Uncategorized
Просечната каматна стапка на депозитите во октомври бележи годишен пораст, а кај кредитите годишен пад
Податоците на Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври бележи годишен пораст од 0,40 процентни поени, додека кај вкупните кредити има пад од 0,11 процентни поени.
Според податоците на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,07 проценти, а на вкупните кредити 5,38 проценти.
Кај корпоративниот сектор, забележан е месечен пад на каматната стапка на новоодобрените кредити за 0,13 процентни поени при што надолна промена има кај каматните стапки на денарските кредити, а раст кај кредитите во странска валута.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата на месечни ниво е пониска за 0,10 проценти поени и падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута.
Uncategorized
Годишен раст на „зелените кредити“ од 15% заклучно со јуни 2024 година
Продолжува растот на зелените кредити во портфолијата на банките и во вториот квартал од 2024 година. Според податоците на Народната банка, во вториот квартал од 2024 година растот на „зелените кредити“ изнесува 2,6 милијарди денари или 2,8%, додека на годишна основа растот на овие кредити забави и изнесува 14,9%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. „Зелените кредити“ се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестиции во нова еколошка технологија.
Според податоците на Народната банка, на крајот од второто тримесечје од 2024 година, состојбата на „зелените кредити“ во билансите на банките изнесува 20.423 милиони денари. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Заклучно со второто тримесечје од 2024 година, состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 19.407 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 1.016 милиони денари.
Расте и уделот на „зелените“ во вкупните кредити, иако сѐ уште е на релативно ниско ниво. Oд крајот на 2019 година, заклучно со второто тримесечје од 2024 година, учеството на „зелените“ во вкупните кредити е зголемено од 2,2% на 4,5%, колку што изнесува во последните три квартали.
Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон „зелената“, одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на „зеленото финансирање“, вклучувајќи ги и монетарните мерки.
Uncategorized
КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка а.д. Битола
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка а.д. Битола.
Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола, кои претставуваат 100 проценти од основната главнина на банката. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 3.200 денари по акција.
“Согласно Понудата за преземање, а според Законот за преземање на акционерски друштва, преземачот утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата да се смета за успешна, односно понудата ќе се смета за успешна доколку биде прифатена од акционери кои поседуваат најмалку 261.956 обични акции кои претставуваат 67 проценти плус една акција од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Рокот за прифаќање на понудата за преземање започнува да тече од денот на првото објавување на понудата за преземање и изнесува 28 календарски дена”, информираа од КХВ.
Комерцијална банка на 13-ти месецов објави дека нуди 3.200 денари по акција за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, откако од Народната банка и била издадена претходна согласност за стекнување капитален дел од 100 проценти од вкупниот број обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
Претходно, Стопанска банка а.д. Битола сподели дека Управниот одбор на 1 август согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва добил известување од Комерцијална банка АД Скопје дека има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка а.д. Битола.
На денешната седница на Комисијата за хартии од вредност е издадена и една дозвола за работење на инвестициски агент коj има склучено договор за продажба на удели со КБ Инвест АД Скопје.
Uncategorized
АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА ТРИЈАТ РАЦЕ – Банката изврши исплата на дивиденда на нето износ од 2.372 денари по акција
НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 25.06.2024 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2024 година.
Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.251.304.796 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.636 МКД.
Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.
- Банкипред 2 недели
НЛБ Банка со известување до своите клиенти: Личните податоци во видеото не потекнуваат од нашите системи
- Банкипред 4 недели
Шпаркасе Банка доби нов член на Надзорниот одбор
- Колумнипред 2 месеци
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 2 месеци
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Банкипред 2 месеци
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Банкипред 2 недели
Како Халкбанк, кампања по кампања, го руши стереотипот за банките, перцепцијата за финансиските институции и начинот на кој ја информира јавноста
- Банкипред 1 недела
Прослава на професионалните јубилеи на вработените и благодарност за долгогодишната посветеност во НЛБ Банка
- Банкипред 2 недели
Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 9 декември 2024 година