Connect with us
no baners

Бизнис

Објавени резултатите од работењето во првиот квартал: Растот на групацијата Иуте поттикнат од дигитализација и оперативна ефикасност

Објавено

на

Iute Group“, дигитална банкарска групација која работи во Југоисточна Европа, во првиот квартал од 2026 година ги зголеми вкупните приходи за 13% на годишно ниво, достигнувајќи 32,5 милиони евра и нето добивка од 2,6 милиони евра.

Учеството на новите бизнис линии на „Iute Group“ продолжи да расте и во текот на овој квартал. Приходите од посредување во осигурување пораснаа за 71,4% на годишно ниво и учествуваа со 5,6% во вкупните приходи на групацијата.

„Првиот квартал од годината беше уште еден стратешки значаен квартал за групацијата. Успешно продолживме да ја балансираме профитабилноста со инвестиции во технологија, автоматизација и географска експанзија, истовремено дополнително зајакнувајќи ги клучните двигатели на долгорочниот раст на Иуте. Растот на приходите, подобрувањето на квалитетот на кредитното портфолио и зголемената оперативна ефикасност јасно потврдуваат дека нашата стратегија носи мерливи и одржливи резултати. Во исто време, продолживме да ги поставуваме темелите за скалабилни дигитални банкарски услуги и понатамошен развој на еко-системот на MyIute SuperApp на сите наши пазари“, изјави Тармо Силд, Извршен директор на „Iute Group“.

„Во првиот квартал од 2026 година, Иуте Македонија продолжи со динамичен раст од 60% на високо квалитетно кредитно портфолио, додека вкупната билансна актива порасна за 51,6% на годишно ниво, проследено со стабилна профитабилност од 1,4 милиони евра и дополнително подобрување на оперативната ефикасност. На споредлива основа, односно исклучувајќи го еднократниот приход од повратот на данокот за солидарност првиот квартал минатата година, вкупните приходи пораснаа за 36% на годишно ниво што ја одразува силната оперативна динамика и растот. Ова е поддржано од дигитална активација на клиентите и континуирано проширување на MyIute еко-системот со паметни и достапни услуги кои ги поврзуваат секојдневните финансиски и животни потреби на клиентите во едно интегрирано дигитално искуство. Услугите како „Второ медицинско мислење“ се пример за нашата стратегија за развој на финтек екосистем кој оди надвор од традиционалните финансиски услуги, комбинирајќи финансии, технологија и услуги со додадена вредност во едноставна, брза и кориснички ориентирана дигитална платформа“, изјави Нина Мојсова Ќосева, Финансиски директор на Иуте Македонија.

Мобилната апликација „Myiyte“ до овој момент има над 1,75 милиони преземања, дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Иуте како дигитална банка базирана на супер-апликација за секојдневните финансиски потреби и сè повеќе клиенти користат различни услуги во рамки на еден еко-систем, како силна основа за долгорочен и одржлив раст.

Групацијата продолжи и со забрзување на процесите на дигитализација и автоматизација. Во текот на кварталот, компанијата ги имплементираше првите AI продажни асистенти во Албанија за поддршка на понудите за кредити и осигурување. Денес, 70% од пост-продажните понуди се генерираат автоматски без човечка интервенција, додека уделот на целосно автоматизирани кредити достигна 35,9%.

Заклучно со крајот на март 2026 година, Иуте имаше 247,383 активни клиенти. Повеќе од 101 илјада клиенти користеле платежни услуги, додека речиси 58,5 илјади клиенти имале најмалку една активна полиса за осигурување.

Во текот на првиот квартал, Националната банка на Украина даде официјална дозвола за започнување со работа на IuteBank. Компанијата се подготвува за лансирање на целосно дигитална банка за физички лица во Украина во првиот квартал од 2027 година.

Целиот сумиран извештај и преглед е достапен  тука.

ПР објава

Бизнис

Самитот „Македонија 2025“ продолжува со фокус на економијата, вештачката интелигенција и дијаспората

Објавено

на

Во Скопје денеска продолжува вториот ден од Самитот Macedonia 2025 Summit, на кој во фокусот се економскиот развој, дигиталната трансформација и улогата на дијаспората во развојот на државата.

Меѓу темите на денешните панел-дискусии се „Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“.

Самитот се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, а учесниците дискутираат за конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, новите технологии и можностите за економски раст.

Предвидено е на затворањето на настанот обраќање да има министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

На отворањето на самитот вчера говореше и премиерот Христијан Мицкоски.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕВН пушти во употреба најголем батериски систем за складирање електрична енергија во Македонија

Објавено

на

Компанијата EVN Macedonia пушти во употреба нов систем за складирање електрична енергија со батерии, кој според компанијата е најголемиот лиценциран капацитет од ваков тип во земјава.

Станува збор за батериски систем со инсталирана моќност од 10 мегавати и капацитет за складирање од 20 мегават-часови, со што EVN AG преку својата македонска подружница прави нов чекор во развојот на енергетската инфраструктура и интеграцијата на обновливи извори на енергија.

Од компанијата посочуваат дека ваквите системи имаат значајна улога во стабилизирање на електроенергетската мрежа, подобро управување со потрошувачката и поефикасно користење на електричната енергија произведена од обновливи извори.

Батериските системи за складирање енергија во последните години стануваат сè поважен дел од енергетските стратегии во Европа, особено во услови на зголемена употреба на сончева и ветерна енергија.

Продолжи со читање

Бизнис

Финтек револуција во Македонија: Flex Pay официјално доби лиценца за издавање електронски пари од Народната банка

Објавено

на

Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари.

Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно дигитализирани платежни решенија, носејќи ново искуство на тивки и невидливи плаќања. Овој успех доаѓа како логично продолжение на рекордниот раст на Flex Group, групација која преку своите членки е позиционирана како број 1 на македонскиот пазар на финансиски друштва.

За менаџментот на компанијата, лиценцата е само почетна точка во реализација на една поширока, глобална амбиција.

„Добивањето на лиценцата е потврда за нашиот професионализам, но за нас вистинскиот успех ќе дојде кога ќе изградиме институција што ќе стане глобален симбол за модерни и финансиски услуги. Сакаме да поставиме нов стандард на пазарот каде довербата и иновацијата одат рака под рака, креирајќи вредност за секој корисник“, изјави Сашка Костовска-Длака, генерална директорка на Flex Pay.

Flex Pay планира да ја редефинира достапноста на паричните трансфери и трансакции, водејќи се од корпоративното мото: „Платежни услуги за секого!“.

Со ова, Flex Group го заокружува својот екосистем, нудејќи интегрирана платформа која ги опфаќа сите аспекти на личните финансии – од кредитирање и осигурување, до наплата и најсовремени дигитални плаќања.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange