Connect with us
no baners

Банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје: Неработни денови за велигденските празници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека поради претстојните велигденски празници, филијалите на Банката нема да работат на следните денови:

  • Петок, 18 април 2025 година – Велики Петок
  • Понеделник, 21 април 2025 година – Втор ден на Велигден

За време на празниците, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.

ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, МИПС плаќањата ќе бидат достапни само во петок, 18 април 2025 година.

Раководството и вработените на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници им ги честитаат велигденските празници, со желби за здравје, среќа и благосостојба.

Банки

Штедни книшки „Верверичка“ од Комерцијална банка за бебињата родени на Денот на штедењето

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година го одбележа Денот на штедењето со дарување штедни книшки „Верверичка“ со депозит од 5.000 денари за сите бебиња родени во земјата на 31 октомври.

Со оваа традиционална акција, Банката секоја година испраќа порака дека финансиската сигурност може да започне уште од најмала возраст. Штедната книшка „Верверичка“ е повеќе од подарок за секое новороденче. Таа е симбол на нашата грижа да придонесеме за градење култура на штедење и одговорност кон финансиската сигурност на нашите најмили.

Штедењето од најмала возраст е една од највредните лекции кои можеме да ги пренесеме на следните генерации. Затоа „Верверичката“ на Комерцијална банка заедно со родителите веќе две децении гради подобра иднина за нашите деца.

Продолжи со читање

Банки

Симона Трајковска, Халук Џафер и Амра Салијовска најдобри банкарски службеници од Халкбанк АД Скопје за 2025 година

Објавено

на

По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од Халкбанк АД Скопје – Симона Трајковска, Халук Џафер и Амра Салијовска.

Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.

„По повод денот на штедење, во организација на МБА беа доделени признанија за најуспешните шалтерски службеници, кои со својата посветеност, љубезност и професионалност секојдневно допринесуваат за подобра услуга и задоволни клиенти. Честитки до нашите колеги – Симона Трајковска, Амра Силјановска и Халук Џафер за наградата“, велат од Халкбанк АД Скопје.

Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.

Продолжи со читање

Банки

Промени во органите на управување на Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонска берза, Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека врз основа на Одлука на Надзорниот одбор бр. 115/2025 од 31.10.2025 година, г-ѓа Верица Костова е именувана за независен член на Одборот за ревизија на Банката, со мандат во траење од две години.

Со ова именување, Банката продолжува да ја зајакнува својата посветеност кон високите стандарди на корпоративно управување, транспарентност и независен надзор. Одборот за ревизија има клучна улога во следењето на процесите на финансиско известување, внатрешната контрола и усогласеноста со регулативата, што претставува важен дел од системот на корпоративно управување на Банката.

Г-ѓа Костова поседува долгогодишно искуство во областа на финансии, ревизија и сметководство, стекнато преку ангажмани во приватниот и јавниот сектор, со што ќе придонесе за понатамошно унапредување на надзорната функција и ефективноста на Одборот за ревизија.

Со овој чекор, Стопанска банка АД – Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба за одговорно корпоративно управување и примена на најдобрите практики во банкарскиот сектор.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange