Connect with us

Продукти

„Полесно не може да биде“ – нова понуда од ПроКредит Банка за нови корисници, со 12 месеци бесплатен пакет на банкарски услуги

Објавено

на

Со новата кампања за отворање сметка преку дигитална идентификација со OneID, ПроКредит Банка нуди уникатна можност за сите нови клиенти – пакет на банкарски услуги без надоместок за одржување во првите 12 месеци, со вклучена платежна сметка, флекси штедна сметка електронско и мобилно банкарство со можност за трансфери, неограничени трансфери кон сопствени сметки и други сметки во банката и дебитна картичка.Од банката велат дека оваа понуда е создадена следејќи ги потребите на современите клиенти кои преферираат брзи, транспарентни и сигурни дигитални банкарски услуги, ставени во еден пакет.

„Како дигитална банка која активно соработува со модерните професионалци со брзо и активно темпо на функционирање, свесни сме колку им е важно да добијат решенија кои се брзо достапни, ефикасни и без изненадувања. 

Истовремено, клиентите имаат потреба од јасни и едностави услуги, па токму затоа и нашата понуда е многу едноставна – нудиме пакети кои со една месечна претплата ги обезбедуваат секојдневните банкарски услуги кои ги користат граѓаните. Кога станува збор за банкарски услуги, овој пристап на ПроКредит банка е уникатен на нашиот пазар. 

За да го увидат бенефитот од оваа форма на соработка со банка, во промотивниот период нудиме 12 месеци беплатен Основен пакет за сите нови клиенти“ – објаснуваат од ПроКредит Банка.  

Понудата важи за сите нови корисници кои ќе отворат сметка дигитално, преку дигитална идентификација со OneID, до 15 јуни 2025 година и ги вклучува сите услуги од Основниот пакет за физички лица, целосно бесплатно во тек на една година. 

Целиот процес на апликација, идентификација и потпишување на договорот се одвива дигитално, без посета на филијала. Апликацијата OneID може да се преземе бесплатно, а креирањето на дигитален идентитет е брзо и безбедно. 

За аплицирање и дополнителни информации посетете ја официјалната веб страница на ПроКредит Банка.

Продукти

iute Macedonia со 54% попуст на POWERHEALTH трака за трчање преку iuteMarket

Објавено

на

iute Macedonia објави нова понуда преку платформата iuteMarket, во рамки на која POWERHEALTH трака за трчање е достапна со 54% попуст.

Како што информира компанијата, станува збор за практично решение за домашен тренинг, наменето за корисници кои сакаат да ја одржуваат својата фитнес рутина без посета на теретана.

Промотивната цена на траката изнесува 22.999 денари, а достапна е и можност за плаќање на рати, при што наведениот износ на рата е 5.750 денари.

Купувањето може да се реализира преку iuteMarket во рамки на Myiute апликацијата.

Со оваа понуда, iute Macedonia продолжува да ја проширува достапноста на производи преку својата дигитална платформа, овозможувајќи им на корисниците поедноставен пристап до купување и финансирање преку мобилната апликација.

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Повисоки каматни стапки за штедење во Комерцијална банка

Објавено

на

Комерцијална банка од 1 октомври ги зголеми фиксните каматни стапки за орочено штедење во денари и евра, со што на штедачите им нуди повисок гарантиран принос во рамки на новата промотивна понуда.

Промотивниот период трае од 1 октомври до 31 декември 2026 година, а највисоката фиксна каматна стапка достигнува 3,60%.

Кај денарските депозити, за рок на орочување од 25 месеци фиксната каматна стапка изнесува 2,90%, додека за 40 месеци достигнува 3,60%.

За депозитите во евра, фиксната каматна стапка за 25 месеци изнесува 1,70%, а за орочување на 40 месеци 2,30%.

Со новата понуда, штедачите имаат можност однапред да го знаат фиксниот принос за периодот на орочување, што овозможува полесно финансиско планирање.

Од Банката посочуваат дека понудата е дел од активностите поврзани со Месецот на штедењето, период во кој традиционално се промовира значењето на долгорочното и одговорно управување со личните финансии.

Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка.

Продолжи со читање

Банки

Промоцијата продолжува – Станбен кредит од Комерцијална банка без трошоци за одобрување и процена до 31 декември

Објавено

на

Комерцијална банка ја продолжува промоцијата за станбениот кредит, овозможувајќи им на клиентите до 31 декември 2026 година да аплицираат за кредит без трошоци за одобрување и процена на имотот.

Во рамки на промотивната понуда, станбениот кредит се одобрува со фиксна годишна каматна стапка од 3% за првите пет години, со рок на отплата до 30 години и можност за грејс-период до 12 месеци.

Кредитот може да се користи за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

За дополнителна финансиска сигурност, клиентите имаат можност да го комбинираат кредитот со животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Со продолжувањето на промотивниот период, Комерцијална банка им овозможува на заинтересираните клиенти да ги намалат почетните трошоци поврзани со реализацијата на станбениот кредит и полесно да го реализираат планот за нов дом.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање се достапни на веб-страницата на Комерцијална банка или во најблиската експозитура на Банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange