Connect with us

Бизнис

Е-трговија: Агендата за 8. Регионална конференција за е-трговија открива нов концепт со две сцени

Објавено

на

За помалку од еден месец, на 4 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи 8. регионална конференција за е-трговија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Оваа година конференцијата доаѓа со свеж концепт – две паралелни сцени, на кои ќе се одржуваат инспиративни главни говори и интерактивни практични работилници.

Конференцијата по четврти пат ги отвора вратите за регионалната публика и очекува да собере над 800 учесници – успешни претприемачи, е-трговци, директори, менаџери, како и претставници од владини и невладини организации. Ќе бидат присутни гости од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора, Бугарија, Грција и Хрватска, што ја прави конференцијата најголем и најзначаен регионален настан од ваков вид.

Ова издание носи и тематско проширување – покрај е-трговијата, фокусот ќе биде ставен на маркетингот и вештачката интелигенција (AI), две области кои ја движат дигиталната трансформација и го забрзуваат развојот на индустријата. Новиот концепт веќе предизвика голем интерес кај компаниите и професионалците од целиот регион.

Агендата е објавена и оваа година вклучува инспиративни презентации, панел дискусии и практични сесии кои ќе ја доближат иднината на е-трговијата и ќе понудат конкретни алатки за раст на бизнисите.

Конференцијата традиционално ќе започне со обраќање на претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков, која ќе ги претстави клучните трендови и сознанија за развојот на е-трговијата во регионот во 2025 година.

По нејзиното излагање, на главната сцена следуваат презентации и панел дискусии од претставници на светски познати компании како Dolce & Gabbana, TikTok, Visa, Booking, Publicis Groupe, Brainster Next, Korpa, Bigburg, Direct media, Wolt и многу други. Тие ќе споделат искуства и експертиза во области како што се вештачка интелигенција, анализа на податоци, SEO, маркетинг стратегии, достава, експанзија на бизниси, плаќања и е-трговија.

На паралелните практични сесии, учесниците ќе имаат можност да научат повеќе за користење маркетинг податоци за раст, нови можности за инвестирање, креирање кратки видеа, како и практични алатки за примена на вештачка интелигенција, со експерти од Publicis Groupe, AI at Work by Brainster, Zephyr Angels и Shortsify.co.

Овогодинешната конференција е поддржана од Visa како платинум партнер, Халкбанк како стратешки партнер, Корпа како партнер за храна и достава, Brainster како AI партнер и A1 како дигитален партнер. Ananas и Casys се златни партнери, а сребрени партнери се Комерцијална банка, IUTE, Филип Морис Интернационал, Сава пензиско друштво, Гранд Скопје, Public Cloud Group и Wolt, заедно со повеќе бронзени партнери.

И оваа година, се очекува конференцијата да биде целосно распродадена, потврдувајќи го големиот интерес и значењето на настанот за развојот на е-трговијата во регионот.

Повеќе информации за агендата, говорниците и билетите се достапни на официјалната веб-страница:www.ecommerceconference.mk.

Берза

Живко Мукаетов го зголемува уделот во „Алкалоид“ со нови 277 акции, инвестиција вредна повеќе од 100.000 евра

Објавено

на

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, дополнително го зголеми својот сопственички удел во компанијата со купување на 277 обични акции.

Според пресметката на Банкарство, врз основа на просечната вредност на акцијата на „Алкалоид“ на Македонската берза на 20 август 2026 година, која изнесувала околу 22.834,00 денари, вредноста на трансакцијата се проценува на околу 6,33 милиони денари, односно приближно 103.000 евра.

Мукаетов со оваа трансакција дополнително го зголемува своето учество во компанијата, во која поседува вкупно 131.777 обични акции, односно 9,21% од вкупниот број на акции, испраќајќи сигнал за доверба во нејзиниот понатамошен развој и деловните перспективи.

Во истиот период, и други членови на Управниот одбор на „Алкалоид“ купија дополнителни акции од компанијата, што дополнително го привлекува вниманието на инвеститорите на македонскиот пазар на капитал.

„Алкалоид“ во изминатиот период бележи силни финансиски резултати, а акцијата на компанијата е меѓу најликвидните и најтргуваните на Македонската берза.

Продолжи со читање

Бизнис

ЕУ произвела 3,44 милијарди литри сладолед, Германија најголем производител

Објавено

на

Европската Унија во 2025 година произвела 3,44 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 1,9 отсто во споредба со 2024 година, кога производството изнесувало 3,38 милијарди литри, покажуваат податоците на Евростат.

Германија останала најголем производител на сладолед во ЕУ со 608 милиони литри. Следуваат Италија со 549 милиони и Франција со 525 милиони литри. Меѓу водечките производители се и Шпанија со 457 милиони и Белгија со 274 милиони литри.

Во споредба со 2024 година, сите пет земји забележале раст на производството. Најголемо зголемување имала Италија, од 10 отсто, потоа Белгија со шест проценти, Франција со четири и Шпанија со два проценти. Во Германија производството се зголемило за 0,2 отсто.

Во текот на 2025 година земјите од ЕУ извезле 289,8 милиони килограми сладолед на пазарите надвор од Унијата, додека увозот од трети земји изнесувал 77,8 милиони килограми.

Извозот бил зголемен за 10 отсто во однос на 2024 година, односно за 26 милиони килограми, додека увозот пораснал за 12 отсто или за 8,5 милиони килограми.

Франција била најголем извозник на сладолед меѓу членките на ЕУ, со 59,1 милион килограми извезени надвор од Унијата, што претставува 20 отсто од вкупниот извоз.

На второ место е Италија со 55,2 милиони килограми или 19 отсто од вкупниот извоз, а следуваат Белгија со 34,5 милиони килограми, Германија со 29,9 милиони и Холандија со 26,5 милиони килограми.

Продолжи со читање

Бизнис

Flex Credit ги награди најдобрите: повеќе од 30 ваучери за патување како признание за посветеноста и постигнатите резултати

Објавено

на

Вреднувањето на трудот, мотивацијата и создавањето позитивна работна средина остануваат во центарот на деловната филозофија на финансиското друштво Flex Credit. Компанијата, која брои над 450 вработени, официјално додели повеќе од 30 ваучери за патување за своите најдобри колеги кои остварија исклучителни резултати во изминатиот период.

Наградите им беа врачени на вработени од различни сектори – од тимовите во филијалите ширум државата, преку кредитниот оддел, па сè до административната поддршка. Овие ваучери за патување претставуваат конкретно признание за нивната секојдневна посветеност, професионализам и неуморна работа која директно придонесува кон стабилноста и растот на целиот систем.

Наградувањето на најдобрите е само еден сегмент од пошироката практика на Flex Credit за континуирано вложување во луѓето, нивно мотивирање и градење корпоративна култура во која секој придонес се препознава и соодветно се вреднува.

„Нашиот најголем капитал не се бројките, туку луѓето. Со повеќе од 450 професионалци во нашиот тим, горди сме што имаме колеги чија посветеност ги поместува границите. Овие 30+ награди се наш начин да им кажеме ‘благодарам’ за нивниот труд и да ги инспирираме за сите нови деловни успеси што нè чекаат“, истакнуваат од менаџментот на Flex Credit.

Со оваа иницијатива, Flex Credit уште еднаш ја потврдува својата позиција како еден од најпосакуваните работодавачи во финансискиот сектор, каде успехот секогаш се споделува со тимот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange