Кариера
Оглас за вработување на референт во Силк Роуд Банка АД Скопје
Доколку имаш желба за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, каде приоритет се личниот развој и професионалниот напредок, сега е вистинскиот момент да се пријавиш на огласот на Силк Роуд Банка за РЕФЕРЕНТ ВО СЛУЖБА ЗА ПРОИЗВОДИ И ПОДДРШКА НА ПРОДАЖБАТА.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома, пожелно во банкарство/финансии или друга релевантна област;
- Одлично познавање на MS Office/Еxcel;
- Добро познавање на англискиот јазик;
- Одлични аналитички вештини;
- Одлични организациони вештини;
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на Банката;
- Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност.
Дел од работните задачи:
- Поддршка за електронско и мобилно банкарство за физички и правни лица, работа со дигитални сертификати, како и менаџирање на администраторска апликација за сите нови корисници, промена кај постоечки корисници и сл.
- Изработка на дневни, неделни, месечни и квартални извештаи за работењето на население, односно следење на примени апликации за кредити, картички, извештаи за исплатени кредити и картички, следење на остварувањата на експозитурите и сл.
- Подготовка на Market Research, односно истражување на пазарот споредбено со другите банки за сите кредитни и депозитни производи за физички лица.
- Подготовка на предлози за кредитни продукти за физички лица за нови производи и/или модификација на постоечки производи, предлози за соработка со надворешни компании во делот на склучување на договори со нови трговци за наменски потрошувачки кредити, како и склучување на договори со градежни компании.

Бенефиции / Придобивки:
- Конкурентна плата и дополнителни бенефиции
- Континуирани обуки и можност за професионален раст и развој
- Динамична работна средина
- Слободен ден за роденден
Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на: [email protected], со задолжителна назнака за “Референт во Служба за производи и поддршка на продажбата”, најдоцна до 30.04.2025 година.
Силк Роуд Банка ве замолува во Вашите апликации да не доставувате сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.
Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање. Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.
Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата: [email protected]
Кариера
Народна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
Народната банка објави оглас за вработување на аналитичари, нудејќи плата која за една од позициите надминува 80 илјади денари месечно. Станува збор за ангажман на две работни места на определено време од две години, со можност за продолжување на договорот.
Огласот опфаќа позиции за „самостоен советник аналитичар“ и „помлад аналитичар почетен II степен“. Повисоко платеното работно место е во Отсекот за планирање и контрола во рамки на Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, каде основната нето-плата изнесува 83.306 денари. За време на пробниот период, кој трае еден месец, платата е пониска.
За оваа позиција се бара високо образование од областа на економските науки со најмалку 240 ЕКТС кредити, како и минимум четири години работно искуство. Кандидатите треба да поседуваат знаења од управувачко сметководство, финансиско планирање, МСФИ, напредно користење на Excel и добро познавање на англиски јазик.
Втората позиција, помлад аналитичар во секторот за платни системи, носи основна нето-плата од 49.826 денари, со намален износ во пробниот период. За ова работно место се бара високо образование од повеќе области, меѓу кои економски, правни, информатички и технички науки, како и најмалку една година работно искуство.
Кандидатите ќе поминат тестирање во процесот на селекција, при што ќе се оценуваат нивните знаења од соодветните области, вклучително и познавање на платните системи, англискиот јазик и работа со компјутери.
Работното време е флексибилно, со почеток меѓу 8 и 9 часот и завршување меѓу 16 и 17 часот. Договорите ќе бидат склучени на определено време со пробна работа, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45 дена по завршување на огласот.
Пријавувањето трае седум работни дена од објавувањето, а кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи биографија, дипломи и релевантни потврди. Ненавремените и некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.
Банки
Капитал Банка објави оглас за специјалист за платни системи во Скопје
Капитал Банка АД Скопје објави оглас за вработување на специјалист за платни системи, со фокус на денарски платен промет, позиција која ќе се извршува во Скопје во рамки на организациската единица за платен промет и платежни системи.
Банката, која е специјализирана за обезбедување банкарски услуги за микро, мали и средни компании, бара кандидат кој ќе биде одговорен за прием, валидација и обработка на денарски платни налози, како и за следење на нивниот статус, рокови и евентуални отстапувања. Работната позиција вклучува и спроведување оперативни контроли, дневни усогласувања помеѓу платежните системи и главната книга, како и подготовка на соодветна документација.
Во описот на работните задачи се вклучени и обработка на рекламации, поврати и сторнации, комуникација со клиенти, филијали и други банки, како и следење и анализа на исклучоци и грешки со цел подобрување на процесите. Од избраниот кандидат се очекува и координација со ИТ тимовите при појава на инциденти, учество во тестирања на нови функционалности и ажурирање на процедурите и работните инструкции.
Позицијата подразбира одговорност за точноста и навременоста на обработката на плаќањата согласно утврдени стандарди, како и почитување на правилата за доверливост и заштита на податоци. Работата вклучува тесна соработка со повеќе интерни сектори, меѓу кои операции, сметководство, комплајанс, ризици и контакт центарот, како и комуникација со други банки и институции.
Кандидатите кои се заинтересирани можат да аплицираат најдоцна до 27 март 2026 година.
Кариера
Агенција Thrivity: Се бара референт за поддршка на правни лица во Струмица
Агенцијата Thrivity, во име на свој клиент, стабилна компанија која работи како провајдер на финансиски услуги, објави оглас за вработување на позицијата референт за поддршка на правни лица во Струмица.
Станува збор за работна позиција наменета за професионалци кои имаат интерес да работат со бизнис клиенти, финансиски анализи и развој на деловни односи. Работните задачи опфаќаат развивање и одржување односи со постојни и нови корпоративни клиенти, анализа на финансиските потреби на компаниите, како и активно управување со портфолио на правни лица. Во рамките на позицијата се предвидени и средби и презентации со клиенти на терен.
Од компанијата наведуваат дека кандидатите можат да очекуваат флексибилно работно време, можности за професионален развој и обука, како и работа во современа работна средина со силен фокус на дигитална трансформација. Работната култура е насочена кон тимска соработка, доверба и континуиран развој.
За позицијата се бара кандидат со образование од областа на економија, финансии или бизнис, како и силни комуникациски вештини.
Работното место е лоцирано во Струмица, а заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку следниот линк.
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 2 месециАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски
-
Банкипред 2 месециИзвлечени добитниците од Наградната игра „Биди во акција со секоја трансакција” на Комерцијална банка



