Connect with us

Банки

НАСКОРО – Доаѓа Google Pay со картичките од Комерцијална банка!

Објавено

на

Како докажан врвен иноватор во светот на финансиите, Комерцијална банка наскоро ќе овозможи нова дигитална услуга – Google Pay™ за брзи, лесни и безбедни бесконтактни плаќања со паметен телефон или часовник.

Со Visa и Mastercard картичките на Комерцијална банка и апликацијата Google Wallet™, Android и WearOS уредите лесно стануваат дигитален паричник, со кој може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции.

Новите привилегии од дигиталниот свет што ги носи Комерцијална банка во соработка со Google значат:

  • плаќаш со телефон наместо со картичка на ПОС терминал;
  • бесплатно ја преземаш, активираш и користиш апликацијата;
  • можеш да ја дигитализираш секоја картичка од Комерцијална банка;
  • плаќаш брзо, едноставно и безбедно во безброј продавници, ресторани, веб-страни и апликации.

Комерцијална банка, која со сопствената апликација KomPay е пионер во земјава во сегментот на бесконтактни дигитални плаќања и во воведувањето најсовремена технологија за овој вид плаќање, сега се приклучува кон глобалните светски брендови и овозможува поволности и привилегии насекаде во светот.

Google Wallet апликацијата е достапна преку Google Play Store за Android и WearOS уреди, и во истата секој клиент ја користи својата сметка во Google и врши безбедни и брзи бесконтактни платежни трансакции. Google Pay ги прави едноставни секојдневните плаќања и ја зголемува контролата на личните финансии.

Комерцијална банка наскоро ќе овозможи додавање во Google Wallet на сите Visa и Mastercard картички, при што клиентите сами ќе бираат колку картички ќе додадат и со која картичка ќе вршат плаќање.

Повеќе информации за новата дигитална услуга се достапни на следниот линк.

Банки

НЛБ Банка: Информација за исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита

Објавено

на

НЛБ Банка на 04.04.2025 година (петок) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед.

Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

  • 04 – ти април (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
  • 07- миаприл (понеделник) –М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

НЛБ Банка ги потсетува клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Банки

Креативна работилница во Халкбанк за зајакнување на тимскиот дух – вработените во банката изработија брошеви за колешките со долгогодишно искуство

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк, а со цел разубавување на работното секојдневие и зајакнување на тимскиот дух, во едукативниот и креативниот простор на Банката беше организирана работилница за рачна изработка на накит.

На работилницата учествуваа вработени од различни организациони делови на Халкбанк, кои преку меѓусебна дружба имаа можност да стекнат нови вештини и да се запознаат со уметноста на изработка на накит.

Изработените брошеви, создадени со многу љубов и посветеност, беа подарени на колешките кои имаат над 20 години работно искуство во Банката, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд и посветеност.

Оваа иницијатива претставува уште еден доказ за посветеноста на Халкбанк кон создавање позитивна и инспиративна работна средина, каде што вработените имаат можност да се развиваат, да се поврзат и да ја негуваат тимската енергија.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка започна со исплата на мартовските пензии

Објавено

на

Согласно информацијата од ПИОМ за исплата на пензиите на 01.04.2025 (ВТОРНИК), НЛБ Банка од денес (01.04.2025 година), започна со исплата на пензиите за месец март.

Пензионерите можат да ја подигнат својата пензија во експозитурите и на банкоматите на НЛБ Банка.

НЛБ Банка ги потсетува своите клиенти пензионери дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Продолжи со читање

Популарно