Connect with us

Бизнис

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

Објавено

на

Вчера, во хотел Мериот Скопје, се одржа свечената церемонија за доделување на македонските Награди за е-трговија 2024 – “E-commerce Awards 2024”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Овој престижен настан привлече голем број на гости, вклучувајќи членови на Асоцијацијата, поддржувачи, партнери, жири-комисијата на наградите и најуспешните е-трговци во земјата. Гала вечерта беше исполнета со богата програма, одлична атмосфера и прослава на достигнувањата во македонската е-трговија.

Оваа манифестација е значајна за македонската е-трговија, бидејќи ги препознава и наградува најдобрите практики, иновации и достигнувања во индустријата. Наградите претставуваат признание за посветеноста, иновациите и врвната услуга на е-трговците, додека воедно ги мотивираат да продолжат со унапредување на своите услуги. „E-commerce Awards 2024“ не е само избор – тоа е иницијатива што има за цел да го поттикне развојот на македонската е-трговија, да ги истакне најдобрите практики, да ја зголеми конкурентноста и да им даде глас на потрошувачите, кои преку своите гласови учествуваат во изборот на најдобрите е-продавници.

Оваа година, во рамки на „Наградите за е-трговија“ беа доделени 43 награди во 23 категории, препознавајќи ги најуспешните е-трговци според нивните постигнувања во различни области. Со над 200 номинирани е-трговци, гласовите на потрошувачите имаа клучна улога во изборот на победниците. Изборот се реализираше преку процес од неколку фази кој вклучуваше гласање од јавноста (кое учестуваше со 60% во конечниот резултат) и гласање од стручната жири-комисија (40% од конечниот резултат). Категоријата „Најпопуларна е-продавница“ беше единствената во која победникот беше избран исклучиво врз основа на гласовите од јавноста, што ја прави оваа награда вистински одраз на довербата и задоволството на онлајн купувачите.

Во продолжение се претставени победниците по категории.

Најдобри е-продавници по сектори:

● Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци: fashiongroup.com.mk
● Е-продавница за бела техника и електроника: neptun.mk
● Е-продавница за храна и пијалоци: korpa.mk
● Е-продавница за туристички услуги: jk.mk
● Е-продавница за здравје, нега и убавина:

  • Прво место: zegin.com.mk
  • Второ место: coslovemetics.mk
  • Трето место: fashiongroup.com.mk

● Е-продавница за дом, градина, мебел и канцелариски материјали: ananas.mk
● Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки: bebehome.mk
● Е-продавница за услуги:

  • Прво место: telekom.mk
  • Второ место: a1.mk
  • Трето место: evnonline.mk

● Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација: literatura.mk
● Маркетплејс и мулти е-продавница:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: korpa.mk
  • Трето место: delimano.com.mk

● Е-огласник: pazar3.mk

Најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање:

● Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање: telekom.mk
● Е-трговец со најдобра достава:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: korpa.mk
  • Трето место: paket.mk

● Е-трговец со најдобра грижа за корисници:

  • Прво место: telekom.mk
  • Второ место: ananas.mk
  • Трето место: a1.mk

● Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: fashiongroup.com.mk
  • Трето место: coslovemetics.mk


● Најдобра веб-страница за плаќање на сметки: evnonline.mk
● Мобилна апликација за е-трговија на годината: telekom.mk
● Најдобра е-продавница со меѓународна продажба: svetotnabibi.mk
● Најдобар верификуван е-трговец: fashiongroup.com.mk
● Најдобра е-продавница основана од жена:

  • Прво место: coslovemetics.mk
  • Второ место: smartliving.mk
  • Трето место: vitalia.com.mk

Шампиони во е-трговија:
● Најпопуларна е-продавница:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: coslovemetics.mk
  • Трето место: telekom.mk


● Најдобра новоотворена е-продавница: formanova.com.mk
● Е-трговец на годината:

  • Прво место: ananas.mk
  • Второ место: telekom.mk
  • Трето место: fashiongroup.com.mk

На свечената церемонија, на победниците им беа врачени престижни статуетки како признание за нивната извонредност во е-трговијата, како и дигитални беџови што можат да ги истакнат на своите е-продавници, за дополнително зајакнување на довербата кај купувачите. Победниците се објавени и на официјалната веб-страница на натпреварот: https://ecommerceawards.mk/pobednici/.

Наградите за е-трговија оваа година се организираа со поддршка на PRIME партнерите –ИУТЕ и Mybox, како и други реномирани партнери од приватниот сектор, кои заеднички придонесуваат за развојот на е-трговијата во Македонија.

Асоцијацијата за е-трговија на Макеоднија и понатаму ќе продолжи да работи на унапредување на секторот, промовирање на дигиталната трансформација и поддршка на е-трговците во нивниот раст и развој.

Бизнис

ОКТА го намалува дизелот за два денари по литар, но дали ќе поевтини и на бензинските пумпи?

Објавено

на

Компанијата ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво за трговците на големо и мало, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година.

Станува збор за мерка со која компанијата има цел да го поддржи домашниот пазар на горива и да го ублажи влијанието на нестабилните цени на меѓународните пазари.

Сепак, намалувањето на цената по која ОКТА го испорачува дизелот не значи дека горивото автоматски ќе поевтини за два денара и на бензинските пумпи. Конечните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат трговците, во согласност со нивните комерцијални политики и состојбите на пазарот.

Од ОКТА информираат дека оваа мерка е продолжение на активностите за поддршка на домашниот пазар што компанијата ги спроведува од март годинава. Со најновиот попуст, вкупната вредност на поддршката од март 2026 година се очекува да достигне околу осум милиони евра.

Целта на мерките е да се придонесе за поголема стабилност и конкурентност на пазарот на горива во земјава, во услови на неизвесност на глобалните енергетски пазари.

Дали возачите ќе почувствуваат олеснување при полнењето гориво, ќе зависи од одлуките на бензинските пумпи, односно од тоа дали и во колкав износ ќе го пренесат добиениот попуст врз крајните потрошувачи.

Продолжи со читање

Бизнис

ССКМ организира тркалезна маса за поголемо учество на бизнис-заедницата во реформските процеси

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) ќе организира Национална тркалезна маса на тема „Посилен глас на бизнисот за реформите“, со цел да се поттикне поголема вклученост на компаниите во креирањето економски политики и спроведувањето на реформите во земјава.

Настанот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде посветен на улогата на приватниот сектор во реформските процеси, како и на можностите за зајакнување на соработката и дијалогот меѓу деловната заедница и надлежните институции.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат начините на кои компаниите можат поактивно да учествуваат во донесувањето одлуки што директно влијаат врз нивното работење, деловната клима и економскиот развој.

Преку размена на мислења, искуства и конкретни предлози, тркалезната маса има за цел да придонесе кон подобро усогласување на реформските политики со реалните потреби и предизвици со кои се соочува стопанството.

Посебно внимание ќе биде посветено на потребата од поефикасна комуникација меѓу бизнис-секторот и институциите, со цел ставовите и иницијативите на компаниите да добијат поголема тежина при подготовката и спроведувањето на реформските мерки.

Националната тркалезна маса ќе претставува платформа за конструктивен дијалог и формулирање предлози насочени кон создавање поповолно деловно опкружување и поттикнување на конкурентноста на македонската економија.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонските аеродроми со 3,33 милиони патници за девет месеци: Раст од 29% на годишно ниво

Објавено

на

Воздушниот сообраќај во Македонија продолжува да бележи силна позитивна динамика, покажуваат податоците на операторот ТАВ Македонија за периодот јануари – септември 2026 година.

Во првите девет месеци од годинава, аеродромите во Скопје и Охрид опслужиле вкупно 3.331.685 патници, што претставува зголемување од 29% во споредба со истиот период минатата година.

Истовремено, бројот на летови достигнал 22.147, што е за 10% повеќе на годишно ниво.

Најголемиот дел од патничкиот сообраќај се реализирал преку Меѓународниот аеродром Скопје, кој опслужил 3.065.692 патници, со годишен раст од 29,07%.

Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, пак, забележал 265.993 патници, што претставува зголемување од 26,76%.

Разликата меѓу растот на бројот на патници и растот на бројот на летови покажува дека просечниот број патници по реализиран лет се зголемил, иако за целосна процена на искористеноста на капацитетите се потребни податоци за бројот на расположливи седишта.

Растот на воздушниот сообраќај има значење за повеќе сегменти од домашната економија, вклучувајќи го туризмот, угостителството, транспортот, трговијата и услугите.

За компаниите, поголемата поврзаност со странските пазари може да придонесе за полесно реализирање деловни патувања и подобра меѓународна достапност.

Сепак, бројот на аеродромски патници не треба директно да се поистоветува со бројот на странски туристи, бидејќи статистиката ги опфаќа и домашните патници, деловните патувања и другите категории патнички сообраќај.

Редакција Банкарство

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange