Connect with us

Осигурување

Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Објавено

на

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра.

Вкупно 297.559 граѓани го осигурале животот заклучно со крајот на септември 2022 година. Во осигурување живот за овој период се вложени 1,56 милијарди денари (25,4 мил.евра), покажуваат податоците кои петте компании за осигурување живот ги доставија до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 година  пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период од една година.

Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има осигурителниот продукт популарно познат како ризико осигурување. Со него во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Ризико осигурување на крај на септември 2022 година имале над 237.000 лица што е за 52 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година. Причина за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Од сите договори за осигурување живот над 48.300 се со штедна компонента . Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Продажбата на овој осигурителен продукт бележи благ пад од 4 отсто во споредба со претходната година. Вкупно за овој период во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 828,1 милиони денари (13,3 мил.евра)

Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. За првите девет месеци лани во овој продукт 11.800 граѓани вложиле 318,8 милиони денари (5,2 мил.евра).

Во овој период во продажбата на животно осигурување учествуваат пет осигурителни компании. „Кроација осигурување“ учествува со 31 отсто, „Граве“ со 22 отсто, „Винер лајф“ со 18 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 17 отсто и „Уника лајф„ со 12 отсто.

Компаниите за осигурување живот во првите девет месеци во 2022 годинава исплатиле вкупно 484,8 милиони денари (7,9 мил.евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или ако осигуреник починал.

Петте друштва за осигурување на живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на трет квартал лани изнесува 11 милијарди денари (179,6 мил.евра) што претставува 36 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување се усогласени со овие законски барања, во континуитет.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби, и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

Бизнис

Триглав ќе дели бруто дивиденда од 3 евра по акција

Објавено

на

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав предлагаат распределба на дивиденда во износ од 68,2 милиони евра, што е за 7% повеќе од минатата година.

Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на овогодинешното Годишно собрание на акционери, ќе предложат исплата на дивиденда од 3,00 евра бруто по акција, односно вкупно 68,2 милиони евра. Предложената дивиденда е во согласност со дивидендната политика на Друштвото и претставува распределба на 50% од нето-добивката на Групацијата Триглав за 2025 година.

Се очекува известувањето за свикување на овогодинешното Годишно собрание на акционери на Заваровалница Триглав да биде објавено на 23-ти април 2026 година, а Годишнто собрание е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

Андреј Слапар, претседател на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, изјави: „Наша цел е да обезбедиме акцијата на Триглав да остане стабилна, профитабилна и сигурна инвестиција што ги исполнува очекувањата на акционерите, вклучително и преку нејзиниот дивиденден принос. Оваа година, предложивме распределба на дивиденда во износ еднаков на половина од минатогодишната консолидирана нето-добивка, што е во согласност со дивидендната политика. Во моментов, тоа претставува приближен дивиденден принос од 4,8% на акцијата ZVTG, што е над просекот за европските осигурители. Овој предлог, на избалансиран начин ги зема предвид сите цели на дивидендната политика, вклучително и остварувањето на високите амбиции во однос на развојот и растот на Групацијата Триглав во стратешкиот период. Истовремено, ќе продолжиме да обезбедуваме капиталната адекватност на Групацијата Триглав да остане во рамки на целниот опсег на среден рок, бидејќи таа претставува основа за успешно работење и сигурност на нашите клиенти. Сметаме дека предложената дивиденда овозможува развој на Групацијата Триглав во посакуваната насока, а притоа продолжува да ги исполнува очекувањата на акционерите.“

Предлогот на Управниот одбор и на Надзорниот одбор во однос на овогодинешната дивиденда е во согласност со дивидендната политика и политиката за управување со капиталот на Групацијата Триглав. Тој ѝ овозможува на Заваровалница Триглав да одржува соодветно ниво на капитал потребно за обезбедување на целната среднорочна капитална адекватност, паралелно со континуиран раст на работењето. Воедно, настојува да ги исполни очекувањата на акционерите што произлегуваат од дивидендната политика, остварените деловни резултати и деловниот развој на Заваровалница Триглав. Доколку капиталните барања на Заваровалница Триглав се зголемат во иднина, ќе се постапува во согласност со усвоената политика за управување со капиталот.

Надзорниот одбор го одобри ревидираниот Годишен извештај на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав за 2025 година, кој, во согласност со финансискиот календар, ќе биде објавен во понеделник, 30-ти март 2026 година. Се очекува Друштвото на 23-ти април 2026 година да го објави свикувањето на редовното Годишното собрание на акционери, кое е закажано да се одржи на 2-ри јуни 2026 година.

Продолжи со читање

Осигурување

Black Friday понуда на Croatia Осигурување: 70% попуст за годишно патничко осигурување

Објавено

на

Croatia Осигурување објави промотивна Black Friday акција со која нуди 70 проценти попуст на годишно патничко осигурување, достапно до 31 март 2026 година.

Според компанијата, осигурувањето опфаќа покриеност до 120 дена во текот на годината и е наменето за сите кои сакаат сигурност при патување, без разлика на дестинацијата.

Понудата вклучува брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита од непредвидени ситуации кои можат да ги нарушат патувањата. Од компанијата посочуваат дека ваквиот тип осигурување овозможува поголема сигурност и мир за корисниците при нивните патувања.

Акцијата важи исклучиво за пријави направени онлајн преку официјалната платформа на Croatia Осигурување.

Продолжи со читање

Осигурување

Еуролинк осигурување со промотивна понуда за „Бизнис Комплет“ со 40% попуст

Објавено

на

Еуролинк осигурување ја претстави својата понуда „Бизнис Комплет“, наменета за компании кои инвестираат во развој и сакаат дополнителна сигурност за својот бизнис.

Од компанијата порачуваат дека растот на бизнисот подразбира вложувања во нова опрема, простор и идеи, но и потреба од заштита на тие инвестиции. Токму затоа, пакетот „Бизнис Комплет“ нуди решение за осигурување кое овозможува стабилност и сигурност во деловното работење.

Во рамки на актуелната кампања, која трае до крајот на март, клиентите можат да искористат 40% попуст на премијата за првата година, доколку склучат договор на период од три години.

Заинтересираните компании можат да побараат понуда преку телефонскиот број 02/15888 или преку веб-страницата на Еуролинк осигурување.

Од компанијата нагласуваат дека целта на оваа понуда е да им овозможи на претпријатијата да инвестираат послободно и посигурно, знаејќи дека нивниот бизнис е заштитен.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange