Connect with us

Банки

Успешен настап на екипата на ТТК Банка на Банкарските игри

Објавено

на

Во периодот од 16 до 18 мај 2025 година, Охрид повторно беше домаќин на традиционалните Банкарски игри, организирани од Сојузот на финансиски организации на Македонија (СФОМ) – собир кој го обединува банкарскиот сектор преку спорт, забава и тимски натпреварувачки дух.

ТТК Банка АД Скопје беше една од највпечатливите учеснички на овогодинешното издание, со тим од 19 ентузијастични и мотивирани вработени кои се натпреваруваа во различни спортски дисциплини. Посветеноста и енергијата на тимот резултираа со бронзен медал и пехар во женска конкуренција во тенис, заслужено признание за трудот и спортскиот ентузијазам.

Учеството на Банката не беше само во знакот на медалите, туку и на поддршката на здравиот и активен начин на живот, градењето на корпоративната култура и зацврстувањето на внатрешната тимска кохезија.

„Горди сме на нашите вработени кои ја претставија ТТК Банка со посветеност и спортски дух. Овој настан ја потврдува нашата заложба за инвестирање во луѓето, не само професионално, туку и лично“, изјавија од ТТК Банка.

ТТК Банка останува посветена на поддршката на спортот, благосостојбата на вработените и продолжува да биде пример за институција што активно ги промовира позитивните вредности во деловното опкружување.

Банки

Добре дојде во светот на Bonus Box – новата програма за лојалност од Комерцијална банка

Објавено

на

Со задоволство ја стартуваме BonusBox – новата програма за лојалност од Комерцијална банка. Создадена е за да ја награди твојата лојалност и секојдневно да ти носи вредност и дополнителни придобивки од секое плаќање со твојата Debit Mastercard World дебитна картичка од Комерцијална банка.

BonusBox е дизајнирана за да биде едноставна и корисна. Потребни се само три чекори за да започнеш да ја користиш:

  1. Регистрирај ја твојата Debit Mastercard World картичка во платформата BonusBox
  2. Почни да собираш поени со секоја трансакција
  3. Користи ги поените за поврат на средства на твојата сметка, плаќање со поени или за избор на подарок-картичка

Во текот на промотивниот период до 30.09.2025, сите корисници кои ќе ја регистрираат својата Debit Mastercard World картичка во BonusBox ќе ги добијат неискористените поени од претходната програма за лојалност и ќе добиваат двојно повеќе поени за секоја трансакција со картичката во странство.

Тоа значи дека уште од самиот почеток си во плус, а секојдневните трансакции понатаму ќе ти носат сè повеќе вредност.

Ако имаш Debit Mastercard World картичка од Комерцијална банка, активирај го BonusBox и почни да собираш поени.

Ако сè уште немаш, сега е идеално време да аплицираш.

Дознај повеќе за BonusBox на следниот линк.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка – горд поддржувач на кампот „Остваруваме кампување“ за лица со попреченост

Објавено

на

Секоја фотографија од годинашниот камп „Остваруваме кампување“ за лица со попреченост нѐ прави горди на нашата поддршка за овој значаен проект на Центарот за младински активизам ЦМА Крик во соработка со Сојузот на извидници на Македонија.

Комерцијална банка со задоволство финансиски ја поддржа оваа иницијатива затоа што веруваме во еднакви можности за сите и среќни сме кога помагаме иницијативи што носат радост, пријателство и безгрижни моменти во природа.

Кампот „Остваруваме кампување“ значи повеќе од забава – тоа е можност за социјална инклузија, јакнење на самодовербата и подобар квалитет на живот на лицата со попреченост.

Голема пофалба за ЦМА Крик и Сојузот на извидници на Македонија за нивниот ентузијазам и посветеност да создадат средина каде секој се чувствува прифатен и вреден. Полесно e заедно дa градиме заедница без граници.

ПР објава

Продолжи со читање

Банки

„Во сенка“ – краток филм на Халкбанк за мирот, радоста и убавината што ја дарува зеленилото

Објавено

на

Халкбанк, преку ХалкЕко платформата за грижа кон природата и заедницата, со исклучително креативен пристап потсетува на иницијативата за засадување на 1.000.000 садници низ државата. „Во Сенка“, краткиот филм со кој банката го поддржа овој проект, е одговор на прашањето што сѐ носи една сенка со себе?

„Во Сенка“ преку низа кратки, автентични и искрени моменти опфатени под само едно дрво во текот на само еден сончев ден, ја доловува магијата на сенката како место каде што животот всушност недвосмислено се одвива. Овој проект, кој е креативна соработка помеѓу Халкбанк и Меккен Скопје, на суптилен но моќен начин, во својата основа ја носи вредноста и важноста на дрвото, преку сенката што ја создава.

Во ова кратко, но ефективно љубовно писмо кон природата, користејќи го дрвото како симбол на живот и обнова, Халбанк потсетува на важноста од грижа и свесност кон природата, начело кое е основа на ХалкЕко платформата.

„Со садењето на 1.000.000 садници, Халкбанк директно и недвосмислено дава свој придонес за позелена иднина на оваа земја. Но, со овој проект, ние одиме чекор понатаму, со цел да ја промениме перцепцијата за одговорноста кон природата која изминатиот период претрпе сериозни загуби и да поттикнеме трајна грижа за дрвјата. Филмот „Во сенка“ е креативен повик за акција, потсетување дека секое дрво е важно и дека, со малку грижа, можеме да создадеме едно подобро, позелено и побезбедно утре“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка за маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.

Погледнете го „Во Сенка“ на YouTube каналот на Халкбанк, или на кој било од профилите на социјалните медиуми на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange