Connect with us
no baners

Наградни игри

„Светот ти светка!“ со новата наградна игра на Халкбанк

Објавено

на

СВЕТОТ ТИ СВЕТКА!“ е новата голема наградна игра на Халкбанк АД Скопје и Mastercard, која на сите полнолетни физички лица кои се клиенти на банката им нуди можност да станат потенцијални добитници на ваучер за патување во износ од 1000 евра.

Наградната игра започна на 25.12.2023, а истата е предвидено да трае сѐ до 25 февруари, по што ќе бидат извлечени 15 добитници на атрактивната награда. Вкупниот награден фонд за Наградната игра изнесува 930.000 денари.

Во наградната игра право на учество имаат сите полнолетни физички лица кои се клиенти на Халкбанк АД Скопје и се корисници на Mastercard дебитни и/или кредитни платежни картички (Mastercard Debit Contactless; Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless; Mastercard World Contactless), и кои имаат направена валидна трансакција користејќи ги картичките на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали, трансакции со мобилната апликација и трансакции направени со Garmin Pay достапен за Garmin часовник, а кои на денот на завршувањето на наградната игра немаат повеќе од 90 дена достасани неподмирени обврски кон Халкбанк АД Скопје. 

Услови за учество во наградната игра: 

  • Една шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard дебитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали.
  • Двојна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции со Mastercard кредитна картичка издаденa од Халкбанк АД Скопје на мрежата на ПОС и/или виртуелни ПОС терминали.
  • Tројна шанса за учество добиваат клиентите кои што направиле 10 валидни трансакции преку HalkPay мобилната апликација и GarminPay опцијата за бесконтактно плаќање со дигитализирана Mastercard кредитна или дебитна картичка.

Правилата за наградната игра може да ги погледнете на следниот линк, додека за учество на наградната игра потребно е да се пријавите на следниот линк.

Светот те повикува, искористи ја шансата за учество и биди потенцијален добитник на ваучер за патување! 

Банки

Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје, во соработка со Visa, ја започнува наградната игра „Доживејте ја Будимпешта во полна брзина со картичките Visa на Халкбанк“ – ексклузивна можност за еден добитник да отпатува во Будимпешта и да биде дел од уникатно искуство со Visa Cash App Formula 1 Racing Bulls тимот.

Наградната игра ќе се реализира во периодот од 20 мај до 20 јуни 2025 година, а право на учество имаат сите физички лица кои во тој период ќе направат минимум пет трансакции со Visa дебитна или кредитна картичка издадена од Халкбанк, во вкупен износ од најмалку 10.000 денари. За учеството да биде валидно, потребно е и да се пополни електронската пријава за согласност, достапна на официјалната веб-страница на Банката.

Во извлекувањето што ќе се одржи на 25 јуни 2025 година ќе влезат сите пријавени учесници кои ги исполнуваат горенаведените услови и имаат активна Visa картичка на денот на извлекувањето. Само трансакциите направени во рамки на наградниот период и само пријавените корисници ќе бидат земени предвид при изборот на добитникот.

Со оваа иницијатива, Халкбанк и Visa нудат повеќе од награда – нудат вистинско доживување. Без дополнителен напор, без сложени процедури – само со секојдневно користење на Visa картичката, добивате шанса за незаборавно патување исполнето со адреналин, енергија и нови спомени, во еден од највозбудливите европски градови.

Деталите се на официјалната веб страница на банката, а ако ги исполнувате условите, вие сте веќе на половина пат до Будимпешта.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка АД – Скопје ги извлече првите 40 добитници од големата роденденска наградна игра со Mastercard

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги извлече првите 40 среќни добитници од големата роденденска игра во соработка со Mastercard и истите се објавени во денешното издание на дневниот весник „Нова Македонија“. Поради заштита на личните податоци, објавени се иницијалите на сите добитници, нивните ID броеви и градот/општината. 

Добитниците ќе бидат контактирани телефонски преку Контакт центарот на Стопанска банка АД – Скопје. 

Наградната игра продолжува до 28.02.2025 и притоа секоја трансакција направена со Mastercard картичките од Стопанска банка АД – Скопје ве носи на чекор поблиску до добивка. 

ДОБИТНИЦИТЕ

Правилата се достапни на веб страницата на Стопанска банка АД – Скопје.

Продолжи со читање

Наградни игри

ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! – Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!

Објавено

на

Дали сте подготвени за патување што долго ќе го паметите? Шпаркасе Банка и VISA ја стартуваат големата наградна игра – „Ich Liebe Dich, Berlin!“ и „AmsterDAMN!“ за сите корисници на Vibe on пакетот за млади.

Наградната игра е наменета за сите физички лица со навршени 18 години, кои се корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe On. Лицата корисници на платежна картичка Visa и пакет за млади Vibe on на Шпаркасе Банка, за секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500 МКД, добиваат шанса за учество во наградната игра. Колку повеќе трансакции во износ поголем или еднаков на 500 МКД, повеќе шанси за добивка. Наградната игра ќе трае сè до 15.8.2024 година.

Извлекувањето на наградите ќе биде на 27.8.2024 година каде што ќе се извлекуваат 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Берлин и уште 5 добитници со по 2 ваучера за патување во Амстердам, односно еден ваучер за среќниот добитник и уште еден за својот партнер, другар, пријател или член на фамилија, кој ќе одлучи да го поведе на патувањето.

Подгответе ја Вашата платежна картичка Visa на Шпаркасе Банка и пакетот за млади Vibe on, почнете со купување и влезете во игра за Берлин или Амстердам.

Шпаркасе Банка ги поттикнува и ги охрабрува младите да веруваат во иднината и да ги искористат можностите што ги очекуваат.

Во наредниот период Шпаркасе Банка ќе спроведе нови проекти дизајнирани специјално за младите. Од врвни финансиски производи до креативни настани, финансиска едукација, ексклузивни можности, попусти и промоции. Банката е тука да ги поддржи младите на нивниот пат за подобра финансиска иднина.

За повеќе информации околу наградната игра, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk, обратете се во Контакт центарот на 02/150-50 или во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

Продолжи со читање

Популарно