Продукти
Картичка за премиум доживување – Lounge пристап што го трансформира патувањето
Патувањето не мора да започне со гужви, редици и скапо кафе на аеродромите. Замислете да го започнете секој лет со мир, удобност и персонализиран третман – уште пред да се качите во авионот. Со Mastercard World кредитната платежна картичка од Халкбанк, вие не сте само патник, туку вие сте и привилегиран гостин.
Влезете во светот на ексклузивните Lounge Key салони ширум светот
Со Mastercard World кредитната картичка од Халкбанк, патувањето започнува уште во моментот кога влегувате во VIP зоната на аеродромот. Lounge Key е услуга која автоматски доаѓа со оваа картичка и ви овозможува пристап до над 1400 ексклузивни Lounge Key салони ширум светот, без потреба од дополнителна пријава и без непотребни процедури. Во овие салони ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.
Споделување премиум привилегии
Корисникот на Mastercard World кредитната картичка покрај личната привилегија за пристап до Lounge Key салонот може да го придружува уште една личност.Без разлика дали патувате со партнер, пријател или колега, уживањето во удобноста на VIP просторијата го споделувате со некој близок.
Mastercard World е повеќе од картичка
Станува збор за платежна картичка која ви овозможува и брзи и безбедни плаќања. Располагате со можност за кредитен лимит до 1.200.000 денари, кој ви е достапен, тогаш кога најмногу ви треба, а месечната минимална отплата е само 10% од искористените средства. Може да купувате до 60 рати без камата кај трговци партнери на банката. Онлајн трансакциите се сигурни и без провизија. Во последната недела од секој месец, имате можност да подигнете готовина од банкоматите на Халкбанк, без провизија. Како дополнителна придобивка, добивате и 10% попуст при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Како да станете дел од Mastercard World?
Аплицирајте во најблиската филијала или преку онлајн апликацијата на банката.
Со Lounge Key апликацијата го добивате светот на дланка, каде и да сте
Симнете ја бесплатната апликација Lounge Key (iOS и Android) и откријте ги сите VIP зони, условите за пристап и креирајте сопствен профил за уште полесно патување.
Уживајте во секој чекор од патувањето
Секое патување треба да започне со чувство на контрола, мир и удобност. Без разлика дали патувате често или повремено, за работа или задоволство, Lounge Key пристапот ви овозможува да го доживеете вистинското премиум искуство, уште пред да се качите во авионот.
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство


