Connect with us
no baners

Останато

Јавен повик до основните и до средните училишта за „ЕВРОПСКИ КВИЗ НА ПАРИ 2025“

Објавено

на

Македонска Банкарска Асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија објавува јавен повик до основните и средните училишта во Република Северна Македонија.

Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Европскиот квиз на парите се одвива во две фази:
– првата фаза се националните натпревари во секоја земја;
– втората фаза е европското финале, во кое учествуваат победниците на националните
натпревари.

Во Република Северна Македонија, националниот натпревар ќе се одржи за време на
Глобалната недела на парите (од 17 до 23 март 2025 година), на македонски и на албански јазик, во два круга:

– прв круг: онлајн натпревар за селекција на најдобрите тимови;
– втор круг: најдобрите тимови се натпреваруваат за титулата „национален шампион“ со
физичко присуство во просториите на Македонската банкарска асоцијација.

Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското
финале што ќе се одржи на 22 и 23 мај 2025 година во Брисел, Кралството Белгија.
Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик. Европската банкарска федерација
ќе им додели парична награда на училиштата што ќе освојат прво, второ и трето
место.

Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа
намена Кахут (Kahoot!), која е едукативна платформа врз база на игра.
Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија најдоцна до 21 февруари 2025 година, на веб-страницата на Македонската банкарска асоцијација на следнава врска или на електронската адреса: [email protected].

Притоа, треба да се има предвид следново:

Учениците се натпреваруваат во тимови по двајца;

Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој
клас може да пријави повеќе тимови;

Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години, со датум на раѓање од 23 мај
2009 година до 23 мај 2012 година;

Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават податоци и за
наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за
подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации
за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: mba.mk и efb.eu.

    Останато

    Северна Македонија продаде едногодишни државни записи во вредност од 28,7 милиони евра

    Објавено

    на

    Министерството за финансии на Северна Македонија на аукција одржана на 2 јуни продаде едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,77 милијарди денари, односно околу 28,7 милиони евра.

    Според официјалните податоци, целосно е реализиран понудениот износ, а истовремено и вкупната побарувачка била на исто ниво со понудата.

    Државните записи доспеваат на 2 јуни 2027 година и носат годишна каматна стапка од 4,10 проценти.

    Аукцијата беше спроведена преку Народната банка, која во име на Министерството за финансии ги продава државните хартии од вредност. Станува збор за тендер по обем, при што цената и каматната стапка се однапред утврдени, а примарните дилери доставуваат понуди само за износите што сакаат да ги купат.

    На аукцијата биле понудени 1,767 милијарди денари, а истиот износ бил и продаден.

    Ова е една од редовните аукции на државни хартии од вредност преку кои државата обезбедува средства за финансирање на буџетските потреби и управување со јавниот долг.

    Продолжи со читање

    Бизнис

    Трамп повторно ја разгорува трговската војна: Нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји

    Објавено

    на

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување нови увозни царини од 10 и 12,5 проценти за производи од 60 земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, како дел од мерките за спречување на трговија поврзана со принудна работа.

    Предлогот е поднесен од Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) во рамки на истрага за нефер трговски практики согласно Член 301 од американското трговско законодавство.

    Според предлогот, царина од 10 проценти би се применувала за увоз од ЕУ, Велика Британија, Канада, Мексико, Тајван, Малезија, Бангладеш и други земји, додека за дополнителни 45 држави се предлага стапка од 12,5 проценти.

    Од USTR посочуваат дека мерката има за цел да обезбеди поправедни услови за американските компании и работници, оценувајќи дека увозот на производи произведени со принудна работа создава нелојална конкуренција на американскиот пазар.

    Истовремено, одредени категории производи ќе бидат изземени од новите царини, меѓу кои енергенси, ретки минерали, фармацевтски производи, органски хемикалии, делови за авиони, како и дел од земјоделските производи.

    Новите трговски мерки доаѓаат во период на засилени глобални трговски тензии и би можеле дополнително да влијаат врз меѓународните синџири на снабдување, цените на производите и економските односи меѓу САД и нивните најголеми трговски партнери.

    Продолжи со читање

    Бизнис

    Димитриеска-Кочоска: Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

    Објавено

    на

    Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра.

    Средствата за сервисирање на оваа обврска државата, односно Министерството за финансии, ги обезбеди преку издавање Еврообврзница во текот на јануари 2026 година. Еден дел, односно 383,7 милиони евра беа предвремено исплатени во февруари 2026 година, додека останатиот дел од Еврообврзницата кон имателите коишто не прифатија предвремена исплата во февруари, беше исплатен денеска.

    „Со исплата во износ од 327,9 милиони евра комплетно ја исплативме Еврообврзницата од 700 милиони евра, издадена во 2020 година. Таа е дел од обврските што како Министерство за финансии редовно и навремено ги сервисираме. Во втората половина од 2024 година, откако ја презедовме власта, исплативме обврски во износ од 786 милиони евра. Во текот на 2025 година исплатени се 2,198 милијарди евра и во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра, што во вкупен износ за целиот овој период изнесува  4,556 милијарди евра“, истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

    Министерството за финансии применува внимателен и сериозен пристап во управувањето со јавниот долг, а одлуката за предвремена отплата на Еврообврзницата донесе заштеди во Буџетот од 3,2 милиони евра. Ваквата определба за прудентно управување со јавниот долг ќе продолжи и во наредниот период преку финансирање на потребите на државата навремено и со најнизок можен трошок. 

    Продолжи со читање

    Популарно

    Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange