Продукти
Потрошувачки кредити од Комерцијална банка со нова можност – животно осигурување со плус погодности

Потрошувачките кредити на Комерцијална банка со животно осигурување добија нова погодност која значи бенефит плус за корисниците. Со новата атрактивна опција Потрошувачкиот кредит до 2.000.000 денари и Потрошувачкиот кредит за пензионери сега се достапни со вклучено животно осигурување преку групна полиса со фиксна осигурена сума и со едноставен процес на склучување на осигурување.
Овие значајни погодности, овозможени од Комерцијална банка и Триглав Осигурување Живот, ти овозможуваат потрошувачки кредити со одлични услови за остварување на твоите желби на безгрижен начин и со поедноставена процедура.
Доколку сакаш финансиско решение кое не само што ќе ти помогне да стигнеш до посакуваното, туку и ќе ти обезбеди заштита во случај на несакани ситуации, Потрошувачките кредити со животно осигурување со групна полиса се совршен избор.
Што добиваш со оваа можност?
- Фиксна осигурена сума – низ целиот период на отплата на кредитот, со однапред утврдени услови
- Едноставен процес на склучување – премијата зависи само од осигурената сума, а не од твојата возраст или здравствена состојба
- Месечна отплата на премијата – преку траен налог за брза и едноставна постапка
И уште поважно, ако избереш Потрошувачки кредит со вклучено животно осигурување, добиваш и пониски каматни стапки во споредба со стандардниот кредит без осигурување. А, во промотивниот период до 30 септември, е и без надомест за одобрување и администрирање.
Потрошувачките кредити на Комерцијална банка нудат повеќе од финансиска поддршка – тие се твој сојузник за безгрижна иднина.
Разгледај ги условите и избери ја опцијата што најмногу ти одговара на следниот линк.
ПР објава
Продукти
Заштеда што се исплати – Промо депозит наПроКредит Банка

И оваа година ПроКредит Банка го започнува Месецот на штедење порано, со атрактивна понуда за сите кои сакаат да ја почувствуваат вредноста од своето штедење.
Со Промо депозитот добивате 3,2% за орочување денари на рок од 13 месеци, односно 2,2% за орочување евра на рок од 25 месеци, а исплатата на камата се врши на месечно ниво. Овој Промо депозит е вистински избор за оние што сакаат сигурност и стабилност. Благодарение на фиксната каматна стапка и однапред дефинираниот рок, вашата добивка е сигурна и предвидлива – без изненадувања. Вашите заштеди остануваат орочени и заштитени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.
Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит Банка е препознатлива по својата посветеност на развојот на културата на штедење. Со постојан фокус на иновации и стабилност, банката им нуди на клиентите практични решенија за рационално управување со нивните финансии.
Започнете го Месецот на штедење порано и изберете сигурна заштеда што вистински се исплати.
Повеќе информации за Промо депозитот може да најдете на: https://www.pcb.mk/aplikacija-za-otvoranje-orocen-depozit.nspx
Банки
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка

Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност!
НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој период. Оваа понуда е директен одговор на потребата од поголема финансиска сигурност и стабилност во време на зголемени сезонски трошоци.
Намалената камата се однесува исклучиво на трансакции направени во рамки на промотивниот период, но ќе остане фиксна и непроменета за целиот рок на отплата – без оглед на бројот на рати или нивната висина. На тој начин, клиентите добиваат можност за долгорочна заштеда, подобра контрола и поголема предвидливост во управувањето со личните финансии.
Со оваа понуда, НЛБ Банка обезбедува реална поддршка за граѓаните – без разлика дали се работи за подготовка за новата учебна година, есенски патувања, уредување на домот или секојдневни трошоци – сега сето тоа е подостапно и поекономично со пониска камата и флексибилни услови на отплата.
НЛБ Visa Classic и Visa Gold се револвинг кредитни картички кои овозможуваат одложено плаќање, самостојно управување со отплатата и минимална месечна отплата од само 5% од вкупниот долг.
За повеќе информации, посетете ги експозитурите на Банката, јавете се во Контакт центарот на 02/15 600 или проверете ја веб страницата на Банката: https://nlb.mk
Продукти
Apple Pay достапен и за клиентите на Комерцијална банка

По вклучувањето на НЛБ Банка, Комерцијална банка стана втората банка во Северна Македонија која им овозможува на своите клиенти користење на Apple Pay.
Како функционира Apple Pay?
Со Apple Pay, корисниците можат да извршуваат бесконтактни плаќања преку своите iPhone, Apple Watch, iPad или Mac уреди. Секоја трансакција е заштитена со токенизација и потврда преку Face ID или Touch ID, а вистинскиот број на картичката не се чува ниту на уредот, ниту на серверите на Apple.
Оваа услуга е прифатена на сите бесконтактни ПОС терминали, како и во голем број апликации и онлајн продавници, со што дополнително се поедноставува процесот на купување.

Кога останатите банки ќе се онбордираат?
Процесот на воведување на Apple Pay во Македонија се одвива постепено – месечно може да се онбордира само една банка на системот на Apple.
Во јули оваа можност ја добија клиентите на НЛБ Банка, во август услугата беше активирана во Комерцијална банка, а во септември се очекува имплементација од една од следниве банки: Халкбанк, Стопанска банка Скопје или ПроКредит банка.
-
Продуктипред 2 месеци
Од денес Apple Pay достапен во Македонија преку НЛБ Банка
-
Берзапред 2 месеци
Јавна опомена од Македонска берза за 5 котирани друштвa поради непочитување на обврските за навремено објавување на информации за финансиската состојба
-
Берзапред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со добивка од над 32,8 милиони евра во првото полугодие од 2025 година
-
Банкипред 2 месеци
Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика – Народна банка ја задржува каматната стапка на 5,35%
-
Банкипред 2 месеци
ПРВО ПОЛУГОДИЕ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивка од 2,96 милијарди денари за шест месеци!
-
Банкипред 2 месеци
Одобрена апликацијата на ТТК Банка за приклучување кон шемата СЕПА кредитен трансфер
-
Банкипред 2 месеци
Свечено отворена новата градинка „Верверичка“ во Кисела Вода – Комерцијална банка донираше 6 милиони денари за изградбата
-
Банкипред 2 месеци
НЛБ Банка Скопје им го носи Apple Pay на клиентите во Македонија