Бизнис
Потврдени првите говорници на 9. Регионална конференција за е-трговија: Експерти од Google DeepMind, LinkedIn и други водечки регионални компании доаѓаат во Скопје
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) ги објави првите шест потврдени говорници кои ќе бидат дел од 9. Регионална конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември во Националната опера и балет во Скопје. Со имиња кои доаѓаат од светски технолошки компании, водечки регионални организации и успешни AI и e-commerce приказни, годинашното издание најавува врвна програма што ќе ги обедини најрелевантните експерти од индустријата. Меѓу првите потврдени говорници се:
Јован Андонов, Senior Research Engineer во Google DeepMind, е дел од тимот што го развива Gemini, еден од најнапредните AI модели на Google. Неговата работа е фокусирана на пребарување и рангирање информации за Gemini Personal Intelligence, а претходно работел во Google и IBM Research.
Амрита Лал, Senior Client Solutions Manager во LinkedIn, има повеќе од десет години искуство во маркетинг и развој на брендови. Во кариерата работела со глобални брендови како Ferrero, Huggies и Douwe Egberts Coffee, а денес им помага на организациите да изградат силно дигитално присуство и ефективни бренд стратегии.
Николај Зеневич, Group Head of Partner Ecosystem во Iute Group, е експерт за развој на партнерски екосистеми и стратешки партнерства. Претходно осум години беше дел од Bolt, каде што одигра клучна улога во ширењето на Bolt Food на повеќе од 20 пазари и над 350 градови.
Програмата ќе ја збогати и Мирослав Варга, еден од најпознатите Google Ads експерти и сертифициран Google Trainer во регионот. Познат е по практичните предавања, реалните примери и применливите стратегии за дигитално рекламирање.
На конференцијата ќе учествува и Борислав Вукојевиќ, основач на BoroGPT, универзитетски професор и AI консултант. Специјализиран е за генеративна вештачка интелигенција, големи јазични модели и AI агенти, а преку своите платформи развива практични обуки за примена на AI во бизнисот.
Меѓу говорниците е и Нина Ангеловска Станков, претседателка на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, претприемач, автор и поранешна министерка за финансии. Таа ги предводи и Балканската алијанса за е-трговија (BECA) и Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, а нејзината работа е препознаена со признанија како Forbes 30 Under 30, UNCTAD eTrade for Women Advocate и Bloomberg Adria Top 50 People. Автор е и на книгата „Ништо случајно“, објавена во 2026 година.
Годинашното издание на конференцијата ќе се одржи под мотото „From Wait to Go: E-COMM AT AI SPEED!“, ставајќи го фокусот на тоа како вештачката интелигенција веќе ги трансформира е-трговијата, маркетингот, продажбата, логистиката и корисничкото искуство. Наместо теоретски дискусии, конференцијата ќе понуди практични примери, стратегии и искуства од експерти кои секојдневно работат на развојот на најсовремените технологии и дигитални решенија.
Се очекуваат повеќе од 900 учесници од Македонија и регионот, како и повеќе од 30 домашни и меѓународни говорници, кои на две конференциски сцени ќе ги споделат најновите трендови, искуства и практики од областа на е-трговијата, дигиталниот маркетинг, финтекот, логистиката и вештачката интелигенција. Во наредниот период АЕТМ ќе ги објавува и останатите говорници, како и деталната агенда на конференцијата.
Деветтото издание на конференцијата се реализира со поддршка на компанијата Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, Комерцијална банка и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс и РСМ како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.
Пријавувањето за E-commerce Conference 2026 е во тек, а повеќе информации за конференцијата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница: ecommerceconference.mk.
Берза
Живко Мукаетов го зголемува уделот во „Алкалоид“ со нови 277 акции, инвестиција вредна повеќе од 100.000 евра
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции.
Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, односно приближно 103.000 евра.
Мукаетов со оваа трансакција дополнително го зголемува своето учество во компанијата, во која поседува вкупно 131.777 обични акции, односно 9,21% од вкупниот број на акции, испраќајќи сигнал за доверба во нејзиниот понатамошен развој и деловните перспективи.
Во истиот период, и други членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ купија дополнителни акции од компанијата, што дополнително го привлекува вниманието на инвеститорите на македонскиот пазар на капитал.
„Алкалоид“ во изминатиот период бележи силни финансиски резултати, а акцијата на компанијата е меѓу најликвидните и најтргуваните на Македонската берза.
Бизнис
ЕУ произвела 3,44 милијарди литри сладолед, Германија најголем производител
Европската Унија во 2025 година произвела 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со 2024 година, кога производството изнесувало 3,38 милијарди литри, покажуваат податоците на Евростат.
Германија останала најголем производител на сладолед во ЕУ со 608 милиони литри. Следуваат Италија со 549 милиони и Франција со 525 милиони литри. Меѓу водечките производители се и Шпанија со 457 милиони и Белгија со 274 милиони литри.
Во споредба со 2024 година, сите пет земји забележале раст на производството. Најголемо зголемување имала Италија, од 10 отсто, потоа Белгија со шест проценти, Франција со четири и Шпанија со два проценти. Во Германија производството се зголемило за 0,2 отсто.
Во текот на 2025 година земјите од ЕУ извезле 289,8 милиони килограми сладолед на пазарите надвор од Унијата, додека увозот од трети земји изнесувал 77,8 милиони килограми.
Извозот бил зголемен за 10 отсто во однос на 2024 година, односно за 26 милиони килограми, додека увозот пораснал за 12 отсто или за 8,5 милиони килограми.
Франција била најголем извозник на сладолед меѓу членките на ЕУ, со 59,1 милион килограми извезени надвор од Унијата, што претставува 20 отсто од вкупниот извоз.
На второ место е Италија со 55,2 милиони килограми или 19 отсто од вкупниот извоз, а следуваат Белгија со 34,5 милиони килограми, Германија со 29,9 милиони и Холандија со 26,5 милиони килограми.
Бизнис
Flex Credit ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати
Вреднувањето на трудот, мотивацијата и создавањето позитивна работна средина остануваат во центарот на деловната филозофија на финансиското друштво Flex Credit. Компанијата, која брои над 450 вработени, официјално додели повеќе од 30 ваучери за патување за своите најдобри колеги кои остварија исклучителни резултати во изминатиот период.
Наградите им беа врачени на вработени од различни сектори – од тимовите во филијалите ширум државата, преку кредитниот оддел, па сè до административната поддршка. Овие ваучери за патување претставуваат конкретно признание за нивната секојдневна посветеност, професионализам и неуморна работа која директно придонесува кон стабилноста и растот на целиот систем.
Наградувањето на најдобрите е само еден сегмент од пошироката практика на Flex Credit за континуирано вложување во луѓето, нивно мотивирање и градење корпоративна култура во која секој придонес се препознава и соодветно се вреднува.
„Нашиот најголем капитал не се бројките, туку луѓето. Со повеќе од 450 професионалци во нашиот тим, горди сме што имаме колеги чија посветеност ги поместува границите. Овие 30+ награди се наш начин да им кажеме ‘благодарам’ за нивниот труд и да ги инспирираме за сите нови деловни успеси што нè чекаат“, истакнуваат од менаџментот на Flex Credit.
Со оваа иницијатива, Flex Credit уште еднаш ја потврдува својата позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во финансискиот сектор, каде успехот секогаш се споделува со тимот.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Останатопред 2 месециОд јули почнува исплатата на К-15, минималниот износ е 19.116 денари
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк





