Connect with us
no baners

Банки

МБА на 24. Годишна конференција на Македонска берза

Објавено

на

no baners

И оваа година, Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја потврди својата посветеност кон развојот на финансиските пазари преку активно учество на 24. Годишна конференција на Македонска берза – еден од најзначајните настани во областа на финансиите и пазарот на капитал во земјава.

МБА беше претставена од врвни професионалци, претседавачи и членови на комисии кои со своето искуство и експертиза даваат значаен придонес кон унапредување на банкарскиот и финансискиот сектор: Глигор Пандиловски – претседавач на Комисијата за СПП и усогласеност со прописите, Стопанска банка АД Скопје; Донка Марковска – претседавач на Комисијата за сметководство, даноци и МСФИ, НЛБ банка АД Скопје; Ивица Ѓорѓевски – претседавач на Комисијата за информативна сигурност, Стопанска банка АД Скопје; Богоја Китанчев – претседавач на Комисијата за ЕСГ, НЛБ банка АД Скопје; Маја Ставрева-Стојанова – заменик-претседавач на Комисијата за ЕСГ, Шпаркасе банка АД Скопје и Дерја Хамза Сефери – член на Правната комисија, Халк банка АД Скопје.

Во две извонредни панел дискусии, своите ставови ги споделија Златица Цивкароски, претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање со корпоративен долг и член на Управен Одбор во Шпаркасе банка АД Скопје, на панелот ,,Некој, на берза“ и Горазд Поповски, претседавач на Правната комисија, Стопанска банка АД Скопје на панелот „Добри практики за корпоративно управување – норматива v.s. пракса“.

no baners

Банки

Народна банка домаќин на мисија на Европската комисија за јакнење на институционалната независност

Објавено

на

Народна банка беше домаќин на TAIEX peer review мисија на Европската комисија, посветена на јакнењето на институционалната независност и размената на европски искуства и добри практики.

Од Народната банка истакнуваат дека независноста на централната банка претставува основа за одржување на стабилноста и довербата во финансискиот систем.

Преку посветеност на транспарентноста и отчетноста, Народната банка продолжува да го унапредува својот мандат во интерес на стабилноста на економијата.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка и годинава поддржувач на „Галичка свадба“

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје и годинава е пријател и поддржувач на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, еден од најзначајните културни настани во Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи од 10 до 12 јули во Галичник, каде повторно ќе оживеат традиционалните свадбени обичаи, народните носии и звуците на зурлите и тапаните.

Од банката посочуваат дека „Галичка свадба“ претставува симбол на љубовта, заедништвото и богатото македонско културно наследство, чии вредности се пренесуваат од генерација на генерација.

Со поддршката на настанот, Стопанска банка ја продолжува својата заложба за зачувување и промоција на традицијата и културните вредности.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка предупредува на измамнички мејлови што содржат вирус

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје предупреди дека е забележана измамничка кампања преку која до граѓаните се испраќаат лажни пораки по електронска пошта.

Испраќачите лажно се претставуваат во име на Комерцијална банка, информираат за наводно извршено плаќање и испраќаат прикачен фајл што содржи вирус.

Од банката предупредуваат дека со отворање на фајлот, примателот се изложува на сериозен ризик, бидејќи може да се овозможи пристап до лозинки и други доверливи информации зачувани на уредот.

Граѓаните се повикуваат да не го отвораат прикачениот фајл и веднаш да ја избришат пораката.

Од Комерцијална банка посочуваат дека лажните пораки најчесто бараат итна реакција и се однесуваат на важни теми, како приливи или одливи на средства, опасност од губење пристап до сметка или слични предупредувања.

Ваквите пораки често содржат граматички и правописни грешки, поради што корисниците треба внимателно да ја прочитаат содржината и задолжително да ги проверат називот и доменот на електронската адреса на испраќачот.

Целта на ваквите измами е прибирање чувствителни податоци или инсталирање злонамерен софтвер на уредите, предупредуваат од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange