Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Самостоен стручен соработник – (Портфолио менаџер)
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 11.03.2025 година
Работни цели и задачи:
- Редовно следeње на случувањата на домашните и странски финансиски пазари;
- Подготовка на анализи за финансиски инструменти и давање предлози за инвестирање за банкарското портфолио како и за портфолио на клиенти;
- Управување со средствата на клиентите, врз основа на дефинирана инвестициска стратегија согласно профилот на клиентите и нивните потреби;
- Следење на квалитетот на хартиите од вредност;
- Следење на корпоративни активности и известување за истите (дивиденди, камати, главници итн.);
- Пренесување на знаење на останатите членови на тимот;
- Изработка на прегледи и анализи за менаџментот на Банката;
- Други работни задачи од делокругот на активности во надлежност на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Да поседува CFA сертификат или е во фаза на полагање, со положен барем 1 од модулите;
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
- Солидно познавање на математика;
- Способност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување;
- Најмалку 3 години работно искуство во финансиска институција;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим;
- Способност за брзо одлучување.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Пополни ја следната апликација или достави твое CV на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник – (Портфолио менаџер)”.
Телефон за контакт: (02) 3168 412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување на референт за работа со благајна
АЛТА Банка објави оглас за вработување на позицијата референт за работа со благајна во својата експозитура во Прилеп.
Од банката ги повикуваат заинтересираните кандидати кои имаат искуство во банкарското работење, развиени комуникациски вештини и желба да работат во динамична средина ориентирана кон клиентите, да се пријават на огласот.
Кандидатите треба да достават биографија и мотивациско писмо на електронската адреса [email protected], со назнака во предметот на пораката: „За Референт за работа со благајна во експозитура – Експозитура Прилеп“.
Од АЛТА Банка посочуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да ја гради својата професионална кариера во банкарскиот сектор и да биде дел од организација која е посветена на обезбедување квалитетна услуга за клиентите.
Огласот е отворен за сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите и сакаат да се приклучат на тимот на АЛТА Банка.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Штип, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 10 јуни 2026 година.
Од кандидатите се очекува да работат на промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги, како и да обезбедуваат континуирана грижа за клиентите и да придонесуваат за унапредување на продажните процеси. Работните обврски вклучуваат и привлекување нови клиенти, спроведување платен промет, работа со картички и кредитирање.
За позицијата можат да конкурираат лица со завршено универзитетско образование, како и студенти на додипломски или постдипломски студии. Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во банкарскиот сектор.
Банката бара кандидати со развиени комуникациски и продажни вештини, ориентираност кон работа со клиенти, организираност и способност за тимска работа. Потребно е и познавање на основни ИТ алатки и англиски јазик.
Како дел од понудата, НЛБ Банка истакнува можности за професионален развој и обуки, менторство од искусни банкарски експерти, конкурентна плата и дополнителни бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување и членство во трет пензиски фонд.
Во пакетот за вработените се вклучени и дополнителни слободни денови за различни пригоди, платено татковско отсуство, програми за наградување на успешноста и активности насочени кон подобрување на благосостојбата на вработените.
Кариера
Работната недела во ЕУ се скрати на 35,9 часа
Граѓаните на Европската Унија во просек работат помалку отколку пред десет години, покажуваат најновите податоци на Евростат.
Според статистиката, вработените на возраст од 20 до 64 години во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно на главното работно место, додека во 2015 година просекот изнесувал 36,9 часа.
Најдолга работна недела имале вработените во Грција со просек од 39,6 часа. Следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.
Најкратко се работело во Холандја – 31,9 часа неделно. Потоа следуваат Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа.
Евростат објаснува дека податоците се однесуваат на реално одработени часови во текот на референтната недела, вклучувајќи прекувремена работа, но без боледувања, одмори и времето поминато во патување до работа.
Според професиите, најдолго работеле квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството – околу 42 часа неделно. По нив следуваат менаџерите со 40,6 часа и вработените во вооружените сили со 39,4 часа неделно.
Најкратка работна недела имале работниците во основните занимања, со просек од 31,8 часа неделно.
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство
-
Кариерапред 2 месециАЛТА банка објави оглас за вработување на позицијата бизнис аналитичар (економист)
-
Советипред 1 месец
УЈП објави видео упатство за е-даночни услуги и потврда на ДЛД-ГДП пријавата


