Connect with us

Банки

Матео Пиколо од Mastercard: Дигиталните плаќања стануваат побрзи, побезбедни и поперсонализирани, со силно влијание врз туризмот

Објавено

на

Дигиталните плаќања во Европа се развиваат со забрзано темпо, при што корисниците сè повеќе очекуваат трансакциите да бидат моментални, сигурни и речиси незабележливи. Ова го истакнува Матео Пиколо, извршен потпретседател и раководител за развој на бизнис за Европа во Mastercard, во интервју за „Банкар“, нагласувајќи дека токму комбинацијата на доверба, безбедност и интелигентна персонализација е клучот за одржлива дигитална економија.

Пиколо објаснува дека современите решенија одамна ја надминале класичната функција на плаќање, трансформирајќи се во алатки што го подобруваат корисничкото искуство и поттикнуваат иновации, особено во туризмот. Според него, новите технологии, вклучително и вештачката интелигенција и крипто-екосистемите, значително ги прошируваат можностите за развој на финансиските услуги.

Југоисточна Европа го следи овој тренд, со сè поголема употреба на бесконтактни плаќања и мобилни паричници, како и со проширување на прифатната мрежа кај малите трговци. Ова отвора простор за развој на напредни финансиски екосистеми базирани на податоци.

Паралелно, растот на финтек-компаниите и концептот на отворени финансии ја менуваат улогата на традиционалните банки, кои сè повеќе стануваат дел од пошироки, поврзани платформи. Овие промени овозможуваат поголема персонализација на услугите, но и повисоко ниво на безбедност и контрола на податоците од страна на корисниците.

Mastercard активно соработува со банки, трговци и туристички субјекти за да овозможи побрзи и поедноставни трансакции, особено во туристичките центри. Фокусот е на создавање беспрекорно искуство за посетителите, преку сигурни и широко прифатени дигитални начини на плаќање.

Истовремено, расте и заканата од сајбер-криминал, кој станува сè пософистициран поради развојот на новите технологии. Според проценките, глобалните загуби од сајбер-криминал може да достигнат 15,6 трилиони долари до 2030 година.

За справување со овие ризици, Mastercard користи напредна аналитика и вештачка интелигенција за следење на милијарди трансакции во реално време, при што нивните системи веќе спречиле десетици милијарди обиди за измама.

Во иднина, според Пиколо, клучен тренд ќе биде уште подлабоката интеграција на безбедноста и персонализацијата, преку технологии како токенизација, биометриска автентикација и дигитален идентитет, што ќе овозможи побезбедни и поедноставни финансиски услуги за корисниците и компаниите.

Извор: Банкар/Фото:Никола Илиќ

Банки

НЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите почитувани пензионери дека пензиите за месец март 2026 година се исплатени и средствата се веќе достапни за подигање и може да се користат уште веднаш.

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата да ги подигнат преку користење на мрежата на банкомати, да плаќаат безготовински во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од денес 31.03.2026 година можат да ја подигнат во експозитурите на НЛБ Банка.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека од утре, 01.04.2026 година ќе започне со исплата на пензиите за месец март.

Пензионерите кои имаат активни дебитни картички со својата пензија можат да располагаат од истиот ден на исплатата (среда – 01.04.2026 година), и можат да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Пензионерите кои немаат или не користат дебитна картичка, пензијата од 1 април ќе може да ја подигнат во филијалите на Стопанска банка АД – Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје започнува со исплата на пензиите за март од среда, 1 април.

Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со средствата истиот ден, овозможувајќи им безбедно и практично плаќање во продавници, онлајн или подигање пари од банкомат.

За оние кои повеќе сакаат да ја подигнат пензијата во филијала или експозитура, исплатата ќе биде достапна од 1 април и во секој работен ден после тоа.

Мапата со филијалите и експозитурите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange