Кариера
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
Доколку имаш амбиција да работиш маркетинг во успешна финансиска компанија и имаш интересно искуство во маркетингот, стани дел од маркетинг тимот на Комерцијална банка АД Скопје!
Комерцијална банка АД Скопје нуди можност да учествуваш во креирањето на маркетинг стратегиите за цел спектар банкарски производи и услуги, да придонесуваш во одржувањето и развојот на еден од најпознатите домашни брендови, да работиш на креирање нови производи и понуди за клиентите на Банката, да развиваш комуникациски кампањи преку сите современи канали и алатки и да иницираш и организираш општествено одговорни проекти.
Доколку се пронаоѓаш во овие можности, Комерцијална банка те поттикнува да аплицираш на овој оглас.
Работна позиција: Соработник за маркетинг комуникации.
Тип на вработување: определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 34.170,00 денари.
Огласот важи до 24.03.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Реализација на маркетинг кампањи на Банката – брифирање и комуникација со маркетинг агенција, оцена на стратегиски и креативни предлози од агенцијата, следење на реализацијата на кампањите и остварените ефекти;
- Управување со активности на социјалните мрежи и дигиталните канали;
- Учество во креирање маркетинг планови и буџети;
- Истражување на пазарот, следење на најновите трендови во маркетингот, финансиите, дигиталните медиуми;
- Давање предлози за нови или модификации на постојните производи, услуги и канали, предлози за комуникациски активности и за зголемување на задоволството на клиентите;
- Одржување на веб страницата на Банката, SEO и работа на зголемување на нејзиниот сообраќај;
- Спроведување спонзорства и донации на Банката;
- Организирање настани и промотивни презентации;
- Обработка на понуди од медиуми и соработници;
- Тековна комуникација со маркетинг агенција, координирање на активности за нарачки и дистрибуција на промотивни материјали итн.

Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование со најмалку 180 кредити според (ЕКТС) или VII-1 степен (ќе се смета за предност Економски факултет од областа на маркетинг или е-бизнис);
- Најмалку 3 години работно искуство (ќе се смета за предност искуство во делот на маркетинг, комуникации, брендинг, дигитални медиуми, организирање настани или промоции);
- Наклонетост кон креативно и иновативно размислување;
- Комуникациски вештини, иницијативност, желба за работа во тим;
- Познавање aнглиски јазик и MS Office алатки;
- Способност за планирање и работа со дадени рокови и за организирање повеќе активности истовремено со цел непречено извршување на обврските;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Работа на значајни проекти и на развој на еден од најпознатите домашни брендови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека итн.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирај на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Соработник за маркетинг комуникации”.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Кариера
Еуролинк Осигурување вработува Референт во сметководство
Станете дел од мотивираниот и успешен тим на Еуролинк осигурување!
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
– Врши проверка и средување на предадена документација
– Врши месечна проверка на непредадена документација
– Врши дневно книжење на плаќање на премија преку изводи во премиско сметководство
– Врши книжење на нераспределена премија во премиско сметководство
– Врши книжење на компензации во премиско сметководство
– Врши книжење на наплата на премија преку платежни картички во премиско сметководство
– Врши сложување на картички со коминтенти
– Ги чува деловните книги и книговодствени документи
– Одговара на правилна примена на законски прописи и општи акти
ЗА ИЗБРАНИОТ КАНДИДАТ ЕУРОЛИНК ОБЕЗБЕДУВА:
– Конкурентна плата по договор
– Стручни обуки за подобрување на вештини во работата
– Пријатна работна атмосфера во тим кој дава поддршка
– Договор за работа на определено време, 40 часа неделно
КАНДИДАТИТЕ ТРЕБА ДА ИМААТ:
Оваа позиција е наменета за лица со најмалку средно образование, како и за студенти кои студираат на Природно-математички факултет и Економски факултет и имаат желба за да изградат кариера во сметководство и известување.
Кандидатите треба да имаат активно познавање на англиски јазик (пишан и усен), пожелно искуство на слична работна позиција.
Доставете ваша биографија и мотивациско писмо најдоцна до 12.10.2025 на [email protected] или на адреса:
Еуролинк осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: „Пиринска“ бр. 23, Скопје
Телефон за контакт: 02/3289-311, 02/3289-315, 02/3289-334
Рок за избор на кандидати: 45 дена
Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.
Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на регрутација и селекција се користат единствено за целта за која се побарани.
По завршување на процесот истите ќе бидат уништетни или на барање на кандидатите вратени во форма во која се примени.
Кариера
НЛБ Банка вработува лице за контрола на усогласеност со прописите
НЛБ Банка отвори оглас за нова работна позиција – лице задолжено за контрола на усогласеност на работењето на Банката со важечките прописи. Позицијата е клучна за обезбедување на сигурно, транспарентно и регулаторно усогласено работење во динамичниот банкарски сектор.
Работните задачи вклучуваат следење и тестирање на ризиците од неусогласеност, подготовка и контрола на интерни акти, како и континуирано советување во делот на регулативата. Дополнително, новиот кадар ќе биде одговорен за навремено следење на сите нови и изменети прописи.

Кандидатите треба да имаат завршено Правен факултет, а искуство во областа на усогласеност ќе се смета за предност. Потребни се одлични комуникациски и аналитички вештини, проактивен пристап во работењето и способност за самостојно донесување одлуки. Работното место бара и одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office.
Од Банката истакнуваат дека новиот член на тимот ќе има можност да работи во современо и мотивирачко опкружување, со пристап до напредни обуки, менторство од искусни банкарски експерти и јасен кариерен развој. Дополнително, вработените во НЛБ уживаат конкурентен пакет на плата и бенефиции, приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, платено татковско отсуство и денови за посебни пригоди, вклучително и за роденден.
Покрај тоа, политиката на Банката вклучува наградување на високите перформанси, учество во корпоративни проекти, активности за благосостојба на вработените и одбележување на значајни лични и семејни настани.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк: Отворени работни позиции – НЛБ Банка
Кариера
ТТК Банка вработува Помлад благајник во Филијала Штип
ТТК Банка АД Скопје вработува Помлад благајник во Филијала Штип. Во продолжение погледнете го целосниот оглас.
Што бараме:
– ССС/ВСС – од областа на економски, правни и организациски науки;
– Без работно искуство (искуство во банка или во финансиска институција ќе се смета за предност);
– Активно познавање MS Office;
– Познавање англиски јазик;
– Солидни комуникациски и продажни вештини;
– Способност за тимска работа;
– Прецизност во извршување на работните задачи;
– Висок степен на чесност, етичност и доверливост.
Што нудиме:
– Почетна воведна обука, континуирано стручно усовршување и можност за професионален развој;
– Конкурентна плата и дополнителни надоместоци;
– Работа во пријатна атмосфера и динамична организациска средина.
Дел од вашите работни активности:
– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на физички лица – резиденти и нерезиденти;
– Отворање и останати активности со денарски и девизни платежни сметки на правни лица – резиденти и нерезиденти;
– Безготовински и готовински трансакции во домашен платен промет;
– Активности во врска со менувачко работење;
– Останати услуги во банкарското работење.
Станете дел од тимот на ТТК Банка!
📍 Локација на работното место: Штип
🌐 Веб-страница: www.ttk.com.mk
📅 Рок за пријава: 2.10.2025 г.
Испратете ни кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од уверение за завршено образование со назнака:
„Апликација за помлад благајник во Филијала Штип“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или преку веб-страницата на Банката www.ttk.com.mk, во полето „Вработување“. Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Напомена: Со доставување на вашата апликација за работа се согласувате вашите лични податоци наведени во апликацијата да бидат предмет на обработка од страна на Банката, за потребите на процесот на селекција на кандидати за целото времетраење на истиот, а по завршувањето на истиот, податоците може да се чуваат во базата на Банката во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Доколку сакате да поднесете барање за повлекување на согласноста, барањето исто така да се достави на адресата за е-пошта: [email protected].
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој


