Банки
Од бесплатни услуги до премиум привилегии, сè во една банка
Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот, да се биде клиент на Халкбанк значи можност, секојдневно да добивате повеќе.
Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти, приматели на плата/пензијаовозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати, на сите банки, во земјата, со Mastercard дебитната картичка.
За младите до 24 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка, со бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронско и мобилно банкарство, Visa PayWave дебитна платежна картичка – без надоместок за годишна членарина со која можете да повлекувате готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и лесни пензионерски денови, преку редовна и навремена исплата на пензијата пред секој 1ви во месецот, како и преку овозможување на бесплатни услуги кои се дел од специјалниот Пакет за пензионери. Пензионерите добиваат бесплатна MasterCard дебитна картичка со која можат да подигнуваат готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, а дополнително и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација. Интерните налози на шалтерите на банката се без провизија. За секоја направена трансакција, пензиониерите добиваат и бесплатни СМС известувања.
За оние што што бараат нешто повеќе, тука се Премиум картичките на банката.
Во премиум програмата, Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат едно поразлично ниво на искуство.
Со дебитната премиум картичка Visa Platinum следувабесплатно подигање на готовина во странство, бесплатноелектронското банкарство и СМС инфо, како и 2 бесплатни посети на LoungeKey и Fast Track услугата, додека со Mastercard World Debit добивате бесплатно годишен пристап од 6 влеза до аеродромските LoungeKey салони, како и Асистенција на пат – пакет Европа. Со Мastercard World Credit овозможен е бесплатен пристап до Lounge Keyсалоните за над 1400 аеродроми во светот, кадешто ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалоци,Wi-Fi, електрични приклучоци, весници и она најважното, мир.
Со Visa Gold премиум картичката, корисниците покрај можноста за пристап до висок кредитен лимит и полиса за осигурување од незгода може да уживаат во привилегијата на бесплатна Fast Track услуга на аеродромот во Скопје, која овозможува побрзо завршување на административните формалности во делот за полетување, а кои вклучуваат пасошка контрола и безбедносна проверка.
Преку кредитната картичка Visa Travel се добива пристап идо иновативните ORYX услуги, кои нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба и Drive Angel мобилна апликација која ги предупредува возачите на небезбедно возење, овозможува итни повици и повици во случај на несреќа и многу повеќе.
Како приматели на плата и корисници на Халк Смарт пакетот, за само 150 денари месечен трошок, добивате дебитна картичка со можност за повлекување готовина од сите банкомати, на сите банки во земјата без провизија, без годишна членарина и без трошок за редовно реиздавање. Во рамки на пакетот е вклучено и електронско т.е. мобилно банкарство, без никакви дополнителни трошоци за месечно одржување, како и со неограничен број на бесплатни електронски, интерни или меѓубанкарски, налози ПП30 и ПП50. Со пакетот добивате и бесплатни СМС известувања за сите извршени трансакции. Како дополнителна вредност за корисниците на пакетот, вклучен е и подарок ORYХ Home Аssistance – поддршка за поправки во домот, без надомест.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга, добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк е ваш доверлив финансиски партнер.
ПР објава
Банки
Ѓорѓи Атанасовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2025 година
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, за најдобар банкарски службеник.

“Горди сме на нашиот колега Ѓорѓи Атанасовски за професионалноста, посветеноста и придонесот во работата. Честитки колега за ова заслужено признание! ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.
Банки
Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка
Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.
Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Банки
УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади
Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.
Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.
Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.
Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.
Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.
Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој


