Банки
Успешно заврши првата конференција за млади претприемачи и жени претприемачи „Круг на нови можности“ во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР
Вчера ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на едно место ги собраа успешните млади претприемачи и жени во претприемништвото, оние кои се веќе искусни во бизнис светот, но и оние коишто сакаат да научат како своите иновативни идеи да ги преточат во успешен бизнис.
Конференцијата „Круг на нови можности“, посветена на младите претприемачи и жените во претприемништвото, го означи почетокот на серијата иницијативи насочени кон овие две уникатни групи на претприемачи, со цел поттикнување на растот на локалниот бизнис и промовирање на претприемништвото во Македонија.
Настанот го отворија домаќините ПроКредит Банка со обраќање од Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, и ЕБОР претставен од Фатих Туркменоглу, Претседател на ЕБОР во С. Македонија.

“Чест ни е што заедно со ЕБОР ги здруживме силите за да ги поддржиме овие бизнис лидери во Македонија на начин на којшто ниту една друга финансиска институција досега не го сторила и да понудиме поддршка на повеќе нивоа која е многу повеќе од кредит. Тоа е и дел од нашата одговорност кон општеството каде вложуваме во поголеми размери на едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите, отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на компании кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат. За ПроКредит Банка, позиционирањето како „партнер од избор“ значи да бидеме тука за претприемачите уште од рана фаза во нивниот деловен живот.” – изјави Емилија Спировска.

“Промовирањето на еднакви можности лежи во срцето на ЕБОР и во овој контекст, среќни сме што бевме една од пионерските институции во земјата која обезбедува сеопфатна поддршка од финансиски и нефинансиски услуги за млади во бизнисот и жени во бизнисот. Локалната економија може да го постигне својот целосен потенцијал само преку вклучување на сите засегнати страни. Ги охрабруваме младите и жените претприемачи да се вклучат со нашите тимови на терен и заедно со нашите донатори и партнери со нетрпение очекуваме да видиме плодни резултати.” – изјави Фатих Туркменоглу.
Свој поздравен говор и обраќање имаа и истакнатите гости Н.Е. Ами Ларсон Џаин, Амбасадор на Шведска во С. Македонија и Марио де Роса, Заменик Амбасадор на Италија во С. Македонија, кои преку своите институции се значајни поддржувачи на програмите за претприемништво. Во нивните говори тие ја истакнаа важноста од поддршка на претприемачите и создавање нови можности за бизнис иновации.

На конференцијата, како истакнати претприемачи, Ирена Јакимовска, сопственик и менаџер на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, споделија инспиративни приказни од своите претприемачки патувања, истакнувајќи ги предизвиците со кои се соочиле и стратегиите што ги примениле за да постигнат успех.

Нивните мотивациски говори поставија позитивен тон на настанот, охрабрувајќи ги сите присутни во ресторанот Ragusa Rooftop 360 да ги остварат своите деловни аспирации со обновена енергија. „Fireside“ разговорот којшто се одржа по говорите, и даде можност на публиката да допре поблиску до приказните на говорниците искрено и отворено зборувајќи за нивните искуства, овозможувајќи богата размена на знаења и лични приказни со присутните гости.
Уште една значајна активност во рамки на конференцијата беше панел дискусијата на тема „Претприемништво – од предизвици до можности“, којашто обедини разновидна група успешни бизнис лидери од кои гостите имаа можност да слушнат што значи да си претприемач, како излгеда рамнотежа помеѓу животот и работата, предизвиците од раководење со тим, кои се алатките за да се постигне целосен потенцијал и сл.
Учесници на панел дискусијата беа Петар Ниновски, извршен директор на Brainster и основач на Brainster Next College, Ангела Настевска, внатрешен консултант на Kentaur Impex, Даниела Ристовска, Финансиски менаџер во Intersteal, и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР. Модерирана од Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, во тек на дискусијата гостите слушнаа искуства од различни аспекти на претприемништвото, од надминување на различни предизвици до искористување на нови деловни можности.
Крајот на официјалниот дел на конференцијата го означи презентацијата на Ана Ѓоргиева Танческа, директорка на Филијалата за мали претпријатија во ПроКредит Банка, која ги претстави новите бизнис пакети дизајнирани специјално за жени и млади претприемачи. Овие пакети, кои се дел од програмите за поддршка Youth in Business и Women in Business, нудат значителни финансиски придобивки и ресурси за да им помогнат на претприемачите да напредуваат на конкурентниот пазар.

“Новите пакети за Жени во бизнис и Млади претприемачи се комбинација од два витални сегменти за растот и развој на овие сектори – еден е комплетната поддршка во делот на банкарско работење кое e едноставно, транспарентно, флексибилно и целосно дигитално со што ќе ви заштедиме енергија и време. Од друга страна, фидбекот од младите претприемачи и од жените во бизнис, е дека најголем предизвик со кој се соочуваат во делот на финансиска поддршка е колатералот и флексибилноста на кредитните продукти. Поради тоа во соработка со ЕБОР обезбедивме олеснет и пофлексибилен пристап до финансиски средства – без потреба од хипотека – не само за краткорочни кредитни продукти, туку и за долгорочни кредити. Наши очекувања се дека ќе имаме голем број задоволни клиенти кои ќе најдат вистински вредни решенија за нивните бизнис предизвици.” – изјави Ана Ѓоргиева Танческа.
Настанот заврши со енергична сесија за вмрежување и коктел, давајќи им можност на присутните да се поврзат, да споделат искуства и да поттикнат потенцијални соработки.
Kонференцијата „Круг на нови можности“ уште еднаш ја докажа посветеноста на ПроКредит банка и ЕБОР за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.
“Успехот на овој настан ни дава уште поголем елан за сите иницијативи што ги планираме, а се насочени кон зајакнување на следната генерација на претприемачи“ – заклучија од ПроКредит Банка.
Банки
Народна банка: Каматите на вкупните кредити се намалија, новите заеми поскапеа во август
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во август 2026 година изнесувала 4,67 проценти, што претставува намалување од 0,01 процентен поен во однос на претходниот месец и од 0,23 процентни поени на годишно ниво, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Кај депозитите, просечната каматна стапка останала непроменета во однос на јули и изнесувала 2,18 проценти. На годишно ниво е забележано минимално намалување од 0,01 процентен поен.
Истовремено, податоците покажуваат поинакво движење кај новите банкарски производи. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август се зголемила за 0,26 процентни поени на месечно и за 0,22 процентни поени на годишно ниво, достигнувајќи 4,70 проценти.
Повисоки камати се забележани и кај новопримените депозити. Нивната просечна каматна стапка изнесувала 2,72 проценти, што е зголемување од 0,30 процентни поени во однос на јули и од 0,66 процентни поени во однос на август минатата година.
Каматите за компаниите благо се намалуваат кај постојните кредити
Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити во август се намалила за 0,01 процентен поен и изнесувала 4,33 проценти. На годишно ниво намалувањето изнесува 0,19 процентни поени.
Кај депозитите на компаниите, пак, е забележано зголемување. Просечната каматна стапка изнесувала 2,69 проценти, што е раст од 0,06 процентни поени на месечно и од 0,16 процентни поени на годишно ниво.
Позначителен раст е регистриран кај новоодобрените корпоративни кредити. Нивната просечна каматна стапка достигнала 4,68 проценти, по месечен раст од 0,47 процентни поени. На годишна основа, по неколку месеци на намалување, каматата се зголемила за 0,35 процентни поени.
Кај новопримените депозити на компаниите каматната стапка изнесувала 2,75 проценти, при месечен раст од 0,77 и годишен раст од 0,89 процентни поени.
Каматата на кредитите за населението падна на 5 проценти
Кај домаќинствата продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити. Во август таа изнесувала 5 проценти, што е намалување од 0,02 процентни поени во однос на јули и од 0,27 процентни поени на годишно ниво.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата останала непроменета на месечно ниво и изнесувала 2,11 проценти. Во споредба со август минатата година, таа е пониска за 0,03 процентни поени.
Кај новоодобрените кредити за домаќинствата немало промена во однос на претходниот месец, па просечната каматна стапка останала на 4,73 проценти. На годишно ниво, сепак, таа е повисока за 0,05 процентни поени.
Новопримените депозити на домаќинствата во август носеле просечна камата од 2,72 проценти, што претставува зголемување од 0,07 процентни поени на месечно и од 0,54 процентни поени на годишно ниво.
Податоците на Народната банка покажуваат дека, иако просечните камати на вкупното кредитно портфолио продолжуваат благо да се намалуваат, кај новоодобрените кредити во август е забележан раст на каматните стапки. Од друга страна, повисоките камати на новопримените депозити значат и нешто подобри услови за новото штедење во банките.
Банки
НЛБ Банка ја исплати септемвриската пензија
НЛБ Банка информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец септември, а средствата веќе им се достапни на пензионерите.
Од Банката посочуваат дека корисниците можат веднаш да располагаат со средствата и ги охрабруваат пензионерите да ги користат достапните дигитални и безготовински канали за плаќање.
„Ве советуваме вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство“, наведуваат од НЛБ Банка.

Со ова, пензионерите кои својата пензија ја примаат преку НЛБ Банка можат да ги користат средствата уште веднаш, без потреба од чекање на шалтер.
Банки
НЛБ Банка ја отвора новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ за студентите
НЛБ Банка Скопје на 1 октомври ќе ја отвори новата NLB Next зона со „AFTER CLASS“ настан во Паркчето Кино Карпош.
Настанот е најавен како неформален почеток на новата академска година и е наменет пред сè за студентите и младите.
Програмата ќе трае од 14:00 до 16:00 часот, а за атмосферата ќе се погрижи DJ THE AFT3R. Предвидени се и street food понуда и коктели.
Од НЛБ Банка ги повикуваат младите по првите предавања да се соберат во Паркчето Кино Карпош и заедно да го одбележат стартот на академската година.

Со отворањето на новата NLB Next зона, Банката продолжува со активности насочени кон помладата генерација и создавање простор за дружење, комуникација и современо банкарско искуство.
-
Банкипред 2 месециПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка ја исплати паричната помош за корисниците на социјална, детска и цивилна заштита
-
Банкипред 1 месецНОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
-
Банкипред 1 месец10% поврат на средства со Mastercard картичките на Стопанска банка секој први во месецот





