Connect with us

Наградни игри

Во 2024 година, светот нека ви светка

Објавено

на

Откако веќе зачекоривме во Новата година, многумина од нас се навраќаат на минатите настани, но размислуваат и за идните можности кои не очекуваат. Една вообичаена тема која често се појавува во овој период е стремежот за нови искуства и личен раст, а има ли подобар начин да ги исполниме овие желби од оној преку возбудливо искуство со патување и запознавање со нови атрактивни дестинации? Без оглед дали се работи за зимување, летување или за краток викенд во некоја странска земја, патувањето повеќекратно ќе делува на нашето тело и ум.

Во духот на желбите за патување и стекнувањето нови искуства и спомени, Халкбанк АД Скопје започна наградна игра „СВЕТОТ ТИ СВЕТКА!“ во периодот од 25.12.2023 и истата ќе трае до 25.02.2024 година. Во нааградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless ), и кои имаат  направена валидна трансакција користејќи ги картичките на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали, трансакции со мобилната апликација и трансакции направени со Garmin Pay достапен за Garmin часовник.

За учество во наградната игра важат следните услови: една шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard дебитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали. Двојна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard кредитна картичка издаденa од Халкбанк на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминал, додека Tројна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции преку HalkPay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка.

Со исполнување на условите учесниците добиваат шанса за добивка на ваучер за патување во износ од 1000 евра.

Правилата за наградната игра може да ги погледнете на следниот ЛИНК, додека за учество на наградната игра потребно е да се пријавите на следниот ЛИНК.

Наградни игри

ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! – Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Објавено

на

Дали сте подготвени за патување што долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат големата наградна игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.

Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On. Лицата корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe on на Шпаркасе Банка, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД, добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за својот партнер, другар, пријател или член на фамилија, кој ќе одлучи да го поведе на патувањето.

Подгответе ја Вашата платежна картичка Visa на Шпаркасе Банка и пакетот за млади Vibe on, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам.

Шпаркасе Банка ги поттикнува и ги охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Во наредниот период Шпаркасе Банка ќе спроведе нови проекти дизајнирани специјално за младите. Од врвни финансиски производи до креативни настани, финансиска едукација, ексклузивни можности, попусти и промоции. Банката е тука да ги поддржи младите на нивниот пат за подобра финансиска иднина.

За повеќе информации околу наградната игра, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/150-50 или во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

Продолжи со читање

Банки

Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024

Објавено

на

Денеска стартува наградната игра „Стани дел од ХалкЕЗ заедницата и стигни до EXIT 2024” во организација на Халкбанк АД Скопје, која ќе трае до 4 јули.

Во наградната игра право на учество имаат сите физички лица на возраст од 18 до 24 години кои ќе станат корисници на пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy), а со тоа ќе имаат подигнато VisaPayWave дебитна платежна картичка која е во рамките на пакетот.  Право на учество имаат и постоечките корисници на студентскиот пакет на Халкбанк кои имаат активна Visa PayWave дебитна платежна картичка чиј пакет се преименува во пакет за млади.

Како потврда за учество во наградната игра ќе се смета пополнетата изјава за согласност за учество во наградната игра електронски пополнета на веб-страницата на банката. Во извлекувањето на 5 јули ќе бидат земени во предвид сите корисници на пакетот за млади,  на возраст од 18 до навршени 24 години, кои имаат активна дебитна платежна картичка  на денот на извлекувањето и кои дале согласност за учество во наградната игра.

Ќе бидат извлечени вкупно пет награди – ВИП пакети за EXIT искуство за двајца, со карти за EXIT, авионски превоз, хотелско сместување и VIP третман во рамки на фестивалот. Секој добитник на ВИП пакет со себе може да избере придружба од едно лице.

Пакетот за млади Halk EZ (Halk Easy) претставува посебен и иновативен банкарски
пакет кој нуди голем број поволности и динамични содржини за сите корисници на
возраст од 16 до 24 години. Пакетот нуди бесплатно мобилно и електронско
банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка без надоместок за годишна
членарина, со која може да се повлекува  готовина без надомест на сите банкомати во
земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење на истата, и низа
иновативни услуги како GarminPaySmartSend и SmartCash.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и VISA ве носат на Олимписките игри во Париз

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје во соработка со брендот VISA организираат голема наградна игра во која  најсреќните добитници ќе патуваат на Олимписките игри во Париз ова лето.

Наградната игра „Со VISA картички до Париз на Олимпијада 2024“ ексклузивно се организира само за корисниците на VISA картички издадени од Стопанска банка. Таа почна денеска (1 април) и ќе трае до 31 мај. Во неа може да учествуваат сите полнолетни граѓани кои во наведениот период имаат направено безготовински трансакции со VISA дебитна или кредитна картичка од Стопанска банка. Секоја трансакција носи по едно право на учество во извлекувањето. Колку повеќе трансакции се направени, толку се поголеми шансите за добивка. На крајот на наградната игра ќе бидат извлечени двајца најсреќни добитници кои ќе добијат по два авионски билети  за патување во Париз и посета на олимписките игри во организација на VISA. Покрај двете главни награди, во наградната игра ќе бидат доделени и 14 штици за веслање (СУП) и 14 мини фудбал игри.

За правилата на наградната игра може да се информирате подетално на следниот линк.

Извлекувањето на наградите е закажано за 12 јуни, при што добитниците ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со помош на специјален софтвер изготвен за таа намена.

Стопанска банка и VISA им посакуваат среќа на сите учесници во наградната игра.  

Продолжи со читање

Популарно