Бизнис
Матеј Нарат избран за нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје го избра г-дин Матеј Нарат за нов независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје, по професија магистер по економија.
Мандатот на г-динот Матеј Нарат како независен неизвршен член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје ќе трае четири години, почнувајќи од 29.10.2024 година.
Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје во моментов го сочинуваат 8 членови. Од вкупниот број на членови во Одборот на директори, три неизвршни членови се независни членови на Одборот на директори.
Бизнис
Маргарита Зајковска Дуковска е најдобриот службеник од Македонско кредитно биро за 2024 година
Традиционално и оваа година, Македонската банкарска асоцијација организираше настан по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври.
Во рамките на прославата беа доделени признанија на најистакнатите банкарски службеници од оваа година – вкупно 31 најдобар вработен од членките на Македонската банкарска асоцијација, вклучувајќи банки, штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонското кредитно биро.
Маргарита Зајковска Дуковска е најдобриот службеник од Македонско кредитно биро (МКБ) за 2024 година.
Бизнис
Соња Грујевска и Андреј Андреевски се најдобрите службеници од КИБС за 2024 година
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Соња Грујевска и Андреј Андреевски од КИБС ја добија наградата за најдобри службеници во 2024 година.
“Со особена радост објавуваме дека нашите колеги Соња и Андреј ги понесоа признанијата за најдобри службеници во КИБС. Овие признанија не се случајност, тие се резултат на нивната посветеност, професионалност и стручно работење. Им честитаме и им благодариме што се инспирација и гордост за тимот од КИБС.” – велат од компанијата.
Бизнис
Јованка Тодорова е најдобриот службеник од Штедилница ФУЛМ за 2024 година
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Јованка Тодорова од Штедилница ФУЛМ оваа година е добитник на признанието најдобар банкарски службеник кое го доделува МБА по повод денот на Штедењето.
“Би сакале да и се заблагодариме на Јованка за нејзината искрена поддршка и скоро 20 години посветеност за успешно работење на ФУЛМ. Нејзината континуирана заложба и посветеност направија значајна придобивка за ФУЛМ, а и за нашата банкарска заедница.” – велат од ФУЛМ.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Вработувањепред 4 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!