Connect with us

Банки

Максимизирајте ги вашите приходи и придобивки со услугата „Примател на плата“

Објавено

на

Изборот на финансиска институција што ќе се грижи за вашите пари е една од најважните финансиски одлуки, па затоа е многу важно на изборот на банка каде што ќе ги примате вашите финансии, да се посвети посебно внимание. Ова е особено важно доколку сте вработени бидејќи изборот на банка преку која што ќе го добивате својот месечен личен доход може да значи добивање низа бенефиции.

Халкбанк како банка што постојано води грижа за потребите на граѓаните и креира производи согласно нивните потреби, ја создаде услугата Приматели на плата за сите оние кои сега се вработиле, или пак, кои решиле својата плата (или пензија) да ја префрлат во банката.

Па така, секој што ќе отвори тековна сметка во Халкбанк и преку неа ќе остварува редовен личен доход добива Mastercard Debit Contactless дебитна картичка со која што може да подига готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија.

Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите кои отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство што овозможува добивање нотификации за примена плата и за секој прилив и одлив на средства, но и извршување на останати обврски online.

Со добивање плата преку сметка во Халканк се добива и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати, како и можност за добивање некоја од кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard со кои, меѓу другото, може и да се пазарува на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор.

Халкбанк е и единствена банка која има Бонус програмата со која што со пазарувањето со некоја од кредитните картички издадена од Банката на одредени продажни места и во одредени периоди, се добива одреден процент на попуст кој на сметката се евидентира како бонус поени. Бидејќи 1 бонус поен вреди 1 денар, всушност се добиваат средства што потоа може да се користат на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк. Тука се и можностите за користење на GarminPay, мобилното плаќање преку HalkPay, брзо префлрање на средтсва преку телефонски именик со SmartSend, подигнување на готовина од АТМ без картичка, СМС код преку SmartCash, штедење на кусур од плаќања со дебитна картичка преку Е-касичка, но и други корисни услуги кои се ретка понуда во земјата.

Освен овие основните бенефиции, секако не треба да се заборави и тоа дека примањето на плата преку Халкбанк значи во иднина полесна и посигурна можност за добивање Станбен кредит или, пак, можеби Потрошувачки кредит кои се со најдобри услови на пазарот. Не треба да се заборави и производот Мој Депозит кој е со повластени каматни стапки и е креиран за приматели на плата, пензија и дополнителни примања на трансакциска сметка во Халкбанк АД Скопје.

Затоа, доколку сега се вработувате изберете ја Халкбанк и искористете ги бенефициите предвидени за примателите на плата преку Банката. Истото ќе го добиете и доколку направите паметен избор и својата плата ја префрлите во Халкбанк.

Банки

Ангеловска-Бежоска − Васле: Mакропрудентните мерки ја зајакнаа финансиската стабилност

Објавено

на

Централните банки преку преземените макропрудентни мерки, како што е на пример противцикличниот заштитен слој на капиталот, му помогнаа на банкарскиот систем да се справи со економските предизвици и имаа клучна улога во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности.

Ова се дел од пораките коишто ги упатија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Банката на Словенија, Боштјан Васле, на средбата во Народната банка.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека во текот на кризите, не само што се задржа, туку и дополнително се зајакна отпорноста на банкарскиот систем, којшто во целиот овој период постојано обезбедува кредитна поддршка за економијата.

„Главниот параметар преку којшто се утврдува стабилноста на системот е адекватноста на капиталот, којашто во моментов изнесува околу 19% и е највисока во последните 16 години, но и стабилната и солидна ликвидност и добриот квалитет на кредитното портфолио. Ова покажува дека банкарскиот систем има капацитет да обезбеди поддршка за економскиот раст, особено за инвестициите. Позитивни промени се забележуваат во рочната и валутната структура и на депозитите на банките, видливи преку значителниот раст на долгорочните депозити и штедење во денари, коишто бележат двоцифрен раст. Ова е показател и за довербата на јавноста во банкарскиот систем и во политиките коишто ги води централната банка“, нагласи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Во рамките на посетата на Народната банка, гувернерот на Банката на Словенија, Боштјан Васле, одржа презентација на тема „Најновите движења во банкарскиот сектор и патот напред“, пред претставниците на банките и регулаторните тела во земјава.

„Банките во еврозоната и во Словенија работат многу успешно во последно време, со високи стапки на профитабилност слични на оние на банките во С Македонија и со историски поволни показатели за квалитетот на средствата. Банките главно се добро капитализирани и одржуваат солидна ликвидност. Нивната поволна позиција е резултат на зајакнувањето и унифицирањето на банкарската регулатива и супервизија во еврозоната, подобрувањата на рамките на макропрудентната политика и на големата поддршка од монетарната и фискалната политика за време на пандемијата и енергетската криза. Сепак, европските банки се соочуваат со долгорочни предизвици поврзани со нивните деловни модели, дигитализацијата и зголемената конкуренција од небанкарските институции“, посочи гувернерот Васле.  

Гувернерите Ангеловска-Бежоска и Васле истакнаа дека и покрај поповолниот макроамбиент во текот на годинава и натаму постојат ризици и неизвесности главно поврзани со надворешното окружување и влијанието на геополитичките превирања и геоекономската фрагментација, при што централните банки ја задржуваат внимателноста во водењето на макропрудентните политики, како поддршка за зајакнување на финансиската стабилност во наредниот период. 

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка стана партнер во Програмата за зелено финансирање (Green Finance Facility) во Северна Македонија

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дава нова поддршка за зелено финансирање на Комерцијална банка АД Скопје во Северна Македонија.

Кредитот на ЕБОР, во износ до ЕУР 4 милиони, е одобрен од Програмата за зелено финансирање, и ќе обезбеди пристап до финансирање на малите и средни претпријатија (МСП) за инвестиции кои ќе се квалификуваат за поддршка, а се од сферата на технологии за обновлива енергија и/или енергетска ефикасност, наменети за поддршка на зелена и инклузивна транзиција на економијата во приватниот сектор во Северна Македонија.

Програмата за зелено финансирање е програма која се реализира заедно со Обединетите Нации, и е финансирана од Заедничкиот фонд за целите на одржлив развој, Владата на Северна Македонија, ЕБОР и локалните финансиски институции. Истата се имплементира заеднички од страна на УНДП, Меѓународната организација за миграции, Економската комисија на Обединетите Нации за Европа, ЕБОР и Владата на Северна Македонија, со поддршка на Резидентниот координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија.

Заедничката програма бара да се обезбеди пристап до достапна зелена енергија за МСП, и пазарните целни групи на поединци/домаќинства кои немаат пристап до финансии, со цел да инвестираат во обновлива енергија и решенија на енергетска ефикасност, кои придонесуваат за намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот во земјата.

Договорот за кредит беше потпишан од Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија и Маја Стевкова Штериева, Доктор на науки, Главен Финансиски Менаџер и Член на Бордот на Директори на Комерцијална банка АД Скопје.

Фатих Туркменоглу изјави: ,,Овој кредит под Програмата за зелено финансирање ја одразува нашата посветеност за зајакнување на малите и средни претпријатија во земјата, за прифаќање на технологии од обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Среќен сум што Комерцијална банка, за прв пат, се приклучува на оваа иницијатива за обезбедување на кредитирање преку Програмата за зелено финансирање. Преку олеснување на пристапот за одржливо финансирање, имаме за цел да ја поттикнеме зелената и инклузивна економска транзиција, овозможувајќи одговорен раст на бизнисите, и нивен придонес во борбата во справување со климатските промени.

Госпоѓа Стевкова Штериева истакна: ,,Горди сме што имаме клучна улога за поддршка на локалните мали и средни претпријатија и нивната транзиција кон решенија за користење на одржлива енергија. Ова финансирање ќе им овозможи на компаниите кои се квалификуваат, да имаат пристап до капиталот кој што им е потребен за инвестирање во технологии од обновливи извори на енергија, и енергетска ефикасност, помагајќи им да ги намалат трошоците, да го подобрат еколошкото влијание, и да придонесат кон транзиција кон поодржлива иднина. Како банка, посветени сме за зајакнување на иновативноста и привлекувањето на економскиот раст во нашите заедници, преку поддршка на МСП во преземање на храбри чекори кон позелена економија.

Комерцијална банка АД Скопје е најголемата банка во Северна Македонија. Таа има најголема мрежа на експозитури во земјата, и нуди широк дијапазон на комерцијални банкарски услуги за поединци и компании во целата земја.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија, и до денес има инвестирано над ЕУР 2,9 милијарди во 197 проекти во земјата.

Продолжи со читање

Банки

Зелени инвестиции за почиста иднина: ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ склучија договори за соработка

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) заедно со Меѓународната организација на миграции (ИОМ) потпишаа договори за соработка во рамките на Заедничката програма на Глобалниот фонд на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба со климатските промени, поддржана од Joint SDG Fund при Обединетите нации. 

Ова е важен чекор кон обезбедување финансиска и техничка поддршка за домаќинства од недоволно опслужени групи, со цел да им се овозможи пристап до одржливи и зелени инвестиции. 

Поволната и прилагодена кредитна понуда на ТТК Банка како и техничката помош и грант врз база на успешност од 30% од вредноста на кредитот преку УНДП и ИОМ ќе бидат достапни за домаќинствата од недоволно опслужените целни групи, дефинирани во програмата, како што се: домаќинства каде што главен носител на приходoт е жена; самохрани родители; домаќинства со лица со попреченост; ромски домаќинства; повратници од странство и приматели на дознаки од странство. 

Програмата ќе им помогне на овие домаќинства да инвестираат во обновливи извори на енергија и енергетски ефикасни решенија, со што ќе се придонесе, не само за намалување на емисиите на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, туку и за намалување на животните трошоци и унапредување на животниот стандард на овие категории корисници.

Ова партнерство ја покажува и заложбата на ТТК Банка АД Скопје да ја поддржи заедницата преку иновации во финансиските решенија кои придонесуваат за унапредување на одржливиот развој и зачувување на животната средина.

Со задоволство ја најавуваме нашата соработка со агенциите на Обединетите нации – УНДП и ИОМ преку програмата „Зелен финансиски инструмент“ (Green Finance Facility). Оваа програма е клучен чекор од нашата стратегија за еколошка и социјална одржливост, со цел да дадеме директен придонес во борбата со климатските промени. ТТК Банка АД Скопје е посветена на поддршка на заедницата преку иновации во финансиските решенија кои промовираат одржлив развој и заштита на животната средина“, изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје – проф. д-р Драгољуб Арсовски.

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан ја потенцираше потребата од оваа програма, со оглед на проблемот со загадување на воздухот во земјата. „Решенијата постојат, но транзицијата кон почисти технологии и практики бара значителни инвестиции, а пристапот до финансии е голема  бариера. Токму затоа, Зелениот финансиски инструмент игра клучна улога. Програмата овозможува пристап до финансии и техничка помош за оние на кои им е најпотребно – недоволно опслужените домаќинства од социјални групи како жени, самохрани родители, лица со попреченост, приматели на дознаки, повратници од странство и др. Дополнително на тоа, ова е финансиски механизам во кој се здружени повеќе партнери со иста цел – забрзувањето на зелената транзиција во земјата за постигнувањето на Агендата 2030 и целите на одржливиот развој“ рече Григорјан.

Со потпишувањето на овие договори, ТТК Банка АД Скопје, УНДП и ИОМ покажуваат силна посветеност на зелениот финансиски сектор, кој игра клучна улога во борбата против климатските промени и промоцијата на одржливи и инклузивни економии. 

Продолжи со читање

Популарно