Останато
Пензиите од септември ќе бидат повисоки за 6%
Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.
„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.
Информацијата која беше споделена од министерката, разви дискусија меѓу пензионерите, од кои дел се задоволни, но друг дел реагираат дека зголемувањето на пензиите е премало споредбено со зголемувањето на платите на функционерите за 78%, односно зголемувањето на платите на даночните работници за 30%.
Од друга страна, пак, ова е прво зголемување за функционерите и даночните работници, за разлика од зголемувањата на пензиите кои се случуваат со почеста динамика, иако процентот на раст е значително помал.
Останато
Изабела Митреска и Александар Божиќ најдобри банкарски службеници од Силк Роуд Банка за 2025 година
По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.
Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од Силк Роуд Банка АД Скопје – Изабела Митреска и Александар Божиќ.
Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.
Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што Силк Роуд Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.
Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.
Честитки до наградените вработени од Силк Роуд Банка АД Скопје, кои со својата работа придонесуваат за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.
Останато
Панче Петрески и Џемиљ Шефки најдобри банкарски службеници од ПроКредит Банка за 2025 година
По повод на Светскиот ден на штедењето, Македонската банкарска асоцијација традиционално ги доделува признанијата за најдобрите банкарски службеници во земјата. Со овие награди се оддава признание на професионалноста, посветеноста и квалитетот во работењето што секојдневно го демонстрираат вработените во банкарскиот сектор.
Во рамки на одбележувањето, признание за извонредни резултати и придонес во работењето добија и претставниците од ПроКредит Банка АД Скопје – Панче Петрески и Џемиљ Шефки.
Нивниот ангажман и посветеност во секојдневното работење се препознаени како пример за високи професионални стандарди, градење доверба кај клиентите и континуирано унапредување на банкарските услуги.
Ова признание претставува потврда за вредностите и квалитетот што ПроКредит Банка АД Скопје ги негува – одговорно работење, ориентација кон клиентите и вложување во развој на своите кадри.
Со ваквите иницијативи, Македонската банкарска асоцијација ја истакнува важноста на човечкиот капитал во финансискиот систем и поттикнува култура на професионалност и извонредност.
Честитки до наградените вработени од ПроКредит Банка АД Скопје, кои со својата работа придонесуваат за поголема доверба и стабилност во банкарскиот сектор.
Останато
Сенатот на САД изгласа укинување на глобалните царини на Трамп – порака против протекционизмот
Сенатот на САД во четвртокот со тесно мнозинство (51 „за“ и 47 „против“) изгласа укинување на т.н. „реципроцитетни“ глобални царини воведени во времето на претседателот Доналд Трамп, кои опфаќаа над 100 земји.
Ова претставува најнов обид на двопартиска група сенатори да се спротивстават на протекционистичките политики на Белата куќа и да ја вратат контролата на Конгресот врз трговските одлуки. Четворица републикански сенатори – Сузан Колинс, Мич Меконел, Ренд Пол и Лиза Мурковски се приклучија на демократите, што го прави ова редок пример на прекршување на партиската линија во вториот мандат на Трамп.
Ова е третпат за една недела Сенатот да изгласа укинување на трговски мерки од администрацијата на Трамп, откако претходно беа поништени царините кон Бразил и Канада.
Сенаторот Тим Кејн изјави дека резолуцијата, иако нема директно законско дејство без поддршка од Домот на претставници, претставува јасна порака до претседателот и сигнал за растечко незадоволство од економските ефекти на царините.
Според аналитичарите, протекционистичките мерки доведоа до повисоки трошоци за увоз, поголеми цени за потрошувачите и нарушени синџири на снабдување, што сè повеќе ја оптоварува американската индустрија.
Гласањето се случи додека Трамп престојуваше во Азија, каде што постигна договор со Кина за намалување на тарифите на кинеските производи и зголемување на увозот на американска соја, еден од главните спорови во трговската војна меѓу двете земји.
Иако резолуцијата нема непосреден правен ефект, нејзината симболика е силна:
- Таа ја нагласува внатрешната поделба кај републиканците,
- го изразува противењето на Конгресот кон самоволните трговски одлуки,
- и отвора прашање дали САД ќе направат поворот кон поголема трговска либерализација во наредниот период.
Останува да се види дали ова симболично гласање ќе изврши притисок врз Белата куќа да ги преиспита глобалните тарифи кои веќе предизвикуваа зголемување на цените и нарушување на синџирите на снабдување.
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Продуктипред 4 неделиMastercard до 2030 ќе ги замени бројките на картичките со токени
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка а.д. Битола ги намалува трошоците за секојдневните банкарски услуги


