Connect with us
no baners

Банки

НЛБ е рангирана меѓу најдобрите компании со признанија за ЕСГ во рамките на индустријата и регионот

Објавено

на

НЛБ д.д. продолжува да создава подобри отпечатоци и да го зајакнува своето влијание во Југоисточна Европа, особено во сферата на одржливоста. По значително подобрениот ЕСГ рејтинг за ризици за 10.5 од „Morningstar Sustainalytics“ кон крајот на 2024 година, Банката сега заработи две признанија од истата водечка компанија за истражување, рејтинг и податоци за ЕСГ. 

„Morningstar Sustainalytics“ неодамна ја претстави својата листа на најдобро оценети компании за ЕСГ (животна средина, социјални апсекти и корпоративно управување) за 2025 година која опфаќа над 15.000 компании во 42 индустрии, препознавајќи ја НЛБ како „Top regional and Top industry“ компанија. Овие признанија ја потврдуваат посветеноста на НЛБ за одржливи практики и одговорно работење.

Признанието „Top regional“ ја става НЛБ меѓу 432-те највисоко оценети компании во Европа, додека признанието „Top industry“ ја рангира на 42-то место од 1.027 оценети банкарски компании ширум светот.

„Ние сме исклучително горди на ова признание за НЛБ и за целата Групација, бидејќи ги одразува вредните напори на нашиот менаџмент, ЕСГ координаторите и сите вработени. Ова признание ја зајакнува посветеноста на НЛБ за подобар свет, почнувајќи од нашиот матичен регион. Високиот рејтинг и признанијата од реномирани агенции се сигнал до јавноста дека компанијата е отпорна и прогресивна, дека ефикасно управува со ризиците, истовремено искористувајќи ги предностите на одржливиот бизнис. За инвеститорите, ова претставува клучен показател за долгорочна вредност и одговорни деловни практики на денешниот пазар.“ – истакнува Иван Томиќ, Директор за стратегија и бизнис развој во НЛБ д.д.

Ова признание доаѓа откако НЛБ ја доби својата подобрена оценка за ЕСГ од 10.5 на крајот на 2024 година. Оценката, како одраз на нискиот ризик од материјални финансиски влијанија од ЕСГ фактори, ја смести НЛБ во топ 5-ти перцентил од сите банки оценети од Morningstar Sustainalytics. Ова претставува повеќе од 34% подобрување од рејтингот што НЛБ го доби во 2023 година, што се должи на подобрените перформанси на Банката за 26%, и промената во методологијата на Sustainalytics, која придонесе со 8% во подобрувањето. НЛБ најмногу го подобри своето одржливо работење во Приватноста на податоците, Сајбер-безбедноста, Одговорната маркетинг политика и Одговорното управување со средства. Повеќе за резултатите тука. 

Овој текст е изработен од НЛБ д.д. Сите изнесени мислења и информации се соопштени од страна на нарачателот.

no baners
no baners

Банки

„Силк Роуд Банка го зголемува капиталот: Реализирана нова емисија акции од 3,57 милиони евра“

Објавено

на

Силк Роуд Банка ја извести Македонската берза дека успешно ја реализирала својата дванаесетта емисија хартии од вредност преку приватна понуда, со вкупна вредност од над 220 милиони денари, односно приближно 3,57 милиони евра.

Според официјалниот документ, емисијата опфаќа 6.102 обични акции со право на глас, со номинална вредност од 36.111 денари по акција.

Вкупната номинална вредност изнесува 220.349.322 денари, односно приближно 3,57 милиони евра. Сите понудени акции се продадени, што значи дека емисијата е реализирана во целост.

Приватната понуда претходно била одобрена од Комисијата за хартии од вредност на 30 септември 2026 година, а акциите биле пријавени за упис во Централниот регистар на 9 октомври.

Со ова, банката ја завршила постапката за реализација на дванаесеттата емисија акции, која претставува дел од активностите за зајакнување на нејзината капитална основа.

Емисијата на нови акции е еден од начините преку кои банките можат да го зголемат својот основен капитал и да ја подобрат финансиската стабилност. Посилната капитална основа може да придонесе за поголема отпорност на финансиски ризици и да создаде простор за понатамошен развој на банкарските активности.

Силк Роуд Банка работи на македонскиот банкарски пазар од 1993 година. Банката во минатото работела под имињата Кредитна банка и Алфа банка, а од 2016 година го носи сегашното име. Нејзин единствен акционер е швајцарската компанија „Silk Road Capital AG“.

Реализацијата на емисијата во целост претставува значаен чекор во капиталните активности на банката. Конкретното влијание врз нејзината капитална адекватност и финансиска позиција ќе може да се согледа преку следните финансиски извештаи.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари и фиксна каматна стапка од 5,3%

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје нуди потрошувачки кредит во износ до 2.500.000 денари, со фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,3 проценти и можност за одобрување за само неколку минути.

Под мотото „Следната авантура можеби е поблиску отколку што мислиш“, НЛБ Банка ги претставува можностите што ги нуди потрошувачкиот кредит за реализација на личните планови и желби на граѓаните.

Без разлика дали станува збор за патување, ново искуство или остварување на одамна планирана цел, потрошувачкиот кредит овозможува пристап до финансиски средства во износ до 2,5 милиони денари.

Според информациите објавени од Банката, каматната стапка е фиксна и започнува од 5,3 проценти, додека постапката за одобрување може да заврши за само неколку минути.

„Твојот план. Твојот следен чекор“, порачуваат од НЛБ Банка, охрабрувајќи ги граѓаните да се информираат за можностите за финансирање на своите потреби.

Повеќе информации за условите, каматните стапки и постапката за аплицирање се достапни на официјалната веб-страница на Банката: https://www.nlb.mk/fizicki-lica/krediti/potrosuvacki-krediti.

Пред донесување одлука за задолжување, граѓаните треба да ги проверат сите услови, вклучително и вкупните трошоци на кредитот и месечните обврски за отплата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка донираше над 800 килограми облека за социјално загрозени граѓани

Објавено

на

Над 800 килограми зачувана и употреблива облека донираше Комерцијална банка во рамки на хуманитарната акција „Подари приказна, облечи си среќа“, насочена кон поддршка на социјално загрозените семејства и ранливите категории граѓани.

Во акцијата се вклучија голем број вработени во Банката, кои донираа облека со цел таа да добие нова намена и да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Собраната облека, преку Црвениот крст, ќе биде распределена на социјално загрозени семејства и лица згрижени во установи. Дел од донацијата ќе биде понуден и во продавницата „Копче“ по симболични цени.

Со оваа иницијатива, Комерцијална банка обезбедува конкретна поддршка за граѓаните во социјален ризик, истовремено поттикнувајќи ја повторната употреба на облеката и поодговорното користење на ресурсите.

Акцијата е дел од активностите на Банката за поддршка на заедницата и промовирање на вредностите на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност.

Продолжи со читање
no baners

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange