Банки
Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Гувернерот Трајко Славески истакна дека иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги веќе ги даде првите резултати и изрази задоволство од одлуките на банките за намалување на трошоците.
Гувернерот Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни системи, се предлага отстранување на дел од постојните ограничувања и значително проширување на услугите што граѓаните ќе можат да ги користат преку платежната сметка со основни функции.
Најзначајните новини се: можност за дозволено пречекорување, можност да се поседува платежна сметка со основни функции дури и ако потрошувачот има други сметки, како и проширен сет бесплатни или евтини услуги – којшто покрај интерните, ќе ги вклучи и меѓубанкарските електронски трансфери, издавањето дебитна картичка и до четири подигнувања готовина месечно од банкоматите на други банки во износ до 2.000 денари по трансакција. Во овој сет влегуваат и други услуги коишто и досега можеа да ги користат граѓаните, односно уплатите и подигнувањата готовина на банкоматите и шалтерите на банката, користењето на електронското и мобилното банкарство, како и плаќањата со платежна картичка на физичките продажни места и во интернет-трговијата.
„Предлагаме цената на услугите коишто ќе може да се користат преку платежната сметка со основни функции да биде поврзана со износот на минималната бруто-плата во земјава и да биде утврдена најмногу на 0,1% од неа, па согласно важечката минимална бруто-плата за 2025 година, таа би изнесувала 36 денари на месечно ниво. За граѓаните коишто ѝ припаѓаат на групата законски корисници на права, односно т.н. ранливи категории граѓани, овие услуги ќе бидат целосно бесплатни“, истакна Славески.
Народната банка ќе работи со банките и на воспоставување национална мрежа на банкомати за подобар пристап до готовина низ целата земја. Оваа идеја би се остварила најдоцна до крајот на наредната 2026 година.
Покрај ова, Народната банка ќе предложи и приспособен пакет за микротрговци – најчесто семејни бизниси коишто имаат ограничени ресурси, со цел да се поттикне финансиската вклученост и дигитализацијата на плаќањата. Се очекува дека поповолните услови за користење на платежните услуги ќе бидат достапни за граѓаните и за микротрговците по донесувањето на законските измени, односно дека ќе бидат во примена од почетокот на 2026 година.
Банки
НЛБ Банка на Плачковица: Тимски дух и енергија што гради успех и незаборавни моменти!

Изминатиот викенд, планината Плачковица беше местото каде што вработените на НЛБ Банка ја споија љубовта кон природата со тимската енергија и заедничкото дружење. Во духот на неформално поврзување и градење колегијални односи, настанот беше исполнет со активности кои го збогатија искуството на сите учесници.
Програмата вклучуваше прошетки до Лумија, велосипедска тура до врвот Бел Камен, а неизбежно беше и уживањето во вкусната домашна храна. Вечерните часови беа резервирани за забава со музика, караоке и логорски оган, активности кои придонесоа за создавање незаборавни моменти и пријатна атмосфера.
„Голема благодарност до сите што беа дел од оваа дружба, вашата енергија, насмевки и позитивен дух ја направија оваа дружба навистина посебна. Повторно докажавме дека сме тим на професионалци кои со иста посветеност со која ги остваруваат деловните цели, умеат и да изградат вистински тимски дух надвор од работното место“, велат од НЛБ Банка.
Посебна благодарност беше упатена до колегите од НЛБ Исток и Синдикатот на НЛБ Банка за одличната организација на настанот.
Со ваквите активности, НЛБ Банка уште еднаш ја потврдува својата заложба за инвестирање во тимот – вредност која е клучна за остварување на заедничките цели и успехот на институцијата.






Банки
Во годината на јубилејот, НЛБ Банка со нова веб страница

Следејќи ја својата стратегија за дигитализација и подобрено клиентско искуство во сите сегменти од своето работење, во годината на одбележување на 40 годишнината од своето основање, НЛБ Банка лансираше и нова веб страница, достапна на линкот www.nlb.mk. Новата веб страница е многу повеќе од визуелно освежување, таа е уште еден исчекор во дигиталната трансформација, унапредедена алатка за модернизација на начинот со кој клиентите ги пребаруваат и користат услугите на Банката.
Новата веб-страницата има интуитивна структура,прегледна содржина, разбирливи информации и лесна навигација, што им овозможува на посетителите на страната унапредено искуство при пребарување на потребните услуги и продукти.
Дополнително, ново-лансираната веб страница има јасно истакнати опции за директен контакт со Банката, како и напредни локатори кои им помагаат на клиентите брзо да го пронајдат најблискиот банкомат и/или експозитура.
Воедно, подобрени се и калкулаторите за кредитните продукти кои ги нуди Банката, што ќе им овозможи на клиентите полесно носење на важните финансиски одлуки, од удобноста на својот дом или од кое било место и во секое време.
Новата веб страница не е само технолошки проект. Таа претставува суштинска алатка на модерна, иновативна и клиентски ориентирана банка.
НЛБ Банка ќе продолжи да ја унапредува својата веб страница, сè со цел, да им обезбеди на посетителите пристап до секоја важна банкарска содржина.
Банки
Комерцијална банка со поддршка за Регионалната школа за срцева слабост – вложување во здравјето и иднината

Комерцијална банка АД Скопје продолжува да ја потврдува својата улога како општествено одговорна институција преку финансиска поддршка на проекти од значење за заедницата. Овој пат, Банката обезбеди финансиска поддршка за Македонското здружение за кардиологија за организација на Регионалната школа за срцева слабост – настан кој има за цел да ја унапреди едукацијата, размената на искуства и примената на најсовремените медицински практики во областа на кардиологијата.
Настанот се одржува во соработка со водечки европски кардиолошки центри од Цирих и Лондон и претставува уникатна можност македонските здравствени професионалци да стекнат директен пристап до најновите знаења и технологии во третманот на срцевата слабост. Со тоа, придобивките ќе бидат пренесени и кон пациентите во земјава, преку подобра дијагностика, ефикасна терапија и квалитетна грижа.
Регионалната школа за срцева слабост ќе се организира еднаш годишно и ќе носи во Македонија врвни европски кардиолози со цел размена на експертиза, практични искуства и најдобри медицински стандарди. Со ваквиот пристап, македонското здравство добива значаен поттик за надградување на сопствените капацитети и континуирана едукација на специјалистите.
„Нашата поддршка е доказ за долгогодишната посветеност на Банката за подобрување на здравствениот систем во земјава“, велат од Комерцијална банка, нагласувајќи дека социјалната одговорност е интегрален дел од корпоративната стратегија на институцијата.
Со оваа иницијатива, Комерцијална банка уште еднаш покажува дека вложувањето во здравството е вложување во иднината – во поквалитетен живот на граѓаните и во зајакнување на општеството во целина. Поддршката за Регионалната школа за срцева слабост е само еден од низата проекти со кои Банката ја потврдува својата мисија да придонесува за заедницата надвор од доменот на финансиските услуги.
-
Банкипред 2 месеци
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Продуктипред 2 месеци
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Берзапред 2 месеци
Јавна опомена од Македонска берза за 5 котирани друштвa поради непочитување на обврските за навремено објавување на информации за финансиската состојба
-
Берзапред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со добивка од над 32,8 милиони евра во првото полугодие од 2025 година
-
Банкипред 2 месеци
Слаѓан Михајловски нов член во Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје
-
Банкипред 2 месеци
Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги
-
Банкипред 2 месеци
Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика – Народна банка ја задржува каматната стапка на 5,35%
-
Банкипред 2 месеци
ПРВО ПОЛУГОДИЕ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивка од 2,96 милијарди денари за шест месеци!