Connect with us

Банки

Чие е ова време? „PenZy vs. GenZy“ на Халкбанк во потрага поодговорот на вечното прашање

Објавено

на

Постојат ли воопшто „старите добри времиња“? Ќе дојдат ли некои нови подобри или веќе ги живееме? Носталгија или оптимизам за иднината – што е посилно?

Ќе се разберат ли некогаш генерациите што ретко зборуваат заеднички јазик?

Халкбанк заедно со популарните јутјубери Бајкерот и Кросфитерот се во потрага по одговорот на овие прашања, поставени во форма на дискусија во која сите страни се еднакво вклучени.

На каналот на Јутјуб на Бајкерот и Кросфитерот се наоѓа првата епизода од серијалот „PenZy vs. GenZy“ – отворена и искрена дискусија на теми што вклучуваат животни перспективи, генерациски разлики (и сличности), итн.

Овој серијал, поддржан од Халкбанк, вклучува гостувања на етаблирани личности од македонската сцена – претставници на т.н. генерација PenZy, како и млади перспективни претставници од т.н. генерација Gen Z.

„PenZy vs. GenZy“ – во самото име се наоѓа објаснувањето на идејата зад овој проект. Централен мотив на овие живи дискусии е прашањето: чие е ова време? Златните времиња се студентските денови, или пензионерските? Дали романтизираме кога мислиме на минатото? Еден куп прашања, за кои љубопитно ги чекаме одговорите и од сè срце уживаме во отворениот разговор помеѓу генерациите што навидум тешко комуницираат меѓу себе. Или, можеби, и тоа е уште еден мит што вреди да се разниша? Се надеваме дека безбедниот и отворен простор што Халкбанк го креира заедно со Бајкерот и Кросфитерот ќе биде местото каде што ќе се сретнат младоста и мудроста, а и каде што ќе дојдеме до одговорите на овие прашања.

„Ова е твое време“ е токму и името на актуелната финансиска иницијатива на Халкбанк, со која секој пензионер може да ужива во златните поволности на пакетот ПЕНЗИ, кои вклучуваат:

  • Исплата на пензија пред секој први во месецот;
  • Подарок за секој нов корисник;
  • Повлекување готовина од сите банкомати во земјата – без провизија;
  • Бесплатна дебитна картичка MasterCard;
  • Бесплатно е-банкарство и СМС-инфо.

Повеќе информации за пакетот ПЕНЗИ може да добиете во најблиската филијала на Халкбанк, како и на веб-страницата на Банката.

Business Woman

Потврден континуитетот во Стопанска банка АД – Скопје: нов мандат за Мирјана Трајановска како Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека г-ѓа Мирјана Трајановска е повторно назначена за Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор на Банката.

Од Банката истакнуваат дека г-ѓа Трајановска својата професионална кариера ја градеше во рамките на Стопанска банка АД – Скопје, стекнувајќи долгогодишно искуство и експертиза во клучните области на банкарското и финансиското работење. Преку нејзиното досегашно раководење, таа даде значаен придонес во развојот, трансформацијата и стабилното работење на Стопанска банка АД – Скопје.

„Повторното назначување претставува потврда за довербата во нејзиното професионално и институционално знаење, лидерство, посветеност и искуство“, наведуваат од Стопанска банка АД – Скопје.

Банката ѝ упати честитки на г-ѓа Мирјана Трајановска за новиот мандат и изрази уверување дека таа и во наредниот период ќе продолжи да придонесува кон остварувањето на стратешките цели на Стопанска банка АД – Скопје и создавањето долгорочна вредност за клиентите, вработените, акционерите и пошироката заедница.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ прави клучен потег во трката за Адико Банка: ги менува условите за да ја добие битката со Рајфајзен Банк

Објавено

на

Словенечката Нова Љубљанска Банка (НЛБ) најави дека ќе го намали минималниот праг на прифаќање во својата понуда за преземање на Адико Банка од над 75% на над 50%, по добивањето одобрение од Австриската комисија за преземање. Воедно, банката ќе го продолжи и рокот за прифаќање на понудата.

Одлуката доаѓа само неколку дена откако конкурентот Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) го намали сопствениот праг на прифаќање на над 55%, со што дополнително се интензивира битката за преземање на австриската банка фокусирана на пазарите во Југоисточна Европа.

НЛБ моментално нуди 37 евра по акција, што е значително повеќе од понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) од 26,5 евра по акција. Главниот извршен директор на НЛБ, Блаж Бродњак, изјави дека намалувањето на прагот треба да им даде поголема сигурност на акционерите дека понудата успешно ќе биде реализирана, нагласувајќи дека таа и понатаму останува највисока на пазарот.

Двете понуди остануваат отворени до 22 јули, а НЛБ потсети дека акционерите кои веќе ја прифатиле понудата на Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) имаат можност да ја повлечат својата согласност и да се определат за понудата на словенечката банка.

Адико Банка работи во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора, каде што опслужува околу 900.000 клиенти преку мрежа од 155 филијали и други дигитални канали.

За НЛБ, преземањето би значело дополнително зајакнување на регионалното присуство и индиректен влез на хрватскиот банкарски пазар, додека за Рајфајзен Банк Интернешнл (РБИ) аквизицијата претставува можност за зголемување на пазарниот удел во Хрватска и повторен влез на словенечкиот пазар. НЛБ веќе ги обезбеди потребните одобренија за концентрација во Австрија, Србија и Македонија, а постапките пред останатите регулаторни тела сè уште се во тек.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје нуди промотивна каматна стапка од 4,9 отсто за сите купувања направени со Mastercard Platinum кредитната картичка до крајот на годината.

Картичката е наменета за корисници кои, покрај можноста за плаќање на кредит, бараат и дополнителни поволности при патување.

Меѓу придобивките се бесплатен пристап до повеќе од 1.800 аеродромски деловни салони преку програмата LoungeKey, како и можност за користење дополнителни поволности преку Mastercard Travel Rewards.

Барање за картичката може да се поднесе онлајн преку интернет-страницата на банката, преку услугата 24/7 АлоКредит на телефонскиот број (02) 15 110 или во најблиската филијала на Стопанска банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange