Банки
Комерцијална банка со значајни поволности за клиентите – се укинуваат и намалуваат повеќе надоместоци за физички и правни лица
Комерцијална банка донесе одлука за измени во својата Тарифа, имајќи го предвид променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија, со што значително ги намали надоместоците на услугите за граѓаните и компаниите.
Со цел да обезбедиме поголемо корисничко задоволство и да ја поттикнеме финансиската инклузија, од 1 октомври ги намалуваме надоместоците за платежни услуги за физички лица и до 66%, а дел од нив целосно ги укинуваме.
Со овие измени Комерцијална банка значајно го олеснува користењето платежни сметки, банкарски картички и електронско банкарство, како и вршењето трансфери на средства.
Целосно ќе се укинат дел од надоместоците за физички лица. Кредитните трансфери во интерен платен промет кон платежни сметки на физички лица преку електронско банкарство (Интернет банка и мБанка) и натаму остануваат без надомест, а отсега без надомест ќе бидат и трансферите преку електронско банкарство кон платежни сметки на правни лица во Банката. Се укинува и надоместокот за повлекување готовина од платежна сметка во девизи и од неорочени штедни депозити во девизи на резиденти физички лица.
Како лидер и носител на најновите трендови во дигиталното банкарство во земјава, Банката одлучи електронското банкарство за физички лица да го овозможи без надомест за клиентите што ќе изберат некој од КБ пакетите. Исто така, со новите услови наместо досегашните три, физичките лица месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат. Стандардните дебитни картички за приматели на плата и пензија и натаму остануваат без надомест, а водењето платежна сметка за физички лица, како и до сега, ќе се наплаќа само доколку клиентот има активност во тековниот месец.
Воедно, Банката до 66% ќе ги намали голем број од надоместоците за платежни услуги за физички лица. Намалувањето се однесува на најразлични услуги поврзани со секојдневното финансиско работење на граѓаните:
- Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон платежни сметки на физички и правни лица во Банката – намалување во просек за 66%
- Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку КИБС – намалување во просек за 55%
- Кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку КИБС – намалување во просек за 35%
- Кредитен трансфер преку шалтерите на Банката кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 64%
- Кредитен трансфер преку електронско банкарство кон сметки во други банки преку МИПС – намалување за 50%
- Месечен надомест за одржување платежна сметка со основни функции – намалување за 41%
- Месечен надомест за користење електронско банкарство (Интернет банка или мБанка) –намалување во просек за 45% и ќе се наплаќа само доколку клиентот ја користи услугата во текот на месецот
- Месечен надомест за користење КБ пакети – намалување во просек за 43%
- Повлекување готовина со дебитна картичка од банкомат на друга банка во земјата – намалување за 40% кај минималниот надомест.
- Уплата во готово преку МИПС – намалување за 62%
- Повлекување готовина од платежна сметка во денари и од неорочени штедни депозити на резиденти преку шалтерите на Банката – намалување за 66% кај минималниот надомест.
Овие нови поволности се дел од посветеноста на Банката кон креирање уште поефикасни и подостапни лични финансии за сите граѓани – без разлика на возраста, местото на живеење или технолошката подготвеност.
Истовремено, Банката донесе одлука за укинување на надоместокот за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон други сметки во Банката, извршени преку електронското банкарство.
Извршени се и намалувања на надоместоците за кредитни трансфери од сметки на правни лица кон сметки во други банки преку платните системи КИБС и МИПС, со намалување и до 30% на трансферите извршени преку електронското банкарство.
Овој потег на Комерцијална банка е израз на мотото „Полесно е заедно“, во кое длабоко веруваме. Како системски значајна банка која ја има довербата на над 300.000 клиенти физички лица со активни сметки и над 23.500 компании со активни сметки, Комерцијална банка останува доследна на својата мисија да обезбедува иновативни, пристапни и кориснички ориентирани финансиски решенија, кои го олеснуваат секојдневието на луѓето и придонесуваат кон успешен и напреден економски систем.
Повеќе детали за намалувањата на надоместоците за физички лица кои ќе важат од 1 октомври се достапни на следниот линк.
Деталите за намалувањата на надоместоците за правни лица, кои исто така ќе важат од 1 октомври, се достапни на следниот линк.
ПР објава
Банки
НБРСМ: Негативната нето финансиска позиција на економијата достигна 615,5 милијарди денари
Негативната нето финансиска позиција на домашната економија на крајот од првиот квартал на 2026 година изнесувала 615,5 милијарди денари, односно 54,4 проценти од бруто домашниот производ, покажуваат кварталните податоци на Народната банка.
Во текот на првите три месеци од годината, нето-задолжувањето на националната економија изнесувало 20,5 милијарди денари или 8,5 проценти од кварталниот БДП. Најголемо нето-задолжување било забележано кај нефинансиските друштва, во износ од 18,3 милијарди денари, како и кај државата, со 9,8 милијарди денари. Истовремено, финансискиот сектор остварил нето-позајмување од 4,4 милијарди денари, а домаќинствата од 3,3 милијарди денари.
Вкупните финансиски средства на националната економија достигнале 4.839 милијарди денари, што претставува раст од 133 милијарди денари во споредба со претходниот квартал. Вкупните финансиски обврски, пак, изнесувале 5.454 милијарди денари и биле повисоки за 140 милијарди денари. Најголем придонес кон растот на средствата и обврските имале финансиските друштва и државата.
Долгот на нефинансиските друштва на крајот од кварталот изнесувал 674,5 милијарди денари, што е зголемување за 12,1 милијарда денари. Компаниите најмногу се задолжувале кај банките, а потоа во странство.
Кај домаќинствата, позитивната нето финансиска позиција изнесувала 963,5 милијарди денари или 85,1 процент од БДП. Нивниот долг достигнал 303,7 милијарди денари, односно 26,8 проценти од БДП, што е квартален раст од 7,8 милијарди денари. Дури 93,7 проценти од долгот на домаќинствата се однесува на банкарски кредити.
Банки
Гувернерот на Риксбанк: Независноста е клучна за довербата во централните банки
Независноста на централните банки е еден од најважните предуслови за одржување на ниска и стабилна инфлација, доверба во парите и стабилен финансиски систем, оценува гувернерот на Шведската централна банка, Ерик Тедеен.
Во интервју по повод одбележувањето 80 години централно банкарство на Народната банка на Република Северна Македонија, Тедеен нагласува дека политичките притисоци врз монетарната политика стануваат сè почести, дури и во земјите во кои независноста на централните банки традиционално има силна поддршка.
Според него, централните банки што самостојно ги носат одлуките имаат поголема можност долгорочно да ја задржат инфлацијата на ниско и стабилно ниво. Како дополнителен ризик тој го посочува влошувањето на јавните финансии во голем број земји, што може да доведе до поголемо влијание на фискалната политика врз монетарните одлуки.
Говорејќи за улогата на централните банки, Тедеен истакнува дека нивните основни цели и натаму остануваат макроекономската и финансиската стабилност, како и зачувувањето на вредноста на парите.
Тој предупредува и на ризикот од прекумерно проширување на надлежностите на централните банки. Според него, тие треба внимателно да проценат дали новите економски и општествени прашања се во рамките на нивниот законски мандат, бидејќи излегувањето надвор од овластувањата може да ја наруши довербата на јавноста и демократската легитимност на нивната независност.
Како пример ги наведува климатските промени, кои можат да влијаат врз инфлацијата, синџирите на снабдување и финансиската стабилност, но нагласува дека централните банки не треба да носат политички одлуки за изборот на енергетски извори.
Тедеен потсетува дека Риксбанк, основана во 1668 година и позната како најстара централна банка во светот, и денес ги задржува основните принципи врз кои била создадена – работа во јавен интерес, грижа за економската стабилност, сигурен платен систем и одржување на довербата во финансискиот систем.
Извор: НБРМ
Банки
НЛБ Банка ја исплати јулската пензија
НЛБ Банка АД Скопје информира дека е извршена исплатата на пензиите за месец јули и дека средствата им се достапни на пензионерите веднаш.

Од банката ги советуваат корисниците да го заштедат своето време преку користење на мрежата на банкомати, безготовинско плаќање во продажните места, како и преку електронското и мобилното банкарство.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни
-
Продуктипред 4 неделиИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство

