Берза
Нова редизајнирана интернет страна на платформата СЕИ НЕТ

На стартот на оваа работна седмица, пуштена е во употреба нова, редизајнирана интернет страна на платформата СЕИ НЕТ. СЕИ НЕТ претставува Систем за Електронски Информации за котираните акционерски друштва на Македонска Берза, преку којшто овие друштва во јавноста ги објавуваат пропишаните информации согласно Правилата за котација на Берзата.
Новата интернет страна е целосно дизајнирана со примена на најсовремените информациски технологии што овозможуваат адекватно корисничко искуство, освежен изглед и подобрени функционалности. Воедно, редизајнот на страната има за цел да овозможи дополнителен иден развој на апликацијата, односно нејзина надградба со други сервиси, врз база на имплементираните нови технологии во наредниот период.
Сите заинтересирани можат да ја посетат платформата СЕИНЕТ директно преку следнава адреса https://www.seinet.com.mk или посредно преку интернет страната на Македонска берза https://www.mse.mk и на лесен и едноставен начин да ги истражат, анализираат и да ги следат сите информации и содржини.
Берза
Цената на златото на ново историски рекордно ниво – пазарите реагираат на најавените нови американски тарифи

Цената на златото се искачи на нов рекорд, достигнувајќи 3.128,06 долари за унца, додека светските пазари реагираат на најавените нови американски царини.
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, го прогласи 2 април за „Ден на ослободувањето“, кога се очекува Трамп да го претстави својот план за реципрочни царини. Мерките вклучуваат 25% тарифа за сите автомобили произведени надвор од САД, што дополнително ги зголемува пазарните неизвесности.
Цената на златото веќе се зголеми за 18% од почетокот на 2025 година, а според анализите на Ројтерс, трендот на раст се очекува да продолжи.
Аналитичарите предупредуваат дека овие економски движења можат да предизвикаат дополнителни турбуленции на глобалните финансиски пазари.
Берза
Цените на нафтата продолжуваат да растат поради страв од ескалација на царинската војна

Цените на нафтата на глобалните пазари благо пораснаа трета последователна недела, бидејќи инвеститорите се загрижени дека ескалацијата на трговската војна може да и наштети на меѓународната трговија и глобалниот економски раст.
Минатата недела, цената на барел нафта на лондонскиот пазар порасна за 1,9% и достигна 73,63 долари, додека на американскиот пазар цената се зголеми за 1,6%, достигнувајќи 69,36 долари.
Причини за растот на цените на нафтата
Од почетокот на март, цените на нафтата се зголемија за повеќе од 6%, што во голема мера се должи на санкциите воведени од САД. Прво, Вашингтон воведе нови санкции за иранската нафта, а минатата недела претседателот Доналд Трамп најави дополнителни тарифи од 25% за купувачите на венецуелска нафта и гас. Со оглед на тоа дека санкциите за руската нафта се веќе во сила, ова значително ја намалува понудата на глобалниот пазар.
„Снабдувањето е значително намалено поради потенцијалната загуба на венецуелската и иранската нафта“, изјави Џун Гох, аналитичар во „Sparta Commodities“.
Загриженост за економскиот раст
И покрај растот на цените, пазарите се воздржани поради стравувањата од забавување на економскиот раст, па дури и можноста за рецесија, што би ја намалило побарувачката за енергенси.
Минатата недела, Трамп најави тарифи од 25% за целиот увоз на автомобили почнувајќи од април, а наскоро ќе го објави и конечниот план за реципрочни царини за сите земји кои наплаќаат царини за увезена американска стока. Како одговор, многу земји, вклучително и Канада, Кина и Европската Унија, најавија контрамерки, што ги зголемува стравувањата од продлабочување на трговската војна.
„Сентиментот е пригушен од стравувањата од трговска војна и зголемената несигурност во американската политика“, се наведува во извештајот на аналитичарите на „JPMorgan“.
Што следува?
Иако цените на нафтата растат веќе три недели по ред, аналитичарите проценуваат дека тие ќе останат во тесен опсег во наредниот период. Главната причина за ова е загриженоста дека трговската војна може да доведе до зголемена инфлација, што би имало негативен ефект врз глобалната трговија и економијата, а со тоа и врз побарувачката за нафта.
Берза
ЕБОР помага да се зголеми капацитетот на македонскиoт пазар на капитал

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Македонската берза АД Скопје (МБ) се согласија да соработуваат во поттикнување на работењето на локалниот пазар на капитал.
Денес беше потпишан Меморандум на разбирање помеѓу Главниот Извршен Директор на Македонска берза АД Скопје, Иван Штериев и Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, со кој се создава силна основа за соработка помеѓу двете страни, во насока на зајакнување на локалниот пазар на капитал. Преку подигнување на свеста за финансирањето преку пазарот на капитал, се работи на привлекување на повеќе приватни компании да се финансираат преку јавна понуда на акции или да издадат обврзници. Крајната цел е оваа иницијатива да придонесе кон раст на пазарот, зголемување на инвестициските можности, и поддршка на подинамичен финансиски екосистем.
Фатих Туркменоглу изјави: “Со денешното потпишување се обележува важен чекор кон зајакнување на локалните пазари на капитал во земјата. Преку зголемување на свеста за котација на акции и корпоративни обврзници, создаваме нови можности за приватните компании, во однос на пристап до финансиите, нивен раст, но и придонесуваме кон економскиот развој. Подлабок, подинамичен бенефит за пазарите на капитал е корисен не само за бизнисите, туку и за инвеститорите и пошироко за економијата, а ние сме посветени во поддршката на оваа трансформација.”
Иван Штериев изјави: “Берзите и пазарите на капитал го постигнуваат својот целосен потенцијал само доколку корпоративниот сектор може да го финансира својот развој и преку нив. Македонска берза во континуитет го промовира и популаризира пазарното финансирање на компаниите во нашата држава. Поради низа објективни и субјективни причини на домашниот пазар долго се чека на вистинско ИПО и нови котации на Берзата. Со ЕБРД, како наш најголем долгогодишен поддржувач, споделуваме иста визија дека работите на овој план треба да се менуваат и со потпишувањето на овој Меморандум создаваме стратешка рамка за идна конкретна поддршка на македонските компании што финансирањето на својот развој го планираат преку пазарот на капитал.”
Европската банка за обнова и развој се стреми кон поддршка на малите и средни претпријатија, во насока на проширување на базата на оние кои привлекуваат нов акционерски капитал и издаваат обврзници на пазарот, и тоа преку:
- Споделување на знаења со Македонската берза за најдобрите меѓународни пракси, во однос на проширување на базата на издавачи на финансиски инструменти;
- Зголемување на корпоративната финансиска култура во земјата, преку активности за градење на капацитет кај локалните компании, во соработка со Македонката берза;
- Обезбедување на таргетирани советодавни услуги за локалните компании, кои размислуваат за издавање на акционерски капитал или издавање на обврзници, со цел да бидат подготвени и за настап на пазарот на капитал.
ЕБОР има инвестирано повеќе од ЕУР 2.9 милијарди во 197 проекти во Северна Македонија, од почетокот на работењето во земјата.
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Фондовипред 2 месеци
КБ Прво пензиско друштво: Преземете чекор и направeте ажурирање на Вашите лични податоци!
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 месец
НОВО: Кредити од Комерцијална банка со намалени каматни стапки
- Колумнипред 1 месец
Онлајн пристапот е лесен, но дали го чуваме доволно безбеден?
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Вработувањепред 1 месец
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје