Продукти
ТТК Банка ја продолжува понудата на промотивните депозити ПРОМО ФИКС во денари и во евра до 30.6.2023 година
ТТК Банка АД Скопје ја продолжува понудата на промотивните депозити – ПРОМО ФИКС со атрактивни фиксни каматни стапки за штедење во денари и во евра на 15 и на 25 месеци, во промотивниот период до 30 јуни 2023 година.
За депозит во денари орочен на 15 месеци, ПРОМО ФИКС нуди фиксна каматна стапка којашто на годишно ниво изнесува 3,00 % односно 3,50 % за депозит орочен на 25 месеци. За депозит во евра орочен на 15 месеци, фиксната каматна стапка на годишно ниво изнесува 2,00 % односно 2,50 % за депозит орочен на 25 месеци. Пресметката на каматата се врши месечно по пропорционален метод и корисниците имаат можност да изберат месечна исплата на каматата на трансакциска сметка или месечен припис со исплата на вкупната камата на крајот на периодот на орочување.
Следејќи ги барањата и потребите на корисниците, ТТК Банка АД Скопје постојано ja подобрува и проширува понудата што придонесува за зголемување на нивното задоволство.
Повеќе информации за ПРОМО ФИКС депозитите можат да се најдат на интернет-страницата на Банката, преку апликацијата за мобилно банкарство ТТК M-bank како и во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје.
Банки
Халкбанк со нов дизајн на електронското банкарство за правни лица
Халкбанк А.Д. Скопје воведува нов и модерен дизајн на платформата за електронско банкарство за правни лица, со цел подобро корисничко искуство и полесно користење на услугите.
Редизајнираната платформа од 2 септември 2026 година е достапна во првата фаза за клиентите кои пристапуваат преку WEB.
За корисниците кои се најавуваат преку десктоп апликацијата, редизајнот ќе се имплементира автоматски во текот на наредниот месец.
По имплементацијата, за користење на платформата преку десктоп апликацијата ќе биде потребен оперативен систем Windows 10 или понов, додека најавата со USB токен ќе се врши исклучиво преку десктоп апликацијата.

Актуелниот дизајн ќе остане достапен паралелно до 6 октомври 2026 година, по што корисниците автоматски ќе бидат пренасочени кон новата верзија.
Од Халкбанк информираат дека со новиот изглед се воведуваат и унапредувања во функционалностите, а на клиентите им е достапно и корисничко упатство со дополнителни информации.
Банки
Кристина Трпезановска: NLB Smart POS им овозможува на малите бизниси полесен пристап до дигитални плаќања
Преку проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, локалните претприемачи добиваат можност полесно да ја модернизираат наплатата и да се приклучат кон дигиталната економија.
Дигиталните плаќања сè повеќе стануваат секојдневна потреба за малите и средните претпријатија. Брзината, едноставноста и безбедноста при наплатата денес се важни не само за корисничкото искуство, туку и за конкурентноста и растот на компаниите.
Во таа насока, проектот „Вредноста на безготовинското плаќање – Битола“, реализиран во соработка меѓу Министерството за дигитална трансформација, НЛБ Банка, ХалкБанк и Visa, носи конкретна поддршка за локалните бизниси. Преку проектот, 100 одбрани компании ќе добијат бесплатно Soft POS решение, од кои 50 ќе бидат обезбедени од НЛБ Банка.
Со NLB Smart POS, трговците можат да прифаќаат безготовински плаќања директно преку мобилен телефон, без потреба од дополнителна ПОС опрема. Решението е едноставно за користење, овозможува поголема мобилност и им помага на малите бизниси да ја модернизираат наплатата без високи почетни трошоци.
„Дигитализацијата денес е составен дел од современото деловно работење. Со NLB Smart POS, современата технологија станува подостапна за поширок круг трговци, особено за малите и микро бизниси, кои на овој начин добиваат практична алатка за побрза, побезбедна и поефикасна наплата“, вели Кристина Трпезановска, директор на Секторот за управување со клиенти, продукти и дигитални сервиси во НЛБ Банка во интервју за „Економија и Бизнис“.
NLB Smart POS е првата сертифицирана tap-on-phone Android апликација во земјата, која го претвора мобилниот телефон во ПОС терминал. Апликацијата бесплатно се презема од Play Store, брзо се инсталира и не бара дополнителен хардвер, што ја прави особено погодна за малите трговци, доставувачи, услужни дејности и бизниси кои работат и надвор од класична продажна локација.
Интересот за ова решение континуирано расте. Во изминатата година бројот на инсталирани NLB Smart POS решенија е зголемен за 46%, а прометот реализиран преку нив е зголемен за 100% во однос на претходната година. Овие резултати покажуваат дека безготовинските плаќања се реална потреба и важен дел од модерното работење на компаниите.
Покрај бесплатниот Soft POS, проектот обезбедува и дополнителни поволности за бизнисите – без трошоци за одржување и без провизија за трансакции во првите три месеци, како и Visa Business Debit картичка без годишна членарина во првата година. Пријавувањето трае до 31 август, во најблиската експозитура на НЛБ Банка.
Проектот е дел од пошироката заложба за развој на дигиталната економија и проширување на мрежата на трговци кои прифаќаат безготовински плаќања. Со вакви иницијативи, НЛБ Банка ја потврдува својата улога како партнер на бизнисите во нивниот раст, дигитална трансформација и приспособување кон современите потреби на пазарот.
Битола и битолскиот регион, препознатливи по претприемачкиот дух и локалните брендови, преку овој проект добиваат дополнителен поттик за модернизација на наплатата и ширење на дигиталните платежни навики.
Банки
НОВО: Комерцијална банка воведе штедење на 25 и на 40 месеци со фиксни каматни стапки
Нови можности за сигурно и исплатливо вложување на заштедите нуди Комерцијална банка со новите орочени денарски и девизни депозити и детско штедење „Верверичка“ на 25 и на 40 месеци.
Покрај, стабилен принос, предвидливост и долгорочна финансиска сигурност, новите депозити нудат и фиксни каматни стапки.
Со новите орочени депозити, клиентите можат да изберат рок кој најдобро одговара на нивните финансиски планови, а притоа да уживаат во гарантиран принос во текот на целиот период на штедење. Дополнителна предност е што можат да изберат исплата каматата да се исплаќа месечно или по истекот на рокот на орочување, со што добиваат поголема флексибилност и прилагодување на личните потреби.
Минималниот износ за орочување е 100.000 денари за денарските депозити и 5.000 евра за девизните депозити.
„Веруваме дека доброто штедење треба да биде едноставно, сигурно и исплатливо. Новите орочени депозити на 25 и на 40 месеци се наш одговор на потребите на клиентите за долгорочно вложување со атрактивен и гарантиран принос и со целосна предвидливост и сигурност гарантирана од банка со над 70 годишно постоење“, вели Габриела Миленковиќ, директор на Секторот за работа со население во Комерцијална банка.
Новитетот е дел од континуираните заложби на Комерцијална банка за развој на современи финансиски решенија кои ги следат потребите на клиентите и им помагаат поефикасно да ги планираат личните и семејните финансии.
Повеќе информации за новите орочени депозити се достапни на веб-страницата kb.mk, како и во сите филијали и експозитури на Банката.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Продуктипред 2 месециНулта толеранција за измами: Владата усвои нова Стратегија за заштита на финансиските интереси на ЕУ во земјава до 2030 година
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Бизниспред 2 месециНови цени на горивата: Дизелот поскап за 5,50 денари, бензините за 1,50 денари





