Connect with us
no baners

Берза

Нов годишен извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со ККУ

Објавено

на

Македонска берза го изготви вториот Годишен извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување.

Во текот на 2024 година, котираните друштва коишто согласно Правилата за котација на Берзата се должни да известуваат за примената на Кодексот за корпоративно управување, по втор пат известија за неговата примена преку пополнување на соодветните прашалници во коишто ги опишуваат нивните корпоративни практики во текот на изминатата 2023 година. Анализата на нивните одговори покажува дека просечната стапка на усогласеност на корпоративното управување на сите друштва со Кодексот во 2023 година е 79%.

Овој извештај дава споредбен приказ на податоците за усогласеност на котираните друштва за 2022 и 2023 година. Компаративните податоци покажуваат дека просечниот квантитативен процент на усогласеност со Кодексот во 2023 година, во однос на 2022 година се зголемил за 3%.

Податоците за нивото на усогласеност на друштвата со Кодексот во овој Извештај се однесуваат збирно за сите котирани друштва и се базирани на фактичките информации за усогласеноста на друштвата со Кодексот, без да се навлегува во оценка на квалитетот на практиките на управување и известување. Извештајот се базира на проценката што самите друштва ја навеле за нивната усогласеност со конкретните делови и одредби од Кодексот.

Извештајот е достапен на следниот линк: https://www.mse.mk/mk/content/2/10/2023/corporate-governance-code

Берза

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ – достигна вредност од 4.141 американски долари за унца

Објавено

на

Според најновите податоци од меѓународните пазари, цената на златото денес се движи околу 4.141 американски долари за унца, забележувајќи мало зголемување од 0,35% во споредба со претходниот ден. Овој раст ја продолжува позитивната тенденција од тековната 2025 година, поддржана од геополитичката нестабилност, инфлаторните очекувања и потрагата по безбедни средства. За споредба, на 11 ноември цената изнесуваше околу 4.124 долари за унца.

Аналитичарите од водечките банки и финансиски институции прогнозираат дека цената на златото ќе продолжи да расте и во 2025 и 2026 година, благодарение на силната побарувачка од страна на централните банки (околу 700–900 тони годишно), приливите во ETF фондовите, инфлаторните притисоци и очекуваните намалувања на каматите од ФЕД.

Почетните прогнози за 2025 година, кои ја предвидуваа цената на златото во опсегот 2.400–3.000 долари, беа ревидирани поради значително посилен раст од очекуваниот, над 50% од почетокот на годината. За периодот 2027–2030 година, се предвидува постојан раст на цената до 5.000–6.000 долари за унца, со потенцијални пикови од 5.155 долари до 2030 година, што го прави златото еден од најатрактивните активи за долгорочно инвестирање и заштита од инфлација.

Овој тренд ја нагласува улогата на златото како безбедна инвестиција во време на нестабилни финансиски пазари и како стратегија за диверзификација на портфолијата на инвеститорите.

Продолжи со читање

Берза

Какви златни прачки купуваат инвеститорите?

Објавено

на

Инвестициското злато е скапоцен метал во својата најчиста форма, наменет првенствено за зачувување и заштита на вредноста на парите.

Златните прачки се изработуваат во неколку стандардизирани големини, овозможувајќи им на инвеститорите со различни буџети да изберат опција која најмногу им одговара. Најчесто достапните големини се:

  • 1 грам – симболична инвестиција или подарок
  • 5 грама, 10 грама, 20 грама – погодни за помали инвеститори
  • 1 унца (31,1 г) – меѓународен стандард
  • 50 грама, 100 грама – средни инвестиции
  • 250 грама, 500 грама, 1 килограм – за сериозни инвеститори

Помалите прачки имаат повисока цена по грам, поради тоа што трошоците за производство и пакување сочинуваат поголем процент од вкупната вредност.

Инвестициското злато е идеален избор за оние кои сакаат да го заштитат својот капитал од инфлација и финансиски нестабилности. Со купувањето на златни прачки, инвеститорите вложуваат во сигурна, ликвидна и стабилна форма на богатство, која има глобално признаена вредност.

Совет за инвеститорите: Изберете големина на златната прачка која одговара на вашиот буџет и цели – без разлика дали станува збор за почетна инвестиција, подарок или долгорочно заштитување на капиталот, златните прачки се проверена и доверлива опција.

Продолжи со читање

Берза

ОГРОМЕН ПАД НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО – најголем во последните 12 години

Објавено

на

Цената на златото во вторникот нагло се намали за околу 300 долари и достигна вредност од 4.090 долари за унца, што претставува пад од над пет проценти и највисокиот дневен пад од 2013 година. Само ден претходно златото достигна рекорден врв од 4.380 долари за унца.

Аналитичарите оценуваат дека корекцијата била очекувана по девет последователни недели раст и добивка од околу 25 проценти од почетокот на годината. Намалувањето на геополитичките тензии, прибирањето на профити и техничката нестабилност придонесоа за наглиот пресврт на пазарот.

Падот силно се одрази и на рударските компании и златните фондови, додека дел од инвеститорите го искористија моментот за заклучување на добивките. И покрај тоа, многу аналитичари остануваат оптимистични, предвидувајќи дека златото би можело повторно да се движи нагоре во текот на следната година, поттикнато од побарувачката на централните банки и глобалните економски ризици.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange