Компании
ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ – Алкалоид АД Скопје ќе започне со исплата на дивиденда на 17.05.2023 година
АЛКАЛОИД АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ги известува своите акционери дека почнувајќи од 17.05.2023 година ќе врши исплата на дивиденда за 2022 година.
„Право на исплата на дивиденда за 2022 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 20.04.2023 година.
Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2022 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 12.05.2023 година, на телефонскиот број 3104-252 – Реферат акционерство и имотни прашања”, се вели во соопштението на АЛКАЛОИД АД Скопје.
Компании
Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките
Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, се вели во заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индикаторот за ограничување на кредитите на групата, кој го мери пристапот на компаниите до банкарски заеми, во понеделникот беше објавен на највисоко ниво во последните седум години.
Во септември, приближно 32,9 проценти од околу 2.000 анкетирани бизниси во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето кредити, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.
Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми уште од 2017 година.
На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 проценти од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.
„Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите. Бидејќи компаниите во Германија моментално инвестираат малку, би било добро ако можат да добијат полесно кредити“, рече експертот на Институтот за економски истражувања ИФО, професорот Клаус Волраб.
Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор малку полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО.
Компании
Iute Safe официјално влегува на осигурително-брокерската сцена преку докажана меѓународна експертиза и напредна иновативна технологија
Со добиеното решение за вршење на осигурително-брокерски работи издадено од Агенцијата за супервизија и осигурување, официјално започна со работа Iute Safe.
Како дел од од мултинационалната естонска групација Iute Group AS – една од најбрзо- растечките компании во Европа, под чијашто капа работи и Iute Macedonia, Iute Safe отсега па натаму ќе биде посредник за осигурителни полиси во сите класи на осигурување, вклучувајќи не-животно и животно осигурување.
“Iute Safe е продолжение на една убава приказна која започна со Iute пред 8 години и групацијата од Естонија која постои повеќе од 16 години, чиешто искуство, докажана експертиза и уникатни предности ќе ни овозможат да бидеме секогаш чекор напред во делот на користење на иновативни процеси и врвна технологија и секако, дополнителни бенефиции за нашите клиенти и овозможување на пристап до секаков вид на полиси за осигурување, со можност за отплата на рати”– вели Борјан Колемишевски, Генерален Директор на Iute Safe.
Целта на Iute Safe ќе биде да обезбеди најдобри понуди за осигурување на пазарот, преку стратешки партнерства со реномирани и докажани осигурителни компании, развиена продажна мрежа, персонализиран пристап и конкурентни цени. Како дел од групацијата, со веќе докажан кредибилитет, Iute Safe ќе понуди на пазарот еден нов свеж модел и пристап кон клиентите, потпирајќи се на интернационална докажана експертиза и локален искусен тим од докажани професионалци во областа.
Како уникатно обележје, компанијата ќе ја има можноста да бенефицира од сите досега веќе имплементирани алатки, апликации и напредни дигитални решенија, во функција на целосна дигитализација на процесот, од апликација до потпишување.
По повод официјалното влегување на пазарот, Iute Safe промовираше специјална понуда
за патничко осигурување со валидност од 1 година, покритие до 90 дена во годината, и тоа по цена за 30 дена, без франшиза и овозможена 24/7 асистенција за помош. Повеќе информации се достапни тука.
Компании
Штедилница Можности се вклучи во кампањата „Научете мудро да позајмувате“
Штедилница Можности годинава одбележува јубилеј – 25 години од основањето, а со тоа и 25 години од спроведувањето на својата мисија, да обезбеди можности луѓето да добијат поддршка за своите добри деловни идеи и со резултатите од своите мали бизниси да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата.
Овој 25-годишен јубилеј штедилницата го посветува на покренување на свесноста за одговорното кредитирање и против презадолженоста на населението. Во сиот период, а и отсега, штедилницата останува посветена на финансиската едукација и на финансиската инклузија во општеството. Во таа насока, „Можности“ се вклучи во 10-тото издание на кампањата „Научете мудро да позајмувате” која е организирана од Центарот за микрофинансирање (MFC) и неговите партнери.
Кампањата има за цел да промовира одговорни практики за задолжување и стандарди за заштита на клиентите во сферата на микрофинансирањето, но ја нагласува и културата на одговорно кредитирање.
Со учеството во кампањата, Штедилница Можности ја покажува својата посветеност на одговорното кредитирање и грижата за клиентите. Одговорните практики на задолжување не само што ги штитат клиентите, туку придонесуваат и за целокупната репутација на микрофинансиските институции. Како учесник, „Можности“ уште еднаш докажува дека е доверлив и етички заемодавач.
„Големо е задоволството што Штедилница Можности учествува во кампањата за паметно позајмување. Штедилницата е посветена на одговорното кредитирање и финансиската вклученост, процеси кои се важни сојузници во нашата мисија. Во овие времиња со многу предизвици, соработката е од суштинско значење, и заедно со Штедилница Можности можеме да направиме позначајно влијание во промовирањето на одговорни практики за задолжување“, изјави Ева Банковска, заменик-директор на MFC.
За дополнителни информации, прочитајте го нашиот блог на нашата веб-страница или
контактирајте нè во која било од нашите експозитури.
ПР Објава
- Банкипред 2 недели
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 2 недели
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 недели
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 недели
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 недели
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 5 дена
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 11 октомври 2024 година
- Банкипред 2 недели
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Банкипред 7 дена
АНТОНИО АРГИР СО УШТЕ ЕДНА ВИСОКО-РАКОВОДНА ФУНКЦИЈА ВО НЛБ ГРУПАЦИЈАТА – ќе биде и претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина