Connect with us

Продукти

Посебни поволности за НЛБ Кредитите овој февруари

Објавено

на

Ако периодов размислувате за нови инвестиции и можности кои не сакате да ги пропуштите, тогаш новата кампања на НЛБ Банка Скопје може да ви помогне конечно да ги реализирате вашите планови преку нивната понуда на кредити за физички лица.

Имено, сите физички лица кои во перидот од 1 до 29 февруари ќе се одлучат да аплицираат за потрошувачки, станбен, хипотекарен или автомобилски кредит преку НЛБ Банка, ќе можат да ја искористат поволноста и да ги добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот.

Една од придобивките кои ги обезбедува НЛБ Банка Скопје за своите корисници е и поедноставната, брза постапка за одобрување на бараниот кредит. За одобрување на потрошувачки кредит е потребна само лична карта, без дополнителна документација, а за истиот може да се аплицира со посета на некоја од експозитурите на Банката или пак преку апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до максимум 10.000 евра.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Продукти

Штедете без ограничувања, со пристап до вашите средства во секое време

Објавено

на

Многумина сакаат да штедат, но истовремено да имаат слобода да располагаат со своите пари кога ќе им затребаат. Традиционалните орочени депозити често носат ограничувања, што создава дилема – како да се зачуваат средствата и да се добие камата, а да се задржи и флексибилноста? Понекогаш, можеби ќе сакате да додадете повеќе средства на вашата штедна сметка, а некогаш ќе ви бидат потребни дел од заштедените пари. Kaj класичните депозити, ова најчесто не е возможно, но постои решение кое го надминува овој проблем.

Со Флекси депозит на Халкбанк можете да штедите без да ги ограничите можностите за располагање со вашите пари. Овој депозит овозможува уплата и повлекување на средства во секое време, при што каматата се пресметува пропорционално на периодот на орочување. Ова значи дека средствата остануваат достапни кога ви се потребни, без целосно да се изгуби приносот.

Депозитот може да се отвори во експозитурите на банката, во денари или евра, со минимален износ од 30.000 денари или 500 евра. Нема ограничување за максимален износ на вложување, а можноста за дополнителни уплати и делумни исплати дава дополнителна флексибилност. Каматната стапка е фиксна во моментот на склучување на договорот, а исплатата на каматата се врши на крајот на договорениот рок од 12, 24 или 36 месеци. По доспевањето, депозитот не се реорочува автоматски.

Средствата можат да се дополнуваат или повлекуваат преку шалтерите на банката, електронското банкарство или со траен налог. Доколку во одреден момент ви се потребни средства, можете да ги повлечете, сè додека не го намалите депозитот под минимално дозволениот износ. Во случај на предвремено раскинување, каматата се пресметува според условите за депозити по видување.

Овој начин на штедење овозможува финансиска сигурност, но истовремено и флексибилност во управувањето со средствата. Наместо да се ограничувате со фиксни орочени депозити, Флекси депозит ви овозможува да ги приспособите вашите заштеди на вашите потреби.

Продолжи со читање

Банки

STB Pay by link – ново платежно решение за вашиот бизнис од Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје со цел да излезе во пресрет на малите бизниси, а воедно и следејќи ја својата стратегија за дигитална трансформација и развој на дигиталното банкарство, воведе иновативно решение за електронско плаќање „STB Pay by Link“.

„STB Pay by Link“ онлајн сервисот на Стопанска банка АД – Скопје е иновативно решение за електронско плаќање, кое им овозможува на малите е-трговци кои се занимаваат со онлајн продажбата, да го поедностават процесот на продажба, без да имаат потреба за развој на сложена веб продавница.

Со ова иновативно решение од Стопанска банка АД – Скопје, трговците можат да креираат плаќања преку линкови, кои лесно се доставуваат до клиентите преку е-пошта или други комуникациски канали. Плаќањето преку „STB Pay by Link“ овозможува брзо, едноставно и безбедно плаќање, што ја олеснува трговијата и ја зголемува конкурентноста на пазарот.

Брзо. Лесно. Сигурно.

Дали размислувате да го имплементирате ова решение за вашиот бизнис?

Продолжи со читање

Банки

НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки

Објавено

на

Комерцијална банка ги намали каматните стапки на новоодобрени потрошувачки станбени и хипотекарни  кредити, со што им овозможи на клиентите атрактивни услови за реализација на нивните планови.

Пониските каматни стапки и дополнителните промотивни услови кај Станбениот кредит се дел од нашата посветеност на обезбедување финансиски решенија кои најдобро се вклопуваат со желбите и потребите на нашите клиенти.

Тие може да изберат Потрошувачки кредит до 2.000.000 денариОнлајн потрошувачки кредитСтанбен кредит или Хипотекарен кредит и да уживаат во бројни погодности, а пред сѐ во пониски месечни рати. По нивна желба може да изберат и период со атрактивна фиксна каматна стапка.

А, доколку се одлучат за Станбен кредит, во промотивниот период до 30 април ќе го добијат без трошоци за одобрување и процена на имот.  

Со ова клиентите добиваат:

  • Пониски каматни стапки за уште поповолни месечни рати
  • Долг рок на отплата прилагоден на можностите на клиентот
  • Можност за осигурување на кредитот за финансиска безгрижност
  • Едноставна постапка за аплицирање

Без разлика дали планираат патување, семејна прослава, уредување на домот, нов стан или автомобил, а можеби и факултет за матурантот Комерцијална банка им овозможува поволни услови за остварување на овие убави планови.

Сите соништа и планови се вредни за да се остварат затоа што носат насмевка, возбуда и бесценети спомени!

ПР текст

Продолжи со читање

Популарно