Connect with us

Банки

Комерцијална банка ќе подели бруто дивиденда од 1.250 денари по акција за 2024 година!?

Објавено

на

Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2024 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2025 година, усвоена на 30.01.2025 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 2.848.834 илјади денари.

„Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2024 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.250 денари. Предложениот бруто износ од 1.250 денари за 2024 година е за 37,4 отсто повисок во однос на дивидендата за 2023 година“, се вели во соопштението на Комерцијална банка објавено на Македонска берза. 

Вкупниот бруто износ на дивиденда што ќе го исплати Комерцијална банка изнесува 46,3 милиони евра.

Ова значи дека доколку оваа Предлог Одлука биде усвоена од Надзорниот одбор, акционерите на Комерцијална банка ќе добијат по 1.125 денари нето износ на дивиденда (откако банката за нив ќе ги одбие и исплати на државата 10 проценти персонален данок).

Банки

Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2% и во четвртото тримесечје од 2027 година

Објавено

на

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2%. Одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со вториот квартал од 2026 година. Оваа стапка ќе важи од четвртото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем.

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен на шокови, што го потврдуваат резултатите од стрес-тестовите, а се гледа и преку соодветната капитализираност и ликвидност, ниската стапка на нефункционални кредити и солидната профитабилност.

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот е поткрепена и со макропрудентните мерки преземени на крајот од минатата година и измените кај задолжителната резерва, во билансите на банките, при што се забележува подобрување на структурата на новоодобрените кредити според висината на ЛТВ и ДСТИ, а кај депозитите на домаќинствата и натаму се бележат поволни поместувања од аспект на рочната и валутната компонента.

Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонесла за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката.

Продолжи со читање

Банки

ТТК Банка ја исплати првата годишна камата на третата емисија корпоративни обврзници

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на 18 септември 2026 година ја исплати првата годишна камата на сопствениците на корпоративни обврзници од третата емисија, со ISIN MKTTKS200038 и шифра TTKO3.

Пресметката на камата е извршена по фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво. Право на исплата на камата имаа сите лица регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница – трета емисија во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17 септември 2026 година.

Третата емисија на корпоративни обврзници ТТК Банка ја реализираше во септември 2025 година од коишто за кратко време се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.000 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од шест години, а во вкупна вредност од 1.000.000 евра и фиксна каматна стапка од 5,00% на годишно ниво

Со исплатата на првата годишна камата, ТТК Банка ја реализира првата каматна обврска кон инвеститорите по основ на оваа емисија корпоративни обврзници.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава ја продолжува својата поддршка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој од 19 до 25 септември ќе се одржува во Битола.

Фестивалот, кој веќе 47 години ја слави филмската уметност, традиционално ги собира врвните кинематографери од целиот свет, претставувајќи ги нивната визија, креативност и придонес во создавањето на филмската магија.

Под мотото „На страната на филмот“, Стопанска банка и оваа година е пријател и поддржувач на престижната културна манифестација.

Од Банката ги повикуваат љубителите на седмата уметност од 19 до 25 септември во Битола заедно да ја споделат магијата на филмот.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange