Бизнис
Зајакнување на финансиската едукација: Минт Кредит дел од работилницатана Светска банка и Народната банка
Минт кредит со учество на работилницата за кампањи за финансиска едукација, која се одржа на 16-ти јуни во организација на Светската банка и Народната банка на Република Северна Македонија.
Учеството на наш претсавник беше од клучно значење за исполнување на целите на нашето финансико друштво, во насока на препознавање на важната улога на финасиската едукација, а во насока накако директни даватели на финансиски услуги за граѓаните.

„Ваквиот тип на настани е посебно важен за нас како финасиски друштва, бидејќи во голема мера ни дава насоки како да го дисеминираме процесот до нашите клиенти. Како директни учесници во финасиските процеси, ние во Минт Кредит, посветуваме големо внимание на финасиската едукација за нашите клиенти, а ова беше одлична можност за запознавање со новите светски трендови како и размена на искуства.“ – изјави Марјан Вучковиќ, маркетинг менаџер.
Работилницата, која ја предводеше Арон Кореневски, експерт за односи со јавност од Канцеларијата за односи со јавност и корпоративни односи на Светската банка во Вашингтон, им овозможи на учесниците да се стекнат со нови знаења и вештини за дизајнирање и имплементација на ефективни кампањи за подигнување на финансиската свест од комуникациска перспектива.

Присуството на претставниците од финансиските друштва, заедно со учесници од централната банка, банкарскиот сектор и невладини организации, овозможи плодна дискусија и размена на искуства за предизвиците и можностите за унапредување на финансиската писменост во земјата.
Нивниот ангажман е од суштинско значење за приближување на комплексните финансиски теми до пошироката јавност.
ПР објава
Бизнис
Невработеноста во Македонија продолжува да опаѓа, најниска во последниве години
Минатата година е забележан континуиран пад на бројот на невработени лица, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРСМ). Во ноември 2025 година, како невработени биле евидентирани 90.278 лица, додека категоријата „други лица кои бараат работа“ броела 42.614 граѓани.
Трендот на намалување е стабилен, во октомври невработеноста изнесувала 94.729 лица, а во август 95.032 лица. Најмногу невработени се регистрирани во Скопје (20.160), следат Тетово (11.807), Куманово (8.930), Гостивар (6.508) и Прилеп (5.379).
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека новиот Закон за работно ангажирање, кој стапи на сила од 1 јануари 2026 година, ќе ја поддржи тенденцијата на раст на вработеноста и регулација на повремените и сезонските ангажмани.
Според Државниот завод за статистика, во 2024 година во земјава имало околу 694.000 вработени, од кои околу 85.000 биле неформално ангажирани, што укажува на потребата од системски решенија за целосна формализација и регулација на пазарот на труд.
Бизнис
Останува уште еден ден за јавно гласање за најдобрите е-трговци во 2025 година
Останува уште еден ден за јавно гласање во рамки на E-commerce Awards 2025 – изборот на најдобрите е-трговци во Македонија, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Граѓаните имаат можност да ги поддржат своите омилени е-продавници денес, до крајот на денот, преку официјалната веб-страница на изборот.
E-commerce Awards претставува значајна иницијатива за македонската е-трговија, бидејќи преку транспарентен и структуриран процес се истакнуваат најдобрите практики, се наградуваат квалитетот и иновациите, и се придонесува кон јакнење на довербата кај онлајн купувачите. Ваквиот тип на избори имаат важна улога во развојот на секторот, поттикнувајќи здрав натпревар и континуирано унапредување на услугите.

Овогодинашното издание бележи висок интерес од јавноста, со над 50.000 гласови дадени од повеќе од 4.500 гласачи, додека во трката за признанијата се вклучени 217 номинирани е-трговци, кои се натпреваруваат во 18 категории.
Јавното гласање претставува клучен сегмент од изборниот процес и учествува со 60% во конечниот резултат, додека преостанатите 40% ќе бидат утврдени од страна на стручната жири-комисија во финалната фаза. По затворањето на гласањето, најдобро рангираните номинации во секоја категорија ќе продолжат во финалниот круг на оценување, а победниците на E-commerce Awards 2025 ќе бидат прогласени на свечена гала манифестација која традиционално ќе се одржи во март 2026 година.
Ова е последна можност јавноста директно да влијае врз изборот на најдобрите е-трговци и да даде поддршка на компаниите кои со својата работа придонесуваат кон квалитетна, сигурна и професионална онлајн трговија.
Гласањето е бесплатно и се врши преку официјалната веб-страница на изборот:
https://ecommerceawards.mk/
Ова издание на E-commerce Awards 2025 се реализира со поддршка на Halkbank, Diners
Club, Eurolink и Halk Insurance.
Сите детали за правилата и процесот на изборот се достапни во официјалниот правилник на веб-страницата на E-commerce Awards или преку овој линк.
Анализи
БУМ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ: Квадратот стигна до 3.000 евра – дали купувањето стан стана луксуз?
Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со силен раст – во последниот квартал од 2025 година се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини. Истовремено, цените на недвижностите бележат раст од 25% на годишно ниво.
Во Агенцијата за катастар се евидентирани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на значителен број нови објекти кои допрва ќе влезат на пазарот, дополнително засилувајќи ја градежната активност.
Највисоката цена по квадратен метар е регистрирана во општина Центар, каде што стан од 83 квадратни метри е продаден по цена од 182.404 денари за квадрат (околу 3.000 евра). Најголем број станови се продадени во Аеродром – вкупно 304, додека најмногу куќи се продадени во Битола (91). Продажбата на деловни простории е најизразена во Центар, земјоделско земјиште и шуми најмногу се тргувале во Куманово, а градежно земјиште во Ѓорче Петров.
Во четвртиот квартал се реализирани вкупно 9.283 трансакции со недвижности, од кои 6.230 купопродажби и 3.053 договори за закуп. Најголем обем на трансакции е регистриран во Центар, Аеродром и Штип.
Податоците на Народната банка потврдуваат дека цените на недвижностите во последниот квартал од 2025 година пораснале за 25% на годишно ниво, додека Државниот завод за статистика бележи 304 одобренија за градење во ноември, за изградба на 761 стан, најмногу во Скопскиот регион.
Сите индикатори упатуваат дека побарувачката за станбен простор останува висока, а ценовниот тренд и понатаму е нагорен, особено во Скопје и поголемите урбани центри.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка а.д. Битола од денес и официјално е АЛТА банка АД Битола
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година



