Connect with us
no baners

Банки

ПроКредит Банка организираше настан „Дигитална еволуција: Одговорност на бизнисите кон иднината“

Објавено

на

ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија.  За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање, пред кои беа претставени придобивките кои би ги оствариле со примена на дигиталните технологии во рамки на своето работење. 

Настанот го отвори  Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, која во својот поздравен говор ја истакна важноста на дигитализацијата на малите и средните претпријатија која ќе отвори можности тие да ги оптимизираат своите работните процеси, да ги зголемат конкурентноста и приходите и да ги намалат трошоците како и да  ги следат новите пазарни движења и да ги задоволат потребите на своите клиенти. Таа истакна дека дигитализацијата претставува еволуција во начинот на работење, размислување и однесување на компаниите што несомнено е иднината на бизнис секторот.

Настанот беше организиран во три сесии каде претставниците од локалните компании кои нудат дигитални решенија, Маранд Консалтинг, Некстсенс, Инфо Биро и Инбокс, ги презентираа своите продукти за мали и средни претпријатија, а од друга страна претставници од Никоб, Комфи Ангел и Кентаур Импекс ги презентираа своите успешни приказни во имплементацијата на дигитални решенија и нивниот ефект врз работењето во рамки на своите компании. Во последната сесија претставниците од ЕБРД, ГИЗ и ИМЕ ги презентираа можностите за финансирање преку достапните грант шеми и финансиски поволности за инвестиција во дигитални решенија.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка на инспиративната панел дискусија истакна дека со дигиталната трансформација и употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, полесно ќе се остваруваат успешните приказни на малите и средните претпријатија и во иднина. 

Во завршниот говор, ПроКредит најави организација на серија на настани кои ќе изградат мост помеѓу бизнис секторот, компаниите кои нудат дигитални решенија и институциите кои се клучни во процесот на дигитална еволуција и се главни двигатели на економскиот раст во земјата. 

 

Банки

НЛБ Банка со поддршка за младите кошаркарски таленти на минибаскет хепенингот во Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка и оваа година ја продолжува својата традиционална поддршка на детскиот спорт, учествувајќи во минибаскет хепенингот за генерацијата 2014 што се одржа викендов во Скопје, во организација на Македонската кошаркарска федерација.

На специјално прилагодените терени во СРЦ „Кале“ настапија повеќе од 20 екипи од целата држава, создавајќи позитивна енергија, спортски дух и забава за најмладите учесници и нивните родители.

Од НЛБ Банка истакнуваат дека поддршката на спортот и младите генерации е важен дел од нивната корпоративна стратегија и општествена одговорност.

„Како пријатели на кошарката, веруваме дека спортот игра клучна улога во растот и развојот на децата, ги учи на тимска работа, дисциплина и здрави навики. Овие млади таленти се идните спортски шампиони, а ние со гордост стоиме зад нивниот пат. Се радуваме што оваа година сме со нив, рамо до рамо, во рамките на Мини баскет Караванот“, велат од НЛБ Банка АД Скопје.

Со континуираната поддршка на ваквите иницијативи, НЛБ Банка ја зајакнува својата улога како активен партнер во развојот на спортот, младинските програми и заедницата во целина.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка слави 30 години од првата Mastercard картичка со наградна игра што те носи на карневалот Рио!

Објавено

на

Комерцијална банка слави 30 години од првата издадена Mastercard картичка од банката со голема наградна игра! Секое плаќање со Mastercard картичка носи шанса за добивка и за главната награда – патување за две лица на карневалот во Рио де Жанеиро!

Претстојните празници сега стануваат уште повесели и повозбудливи со Наградната игра на Комерцијална банка, која трае до 15 јануари 2026 година.

„Биди во акција со секоја трансакција“ со Mastercard од Комерцијална банка, извршена со картичка, телефон или смарт часовник и стани потенцијален добитник на вредни награди.

Покрај главната, Комерцијална банка доделува и:

  • 5 мобилни телефони – iPhone 17 PRO 265 GB,
  • 10 Ray Ban AI Meta Wayfarer очила за сонце,
  • 10 смарт часовници – Samsung Galaxy Watch 7,
  • 100 подарок-картички во вредност од 3.000 ден. – 50 за Skopje City Mall и 50 за East Gate Mall.

Колку повеќе плаќања – толку повеќе шанси за награда. Со секоја трансакција со Mastercard од Комерцијална банка добиваш шанса за добивка (еден код). А, за корисниците на Zipp пакетот за млади, шансата за добивка е двојна! Со секоја извршена трансакција со Zipp Mastercard картичката добиваат две шанси, а тоа се два кода.

Добитниците ќе бидат извлечени на 22.01.2026 година.

Сите детали и Правилата за наградната игра се достапни на следниот линк 

Среќно!

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерката Митреска на „Инвеститорскиот појадок на Ерсте“: Политиките на централната банка придонесуваат за намалување на инфлацијата и за одржување на финансиската стабилност

Објавено

на

„Македонската економија покажува стабилност и отпорност, и покрај зголемената светска геополитичка неизвесност. Народната банка одигра значајна улога во зачувувањето на стабилноста на економијата преку внимателно обмислени мерки што придонесоа за смирување на инфлацијата и зајакнување на стабилноста на финансискиот систем“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во своето обраќање на дванаесеттата конференција по ред насловена како „Инвеститорски појадок на Ерсте“, којашто традиционално ја организираат австриската групација „Ерсте“ и македонската „Шпаркасе банка“.

Вицегувернерката посочи дека инфлацијата во домашната економија постепено се намалува и е далеку од максимумот достигнат во екот на светската инфлациска епизода. „Иако инфлацијата главно се движи по надолна патека, процесот сè уште не е целосно завршен. Нашите проекции упатуваат на нејзино постепено враќање кон историското ниво во следните две години, под услов да не се појават нови шокови на светските пазари и да има ограничени притисоци на страната на домашната побарувачка“, рече Митреска.

Таа подвлече дека девизниот пазар е стабилен, а нивото на девизните резерви е високо и е доволно за целосно да ја гарантира стабилноста на денарот. Ваквата стабилност, заедно со смирените инфлациски очекувања и растот на денарските заштеди, ги потврдува довербата и кредибилитетот на Народната банка како важни фактори за ефикасноста на монетарната политика.

Говорејќи за монетарната политика, вицегувернерката посочи дека во 2024 година Народната банка започна со постепена нормализација на каматната стапка, во услови на опаѓање на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и поволна надворешна позиција. Сепак, со повторното појавување на неизвесност во светот на почетокот на 2025 година и на одредена инерција кај инфлацијата, политиката беше приспособена со определба за повнимателен пристап со цел да се осигури понатамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување кон историскиот просек во догледен временски период.

Во однос на финансискиот систем, Митреска истакна дека Народната банка во изминатиот период го засили макропрудентниот инструментариум за дополнително да ја зајакне отпорноста на банкарскиот сектор и за да ја поддржи ефективната поставеност на монетарната политика.

На крајот од своето обраќање, вицегувернерката нагласи дека во услови на зголемени геополитички ризици и можни почести непредвидливи шокови на страната на понудата, Народната банка и во иднина ќе има внимателен и приспособлив пристап заснован на релевантни информации и податоци, заради одржување на ценовната и финансиската стабилност како предуслов за одржлив економски раст.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange