Connect with us
no baners

Интервјуа

Марјан Манчев за FinSight: Кинеските производители ќе доминираат на европскиот пазар во следните 5-10 години

Објавено

на

Кинеските производители на возила со брз развој на технологијата и силна државна поддршка преку субвенции сè посериозно пенетрираат на европскиот пазар. Според трендовите, во следните пет до десет години, токму кинеските брендови би можеле да ја преземат доминацијата во автомобилската индустрија во Европа.

Во Кина постојат над сто автомобилски брендови кои се натпреваруваат на домашниот пазар, а сè поголем број од нив веќе настапуваат и во Европа. Европските производители тешко ќе можат да парираат на комбинацијата од квалитет, технологија и цена што ја нудат кинеските брендови,“ изјави Марјан Манчев, директор на Шпаркасе Лизинг и претседател на Асоцијацијата на лизинг друштва во Македонија, за емисијата FinSight на Bankarstvo.mk.

Трендот не го одминува ниту македонскиот пазар – сè повеќе локални застапници внесуваат кинески брендови, чиј удел континуирано расте. Со оглед на динамиката на глобалниот пазар и темпото на иновации во Кина, домашните купувачи во наредните години ќе имаат сè поголем избор на современи и достапни модели од кинеско производство.

Новинар: Наташа Мерсовска

no baners

Интервјуа

Слободан Митровски во FinSight: 3.000 евра за квадрат е нереално за Скопје

Објавено

на

Во новата епизода на FinSight разговараме со Слободан Митровски од Агенцијата за недвижнини „Асторија“ за тоа што навистина стои зад рекордните цени на недвижнините во Скопје.

Според Митровски, клучната причина за наглиот раст на цените не се повеќе градежните трошоци, туку недостатокот на квалитетни локации.

„Она што најмногу придонесе кон брзиот раст на цените е недостатокот на добри локации. Тоа е реалноста“, вели Митровски.

Во изминатите години, јавноста често слушаше објаснувања дека цените растат поради поскапувањето на железото, градежните материјали и работната рака. Но, од денешна перспектива, овие аргументи веќе не држат вода.

„Сите се сеќаваме на темите дека цените се покачени поради зголемени трошоци, но денес можеме слободно да кажеме дека тоа се приказни“, додава тој.

Митровски посочува дека во последната година пазарот во голема мера се стабилизирал. Иако е факт дека по пандемијата трошоците генерално пораснале, тоа не е доволна причина за цени од 3.000 евра по квадратен метар.

„Да, после пандемијата сите трошоци се зголемија, но не до тоа ниво за да дојдеме до 3.000 евра за квадрат“, нагласува Митровски.

Според него, токму атрактивните и ретки локации ја туркаат цената нагоре, но таквите износи се далеку од реални за скопскиот пазар.

„Локациите дефинитивно придонесоа цените да стигнат до 3.000 евра, но тоа е тотално нереална цена за Скопје“, заклучува Митровски.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

FinSight | Слободан Митровски: 3.000 евра за квадрат и 20.000 евра за паркинг – реалност или имотен балон?

Објавено

на

Цените на недвижнините во Македонија продолжуваат да уриваат рекорди. Квадратен метар станбен простор во атрактивни локации достигнува и до 3.000 евра, додека паркинг место се продава за суми кои до пред неколку години беа доволни за купување автомобил – околу 20.000 евра. Прашањето што сè почесто се поставува е дали ваквите цени се реален одраз на пазарот или сигнал за пренапумпување на вредностите.

Во новата епизода на FinSight, разговараме со Слободан Митровски, сопственик на Агенцијата за недвижнини „Асторија“, за причините кои стојат зад наглиот раст на цените и за тоа кои фактори денес најсилно го диктираат пазарот.

Недостатокот на атрактивни локации, зголемените трошоци во градежништвото, растот на побарувачката и инвестициската логика кај купувачите се само дел од елементите што влијаат врз ценовниот притисок. Но, останува дилемата – дали пазарот е одржлив на долг рок и дали може да се очекува одредена стабилизација во периодот што следи.

Во разговорот се отвора и прашањето за споредбата со регионот, особено со Србија, каде пазарот на недвижнини исто така бележи силна динамика. Колку сме навистина скапи во однос на соседството и дали македонските цени се оправдани според економските параметри?

Посебен фокус е ставен и на структурата на купувачите – дали становите навистина сè почесто се купуваат во кеш и што навистина се мисли под купување во кеш, кој купува денес и дали недвижнините остануваат доминантен облик на заштита на капиталот.

Одговорите на овие прашања носат подлабок увид во тоа каде се наоѓа пазарот на недвижнини и што можат да очекуваат купувачите, инвеститорите и граѓаните во периодот што следи.

Новинар: Наташа Мерсовска

Продолжи со читање

Интервјуа

Трајко Славески: Купувачите на прв стан се помал ризик за банките од инвеститорите во недвижности

Објавено

на

Купувачите кои за прв пат обезбедуваат сопствен дом се финансиски постабилни и претставуваат помал кредитен ризик за банките, во споредба со лицата кои купуваат недвижности со инвестициска цел, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во интервју за FinSight.

Според Славески, светската и домашната практика покажуваат дека домаќинствата кои купуваат стан или куќа со намера во неа да живеат, имаат поголема дисциплина во сервисирањето на кредитните обврски.

„Оние домаќинства коишто купуваат недвижност – без разлика дали стан или куќа – со цел да живеат во неа, се помал ризик за банките од аспект на редовно сервисирање на обврските“, истакнува Славески.

Од друга страна, купувачите кои веќе располагаат со неколку недвижни имоти и влегуваат во нови кредитни задолжувања со инвестициска логика, носат повисок ризик за финансискиот систем.

„Кај дел од инвеститорите, кредитната задолженост е веќе затегната, а очекувањата се насочени кон понатамошен раст на цените на становите, со цел остварување дополнителен доход“, посочува гувернерот.

Во тој контекст, Славески објаснува дека мерките кои предвидуваат помало учество за купувачи на прв стан имаат јасна логика, не само што им помагаат на младите и семејствата полесно да дојдат до сопствен дом, туку и придонесуваат за поголема финансиска стабилност.

Интервјуто е дел од платформата FinSight, која носи анализи и ставови од клучни носители на економските и финансиските политики во земјава.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange