Connect with us

Банки

ПроКредит го лансираше Предраг – првиот дигитален банкарски асистент кој ги доближува корисниците до иднината на дигиталното банкарство

Објавено

на

ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи
како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште
полесно и попристапно банкарство.

Како дел од стратегијата за дигитализација на банката, Предраг е дигитален асистент кој
ја нагласува посветеноста на ПроКредит во активно инвестирање во развојот на
дигитални алатки за своите клиенти. Дигиталниот асистент е наменет за сите физички
лица и технички е подготвен да одговори на теми поврзани со банкарските продукти и
услуги во секое време.

Преку онлајн комуникација со Предраг, клиентите можат да добијат конкретен одговор или решение во врска со: информациите за услугите на банката за физички лица, понуди за кредити и кредитни производи, детални пресметки и амортизациони планови, понуди за производи за штедење, онлајн апликации за дигиталните услуги на банката, информации за тарифи и промоции, прашања поврзани со услугите поврзани со сметки, картички и електронско банкарство, како и информации за работењето на експозитурите и 24/7 зоните на банката.

Предноста на дигиталниот асистент е што неговото користење е навистина лесно и
интуитивно, што го прави соодветен за сите корисници без разлика на нивото на технички познавања на некои напредни технологии. На овој начин клиентите добиваат брзи и едноставни решенија без да имаат потреба од посета на филијала.

„Како и досега, ПроКредит се стреми да биде иноватор на пазарот кога станува збор за дигитализација во банкарскиот сектор. Посебно сме горди на овој проект со кој започнуваме нова ера во дигиталното банкарство во нашата земја, како прва банка која нуди услуга за физички лица што ги користи бенефитите на вештачката интелегенција.

Нашиот дигитален асистент Предраг е одговор на динамичните потреби на клиентите во денешницата кои сакаат лесна, брза и флексибилна комуникација достапна во секое време. Со користење на вештачката интелегенција, нудиме опција со која клиентите во секое време можат да добијат персонализирана поддршка за сите нивни банкарски прашања поврзани со услугите на ПроКредит банка.

Веруваме дека Предраг ќе успее во мисијата да го подобри банкарското искуство на клиентите и ќе ја потврди нашата посветеност постојано да го унапредуваме дигиталното банкарство во регионот.“ – вели Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит банка.

Посветеноста на ПроКредит во развој на економијата и поддршка на локалните бизниси останува еден од главните императиви, што го потврдува и овој проект кој е сто проценти македонски производ создаден во соработка со ИТ компанијата Codewell.

Клиентите можат да пристапат до дигиталниот асистент Предраг целосно бесплатно и да се запознаат со можностите кои ги нуди преку веб-страницата на ПроКредит банка на www.pcb.mk.

Банки

Беркан Имери, Александар Иљов и Мухаммед Хаџипази реименувани за Извршни директори и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје соопштува дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка на Северна Македонија, од 3 февруари 2026 година, е одобрено продолжување на мандатите на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и г-дин Мухаммед Хаџи-Пази.

„Согласно Решението на Извршниот Одбор на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-дин Беркан Имери, г-дин Александар Иљов и на г-дин Мухаммед Хаџи – Пази, сметано од 03.02.2026 година“, се вели во соопштението на Халкбанк.

Промените се официјално упишани во Централниот регистар на 6 февруари 2026 година. Тројцата ќе продолжат да ги извршуваат функциите на Извршен директор и членови на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје.

Халкбанк ја истакнува стабилноста и континуитетот во менаџментот како клучен предуслов за понатамошен развој и успешни финансиски резултати.

Во моментов Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:

  • Д-р Фатих Шахбаз – Главен Извршен Директор и Претседател на Управниот одбор;
  • Д-р Беркан Имери – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Александар Иљов – Извршен Директор и член на Управен одбор;
  • Мухаммед Хаџипази – Извршен Директор и член на Управен одбор;
Продолжи со читање

Банки

ЕЦБ го отвора Фондот за ликвидност во евра на глобално ниво – нов чекор за јакнење на меѓународната улога на еврото

Објавено

на

Европската централна банка (ЕЦБ) најави проширување на својот Фонд за ликвидност во евра, со што механизмот ќе стане достапен за централните банки ширум светот, со цел зајакнување на меѓународната позиција на единствената европска валута.

Преку REPO линиите, централните банки ќе можат да обезбедат евро-ликвидност под поволни финансиски услови. Досега, овој инструмент беше ограничен на помал број земји, главно од Источна Европа.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, истакна дека во услови на зголемена глобална нестабилност, централната банка мора да биде подготвена и флексибилна. „Овој механизам е важен инструмент за зацврстување на еврото на светската сцена“, изјави Лагард на Минхенската безбедносна конференција.

Се очекува новиот модел да биде операционален од третиот квартал на 2026 година. Исклучок ќе бидат институциите поврзани со перење пари, финансирање тероризам или субјекти под меѓународни санкции.

Одлуката доаѓа во период на зголемена несигурност околу доларот и американските економски политики, што дополнително го зајакнува интересот за еврото како стабилна глобална валута.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славескиучествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.

Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.

На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.

Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange