Останато
Поскапени поштенските и курирските услуги

Цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечjе од годинава пораснале за 3,8 проценти во споредба со првото тримесечје од 2023 година, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во првото тримесечје од годинава, во споредба со првото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво.
Цените за копнениот и цевководниот транспорт бележат пад од 0,1 проценти, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 3,8 проценти.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пад од 0,7 проценти во одделот Телекомуникации.
Останато
Прва средба на гувернерот Славески со ИФЦ – соработка за унапредување на дигиталните финансии и финансиската вклученост

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, ја оствари својата прва средба со претставникот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) во земјава, Висар Перани. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу Народната банка и ИФЦ во повеќе области, вклучително и во рамките на проектот на ИФЦ насочен кон унапредување на дигиталните финансиски услуги и поттикнување на финансиската вклученост во регионот.
Проектот се спроведува во контекст на стратегиските определби на ИФЦ за создавање напреден и одржлив дигитален финансиски екосистем, заради поддршка на иновациите, градење капацитети кај давателите на финансиските услуги и за развој на конкурентна и сеопфатна околина.
Во текот на разговорот, беше истакната важната улога на Народната банка во дигиталната трансформација на финансискиот систем преку современа регулатива и активности што ја поттикнуваат иновацијата. Посебен акцент беше ставен на новата правна рамка во платежната сфера, којашто овозможи отворање на пазарот за нови даватели на услуги и поттикнување на финтек-иновациите.
Гувернерот Славески ја нагласи подготвеноста на Народната банка за унапредување на соработката со ИФЦ, особено во делот на поддршката за давателите на платежните услуги во натамошната интеграција со платните системи на Европската Унија, по членството во СЕПА, како и во развојот на инстант плаќањата и подготовката на новата среднорочна стратегија за развој на платниот систем.
Претставниците на ИФЦ го нагласија значењето на усогласувањето на регулативните рамки со меѓународните стандарди и поттикнувањето партнерства помеѓу банките, финтек-фирмите и приватниот сектор.
Средбата претставува важен чекор кон унапредувањето на партнерските односи меѓу Народната банка и ИФЦ, заради зајакнување на финансискиот екосистем и промовирање на финансиската вклученост.
Останато
Извлечени добитниците од наградната игра “Стани милионер со УНИБанка”

УНИБанка уште еднаш потврди дека е многу повеќе од банка! Не само што нуди врвни и иновативни банкарски продукти, туку и ги наградува своите клиенти за лојалноста и довербата. Минатите години како дел од своите големи наградни игри Банката додели џип, стан, патување на Куба, а овој пат беше избран добитникот на 1.000.000 денари.
Олга Тодорова Софронијовска од Скопје е среќниот добитник на големата наградна игра “Стани милионер со УНИБанка”. Главниот добитник, како и двајцата добитници на награди од по 300.000 денари, беа извлечени на 17.07.2025 во Бизнис Центарот на Банката по случаен избор со помош на компјутерска програма, а согласно претходно поставените услови за учество.
„Веќе неколку години сум клиент на УНИБанка и редовно ја користам мојата Mastercard картичка, како за секојдневни купувања во продавници, така и за онлајн трансакции. Навистина преферирам плаќање со картичка, не само поради практичноста и сигурноста, туку и поради сите дополнителни бенефити што ги нуди УНИБанка. Кога ми се јавија да ми соопштат дека сум добитник на милион денари, не можев да поверувам! Тоа беше момент на вистински шок и радост, без сомнение најнеочекуваниот и највозбудливиот подарок што сум го добила досега. Навистина е прекрасно чувството да бидеш награден од институција на која ѝ веруваш. УНИБанка досега многупати покажала голема посветеност кон своите клиенти како преку промоциите, така и преку секојдневната љубезност и поддршка од вработените.Огромна благодарност до УНИБанка за ова изненадување!“ – изјави Олга.
Како и минатите години и оваа наградна игра предизвика голем интерес, поттикна голем број луѓе преку УНИБанка да користат Mastercard картички, и да ги согледаат бројните предности кои ги носат безготовинските плаќања, како во поглед на едноставноста и брзината на трансакциите, така и во поглед на сигурноста на самите плаќања со овие картички.
Посветеност кон клиентите, дигитализација и имплементирање иновации во работењето, поддршка за своите корисници се работи по кои и понатаму ќе биде препознаена УНИБанка. Банката и во иднина ќе иницира активности и проекти со кои ќе ја оправда довербата на своите клиенти, потврдувајќи им дека ја избрале најдобрата банка.
УНИБанка им се заблагодарува на клиентите за учеството во наградната игра, за укажаната доверба и ветува дека и понатаму ќе прави напори да ја награди нивната лојалност, а на добитниците им посакува да уживаат во наградите и во иднина да ги користат кредитните и дебитните Mastercardкартички издадени од УНИБанка, како и останатите продукти и услуги на Банката.
Бизнис
САД и Јапонија со нов трговски договор: Царини од 15% и инвестиции вредни 550 милијарди долари

Во голем пресврт на глобалната економска сцена, американскиот претседател Доналд Трамп објави „масовен“ трговски договор со Јапонија, кој предвидува реципрочни царини од 15% за извозот на двете земји. Договорот, кој Трамп го нарече „можеби најголемиот досега склучен“, предвидува значително намалување на царините за јапонските автомобили од досегашните 25% на 15%, потег што може да има значајни последици за двете економии и за глобалните трговски текови.
Според објавата на Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, Јапонија се обврзала на инвестиции во вредност од 550 милијарди долари во САД, а според него, Америка ќе добие „90% од профитот“. Дополнително, Јапонија ќе ја отвори својата економија за американски производи вклучувајќи автомобили, камиони, ориз и други земјоделски производи.
Договорот се појавува во критичен момент за јапонската економија, чиј извоз на автомобили кој сочинува речиси 28,3% од вкупниот извоз бележи значителен пад. Според податоците на царината, во јуни извозот на јапонски автомобили во САД се намалил за 26,7%, по веќе регистриран пад од 24,7% во мај. Вкупниот извоз во САД за првата половина на 2025 година изнесувал 10,3 трилиони јени (приближно 70,3 милијарди долари), што е намалување од 0,8% на годишно ниво.
Главниот економист на „Annex Wealth Management“, Брајан Јакобсен, изјави за CNBC дека „пред една година, ова ниво на царини ќе беше шокантно. Денес воздивнуваме со олеснување“, алудирајќи на затегнатите трговски односи во последните години.
Од јапонска страна, премиерот Шигеру Ишиба изјави дека договорот ќе значи нова ера во трговските односи меѓу двете земји и изрази очекување дека истиот ќе донесе економски бенефити за двете страни. Договорот доаѓа во чувствителен политички момент за Ишиба, кој се соочува со пад на политичката поддршка откако неговата владејачка коалиција го изгуби мнозинството во Горниот дом на јапонскиот парламент. Иако најави дека ќе остане на функцијата, јапонскиот весник Маиничи пренесе дека Ишиба размислува за оставка до август, додека Јоимури јавува дека конечната одлука ќе зависи од напредокот на економските преговори.
Дополнително, Трамп најави дека се подготвува и нов договор со Јапонија поврзан со течниот природен гас, како и дека „утре следи европски договор“, без да даде конкретни детали.
Овој трговски договор не само што може да ја стабилизира економијата на двете земји, туку има потенцијал да ја пренасочи глобалната трговија, да ги ревитализира инвестициите и да создаде стотици илјади нови работни места – како што најави Трамп. Финансиските и банкарските сектори внимателно го следат развојот, имајќи предвид дека договорот може да влијае врз вредноста на јенот, девизниот пазар, извозните кредити и глобалниот проток на капитал.
-
Банкипред 1 месец
Стопанска банка АД – Скопје назначи нов Генерален директор за финансии и член на Управниот одбор
-
Продуктипред 2 недели
Apple Pay доаѓа во Македонија: Подготовките се во тек, стартот се очекува наесен
-
Банкипред 2 недели
Оставка на член на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје
-
Банкипред 1 недела
Промени во составот на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
-
Банкипред 3 дена
Промени во Надзорниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје – кој е новиот член што носи меѓународно искуство и визија за финансискиот развој на Банката!?
-
Останатопред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје
-
Банкипред 1 недела
Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје со одлуки за промени во составот и бројот на членовите на Управниот одбор
-
Фондовипред 3 недели
Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје