Connect with us

Uncategorized

ЕОС Матрикс Македонија го зголеми откупот на нефункционални пласмани – вложени над пет милиони евра

Објавено

на

Растат инвестициите на ЕОС во преземање на нефункционални пласмани во нашата земја. Во последната финансиска година – 2023/24 групацијата преку својата локална компанија ЕОS Матрикс инвестираше над 5 милиони евра во преземање на ваков вид на пласмани. Преку овие инвестиции ЕОС Матрикс Македонија директно придонесува кон економскиот развој во земјата од причина што директно влијае кон закрепнување на нарушените релации во должничко-доверителските односи и помага кон подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании.

Групацијата ЕОС, од која е дел и ЕОС Матрикс Македонија, со свои активности е присутна на пазарите во повеќе од 20 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа. За групацијата, инвестициите во нефункционални кредити (NPL) од 583,5 милиони евра во деловната 2023/24 година, беа значително под оние во исклучителната 2022/23 година. Сепак, како резултат на континуираните инвестиции, групацијата постигна раст на приходите од 2,1%, потврдувајќи ја оперативната ефикасност на процесите. За ЕОС Матрикс на македонскиот пазар, реализираниот раст е од големо значење, бидејќи е постигнат во турбулентни економски и општествени околности.

„Се наоѓаме во уште една предизвикувачка година, но нашите прогнози се оптимистични. Како што покажуваат бројките, нашата состојба продолжува да се подобрува без разлика на промените и шоковите кои ги доживува локалниот пазар. Оперативната ефикасност е стабилна, а нашите инвестиции растат и тоа е најважно да се одржи во континуитет. Од друга страна, дополнително нѐ мотивира тоа што заедно со нас растат и нашите клиентите и сѐ повеќе ја бараат нашата експертиза во специфични полиња. Во периодот пред нас ќе се фокусираме на усовршување на неколку нови алатки кои сакаме да ги претставиме на домашниот пазар, го прошируваме нашиот тим за управување со обезбедени побарувања и очекуваме одлични резултати на крајот од годината“, истакна д-р Катерина Бошевска генералната директорка на ЕОS во Македонија и Косово.

Покрај растот на инвестициите, ЕОС Матрикс Македонија го следи технолошкиот развој на својата групација, и исклучително тешките стандарди на индустријата во која припаѓа во европски рамки. Па така, инвестира во развој и креирање на нови алатки кои ќе придонесат кон унапредување на услугите. Во таа насока, од неодамна компанијата ја користи и алатката “ogGPT” за генеративна вештачка интелигенција, која покрај другите придобивки, на корисниците им нуди висока заштита на безбедноста на податоците. ЕОС Матрикс Македонија е единствена компанија во финансискиот сектор која го имплементираше меѓународниот стандард ISO 27701:2019 и работи согласно високите принципи на заштита што ги гарантира овој стандард, а кој исто така овозможува и проценка на ризиците и поголема контрола.

Компанијата има голема финансиска експертиза која ја применува и развива и на македонскиот пазар, а креира нови можности во финансискиот сектор нудејќи иновативни финансиски инструменти.

Uncategorized

Зелените станбени кредити се пробиваат на Балканот – ЕБОР одвои 4 милиони евра и за НЛБ Банка Скопје

Објавено

на

Зеленото кредитирање сè посилно навлегува и во станбениот сектор на Западен Балкан, а последните финансиски аранжмани на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) покажуваат дека банките во регионот постепено отвораат повеќе простор за финансирање енергетски ефикасни домови и други зелени инвестиции.

ЕБОР обезбедува пакет од најмногу 24 милиони евра за Хипотекарна банка во Црна Гора, од кои 20 милиони евра се наменети за станбено кредитирање, а дополнителни 4 милиони евра се обезбедуваат преку програмата Western Balkans Green Economy Financing Facility III, односно GEFF III.

Најмалку 10 проценти од средствата од станбената кредитна линија треба да бидат насочени кон инвестиции што ги исполнуваат критериумите на ЕБОР за зелена економска транзиција, со што ќе се поддржи купување енергетски ефикасни домови и станбени објекти.

Дополнителната кредитна линија од 4 милиони евра е наменета за високоефикасни станбени објекти, мерки за енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија. Според ЕБОР, целта е да се зголеми понудата на „зелени“ станови, но и да им се овозможи на домаќинствата пониска потрошувачка на енергија и помали трошоци.

Сличен модел веќе се применува и во Северна Македонија.

ЕБОР обезбедува необезбеден кредит од најмногу 4 милиони евра за НЛБ Банка АД Скопје, исто така во рамки на програмата WB GEFF III – REPower. Средствата се наменети за понатамошно кредитирање на резиденцијалниот сектор во земјава и за поттикнување инвестиции во зелената економија.

Проектот на ЕБОР за НЛБ Банка Скопје е регистриран под број 57312 и во моментов е со статус „Disbursing“, односно средствата се во фаза на исплата и реализација.

Развојот на овие кредитни линии покажува дека концептот на зелено станбено финансирање сè повеќе добива место и во понудата на банките во регионот. Наместо станбениот кредит да се гледа само како средство за купување недвижност, новите финансиски модели сè повеќе го поврзуваат кредитирањето со енергетските перформанси на домот и намалувањето на неговата потрошувачка.

Во Црна Гора, ЕБОР директно го комбинира класичното станбено кредитирање со зелено финансирање преку пакетот за Хипотекарна банка. Во Северна Македонија, пак, линијата од 4 милиони евра за НЛБ Банка Скопје треба да овозможи натамошно финансирање зелени инвестиции во резиденцијалниот сектор.

GEFF III е дел од пошироката програма на ЕБОР за декарбонизација на станбениот фонд во земјите од Западен Балкан. За подобните инвестиции во рамки на програмата може да бидат достапни и техничка помош и инвестициски стимулации поддржани од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и од Владата на Јапонија.

Со тоа, прашањето повеќе не е дали зеленото станбено кредитирање ќе пристигне во регионот, туку колку брзо ваквите кредитни линии ќе се претворат во конкретни и широко достапни банкарски производи за граѓаните.

Продолжи со читање

Uncategorized

Нови правила за лиценци за игри на среќа: Ќе се проверуваат репутацијата, интегритетот и потеклото на парите

Објавено

на

Министерството за финансии донесе нов Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа, кој произлегува од новиот Закон за игрите на среќа, донесен во јуни годинава.

Со Правилникот детално се утврдува документацијата што треба да ја достават правните и физичките лица кои бараат лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип.

Апликантите ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за репутација и интегритет, меѓу другото преку документи поврзани со евентуално изречени санкции за забрана за вршење професија, забрана за приредување игри на среќа и други околности значајни за нивното учество во оваа дејност.

Со новиот подзаконски акт се воведува и строга контрола на потеклото на средствата во основната главнина. Преку банкарски извештаи, договори и финансиски биланси, Министерството за финансии ќе проверува дали постои непрекинат траг на движењето на парите, од нивниот извор до уплатата во друштвото.

Правилникот ги уредува и постапките при промена на сопственичката структура и главнината, како и при именување членови во органите на управување и надзор.

Една од новините во Законот за игри на среќа е оценувањето на репутацијата на содружниците и соработниците на друштвата кои имаат лиценци, како и на членовите на органите на управување и надзор во трговското друштво за приредување игри на среќа во кое државата е единствен акционер.

Од Министерството посочуваат дека ваквите проверки се важен дел од мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Новиот Закон за игри на среќа беше донесен во јуни 2026 година со цел воспоставување посовремена, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.

Продолжи со читање

Uncategorized

НЛБ Фондови со нов инвестициски прашалник за полесен избор на фондови

Објавено

на

НЛБ Фондови АД Скопје ги повикува граѓаните да го откријат својот инвестициски профил преку нов онлајн инвестициски прашалник, наменет да им помогне полесно да ги разберат сопствените финансиски цели и односот кон ризикот.

Од компанијата информираат дека прашалникот се состои од пет едноставни прашања, преку кои корисниците можат да добијат подобра слика за тоа колкав ризик се подготвени да преземат при инвестирање и кои видови фондови најмногу одговараат на нивните потреби.

Според НЛБ Фондови, алатката помага да се утврди дали инвеститорот е повеќе насочен кон сигурност или е подготвен да прифати повисок ризик со цел да оствари потенцијално поголем принос. Дополнително, корисниците добиваат насоки за тоа дали за нив се посоодветни акциски, комбинирани, обврзнички или парични фондови.

По завршувањето на прашалникот, достапен е и персонализиран PDF извештај со препорачан инвестициски сооднос.

Од НЛБ Фондови нагласуваат дека прашалникот има исклучиво информативна намена и не претставува инвестициски совет. Како што посочуваат, одлуките за вложување треба да се носат по внимателно разгледување на ризиците и карактеристиките на фондовите.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange