Банки
Шпаркасе Банка продолжува со поддршката на зелени проекти – учествуваше на конференцијата на МАРЕС за обновливи извори на енергија
Шпаркасе Банка продолжува со својата посветеност на поддршка на зелени проекти и инвестиции во обновливи извори на енергија. Тимот на Шпаркасе Банка втора година по ред со гордост учествуваше на годишната конференција на МАРЕС – Македонското здружение за обновливи извори на енергија.
На панел-дискусијата на тема „Отклучување на обновливите извори на енергија – капацитет, локации, спојување на пазарот, размена на електрична енергија и финансиски механизми“, учествуваше г. Благоја Устијаноски, директор за Корпоративни клиенти, каде што зборуваше за можностите за инвестирање, механизмите и стандардите за финансирање, како и за предизвиците и бариерите во спроведување на овие инвестиции.
Во рамки на панел-дискусијата се истакнаа важните аспекти за финансирање и развој на зелени проекти. Во своето излагање, Устијаноски ја објасни важноста на соработката помеѓу финансиските институции, инвеститорите и регулаторите за успешно имплементирање на обновливите извори на енергија, како и за премостување на бариерите во овој сектор.
Долгорочно, Шпаркасе Банка активно работи посветено на поддршка на развојот на зелени проекти преку:
- Финансирање на иницијативи за обновливи извори,
- Олеснување на процесите за заинтересираните инвеститори,
- Обезбедување советодавна поддршка за структурирање на идни трансакции.
Преку овие активности, Шпаркасе Банка се стреми да го зголеми локалниот капацитет за енергија од еколошки извори и да допринесе за одржлива и зелена иднина за сите нас.
Банки
Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации
Во духот на поддршката за македонскиот спорт и заедницата, Комерцијална банка обезбеди дополнителна финансиска поддршка од 2.000.000 денари за македонскиот фудбал со цел да го награди успехот на репрезентацијата во Лигата на нации.
Комерцијална банка ѝ честита на македонската фудбалска репрезентација за освоеното прво место во Лигата на нации и за пласманот во поквалитетна група.
Успехот на фудбалерите како спортско достигнување е инспирација за сите млади спортски надежи во земјава дека со посветеност, тимски дух и силна верба во заедничката цел може да се постигнат одлични резултати.
„Комерцијална банка, како општествено одговорна институција, продолжува да ги поддржува врвните напори и достигнувања на македонските спортисти и да инвестира во развојот на спортот во нашата земја. Веруваме дека оваа награда ќе биде дополнителен поттик за македонските фудбалери да продолжат со нови успеси на меѓународната фудбалска сцена“, велат од банката.
Комерцијална банка официјално стана пријател на македонскиот фудбал во 2021 година, во пресрет на премиерното учество на Македонија на ЕУРО 2020 и во изминатите години обезбеди значајна финансиска поддршка за ФФМ, репрезентациите и за негување на фудбалот како спортска активност која создава здрави, амбициозни и одговорни млади генерации.
Банки
Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено пречекорување на тековната сметка.
Со широк избор на кредити прилагодени на различни потреби и можности, Халкбанк нуди поволни услови кои се во согласност со финансиските планови на секој клиент без разлика дали се работи за големи проекти или секојдневни потреби.
Па така, кај потрошувачките кредити, кои по правило се најбарани бидејќи средствата можат да се искористат на најразлични намени – тековни потреби, реновирање, образование, патување и други лични потреби, постојат повеќе понуди со различни услови, па секој може да одбере производ што најмногу му одговара. Потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата е со рок до 95 месеци, и максимален износ до 1.500.000 мкд. Кредитот е без трошоци за провизија за обработка на кредитот и провизија за предвремена ликвидација.
Тука е и Онлајн кредитот со кој може да се обезбедат средства до 600.000 денари, при што со само неколку клика, во рок од неколку минути, на Вашата сметка ги добивате потребните финансиски средства. За да аплицирате за ONLINE кредит треба да сте корисник на електронско банкарство во Халкбанк АД Скопје и да сте примател на плата или пензија во банката. Каматната стапка е фиксна од 8,5% годишно, а рокот на отплата е до 84 месеци.
Идеални за стекнување свој дом се станбените кредити на Халкбанк. Наменскиот станбен кредит обезбеден со полиса за животно осигурување и полиса од незгода може да се користи за купување стан или куќа, како и рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит. Кредитот е со рок на отплата до 360 месеци, почнувајќи од 3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или почнувајќи од 3,4% фиксна каматна стапка за првите 10 години. Провизијата за обработка на кредитот е 0%.
Осигурителните полиси кои се вклучени кај одделни производи овозможуваат заштита на имотот на клиентот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Со Халкбанк АД Скопје секој чекор кон остварување на вашите финансиски цели е полесен. Без разлика дали сонувате за нов дом, автомобил или ви се потребни средства за остварување други планови, кредитите на Халкбанк се вистинскиот избор.
Банки
Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава.
На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж.
- Банкипред 2 месеци
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Банкипред 3 недели
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 3 недели
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Колумнипред 4 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Продуктипред 2 месеци
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 2 месеци
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 2 месеци
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 2 месеци
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери