Connect with us

Банки

НЛБ Банка и Економскиот факултет-Скопје потпишаа меморандум за соработка: „Нови можности за студентите и развој на младите таленти“

Објавено

на

Во просториите на деканатот на Економскиот факултет- Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка, Тони Стојановски, и деканот на Факултетот, проф. д-р Предраг Трпески потпишаа Меморандум за соработка, со кој се согласија да развиваат заеднички активности насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните процеси.

Преку оваа соработка, НЛБ Банка и Економскиот факултет ќе ја зајакнат врската помеѓу теоретското знаење и практичната примена, создавајќи можности за директна соработка помеѓу студентите и експертите од индустријата.

„Соработката со Економскиот факултет-Скопје е важен чекор за НЛБ Банка во насока на нашата посветеност на развојот на младите таленти и нивното вклучување на пазарот на труд. Благодарение на партнерството, студентите ќе се запознаат со реалните предизвици со кои се соочува индустријата, а ние како Банка ќе бидеме во можност да вложиме во нивниот развој и да ги подготвиме за идните професионални патишта. Со оваа соработка очекуваме да направиме значителен придонес во образованието и општеството“,изјави Стојановски, претседател на УО на НЛБ Банка.

Во контекст на партнерството деканот на Економискиот факултет проф. д-р Предраг Трпески додаде: „Оваа соработка ја нагласува нашата посветеност да го поврземе академското знаење со финансиските практики од реалниот свет, создавајќи можности за нашите студенти, факултет и пошироката заедница да напредуваат. Преку овој меморандум, имаме за цел да промовираме заеднички раст и да го поддржиме континуираниот развој на секторот за финансиски услуги, истовремено обезбедувајќи им на нашите студенти уникатни можности за учење, истражување и професионален развој “.

Соработката помеѓу НЛБ Банка и Економскиот факултет има долга традиција и е важна за двете страни – за Банката, тоа е шанса за привлекување млади таленти и развој на идни стручњаци, а за факултетот, партнерството овозможува подобрување на наставната програма и поврзување со индустријата.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange