти и иницијативи, во планот и програмата има и активности како сесии за вмрежување, едукативни сесии и други настани кои произлегуваат од потребите на членовите.

Инаку, во изминатата 2022 година како клучни активности на АЕТМ беа истакнати организацијата на најголемата конференција за е-трговија во регионот, на која присуствуваа повеќе од 600 учесници, објавувањето на годишната анализа за е-трговија и изборот на најдобрите во е-трговијата, нивна најнова иницијатива за зголемување и подобрување на компетитвноста кај е-трговците и препознавање на нивните годишни напори и успеси за подобрување на е-трговијата во државата.

Покрај ова, АЕТМ активно работеше на реализација на бројни иницијативи меѓу кои: пазарната анализа за идентификување на практиките на гео-блокирање во е-трговијата во пазарите на ЦЕФТА, иницијативите “Agri e-commerce” и едукативната програма „Дигитални вештини за раст“, преку кои беа поддржани вкупно 40 претставници од агри секторот, ИКТ и секторот за туризам кои ги зајакнаа своите дигитални вештини за е трговија и дигитален маркетинг и беа поврзани со локални веб-платформи за е-трговија за онлајн продажба на нивните производи. Во соработка со Државниот завод за статистика, беше организирана тркалезна маса за подобрување на квалитетот на статистичките податоци за е-трговијата, а беше организирана и едукативна обука „Користење на личните податоци во директен маркетинг при е-трговија“ како и бројни други активности.

На Сообранието исто така беa презентирани и активностите кои беа реализирани во рамки на Алијансата на родова еднаквост на работното место – ГЕА во текот на 2022 година, за чие делување беше отворена подружница во рамките на АЕТМ изминатата година. ГЕА се стреми да ја отклучи моќната синергија помеѓу е-трговијата, дигитализацијата и придонесот на жените на работното место. Во 2022, во рамки на ГЕА беше изработена едукативна кампања за подигнување на свеста за родовите стереотипи на работното место и беше организирана конференција за родова еднаквост на работното место во соработка со ЦУП, а под покровителство на Сопругата на Претседателот на Република Северна Македонија. ГЕА и во 2023 година продолжува да се стреми да придонесе кон еднакво вреднување на трудот, еднакви можности и еднаква застапеност на мажите и жените на работното место.

Останато

Потпишани 11 нови договори за грантови со општините за унапредување на предучилишното образование

Објавено

на

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалници од десет општини, потпиша 11 нови договори за грантови, со што продолжуваат инвестициите во развојот на предучилишното образование и грижата за децата.

Договорите се склучени со општините Пробиштип, Босилово (за населените места Иловица и Радово), Штип, Бутел, Росоман, Чешиново-Облешево, Зелениково, Гостивар, Велес и Боговиње.

Станува збор за активност во рамки на втората компонента од Вториот проект за подобрување на социјалните услуги (SSIP II), чија цел е проширување на опфатот и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Со договорите е предвидено реновирање и опремување на неискористени училишни и општински простории, кои ќе бидат адаптирани во функционални објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. Овој модел овозможува брзо и одржливо решение преку формирање предучилишни групи во алтернативни просторни услови, со што директно се зголемува достапноста на услугите за децата и нивните семејства.

Минатата година беа потпишани и два договори со општините Кавадарци и Кисела Вода, а со новите 11, вкупниот број достигнува 13 договори, што претставува значителен напредок во проширувањето на предучилишните услуги на национално ниво.

Во обраќањето, министерот Лимани нагласи дека ваквиот пристап го зголемува опфатот на децата, го доближува системот до граѓаните и обезбедува еднакви можности за секое дете.

„Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е доказ дека со заедничка посветеност можеме да постигнеме конкретни резултати. Новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар развој на децата, поголема подготвеност за училиште и намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст. Министерството останува посветено на инвестиции во раното детство, затоа што токму тука започнуваат еднаквите шанси“, изјави Лимани.

Продолжи со читање

Останато

Собраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари

Објавено

на

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади го проследи Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во натамошна процедура. Со предложените измени, по скратена постапка, се предвидува зголемување на сите пензии за 1.000 денари, кое би важело од 1 март годинава.

Според предлагачите, ова е четврта измена на законот во изминатиот период, со која вкупното зголемување на пензиите достигнува 7.000 денари за помалку од две години. Мерката ќе ги опфати сите пензионери кои го оствариле правото на пензија заклучно со 28 февруари 2026 година.

Пратениците од владејачкото мнозинство истакнаа дека со ова решение се продолжува политиката за подобрување на животниот стандард на пензионерите и намалување на сиромаштијата.

Предлог-законот сега ќе се разгледува во понатамошна собраниска постапка, каде ќе треба да добие поддршка за конечно усвојување.

Продолжи со читање

Анализи

Инфлацијата во еврозоната забрза во февруари и се искачи на 1,9% – услугите главен двигател на растот

Објавено

на

Инфлацијата во еврозоната забележа умерено забрзување во февруари, поттикната од растот на цените во секторот на услуги и побавното намалување на трошоците за енергија, покажуваат конечните податоци на „Евростат“.

Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени се зголеми за 1,9% на годишно ниво, во однос на 1,7% во јануари, што е во согласност со првичните проценки. Истовремено, основната инфлација се искачи на 2,4% од 2,2% еден месец претходно.

Најголем придонес кон растот имаа цените на услугите, кои се зголемија за 3,4%, како и индустриските производи без енергија, со раст од 0,7%. Од друга страна, падот на цените на енергијата продолжи, но со забавено темпо од 3,1%, додека цените на храната, алкохолот и тутунот пораснаа за 2,5%.

Податоците укажуваат на задржување на инфлаторните притисоци, особено во услужниот сектор, што останува клучен фактор за идните монетарни политики во еврозоната.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange