Банки
Комерцијална банка е официјален партнер на Саемот за мебел 2025
 
																								
												
												
											Комерцијална банка со задоволство и оваа година е официјален партнер на Саемот за мебел 2025.
Годинашното издание на Саемот за мебел носи нова возбудлива авантура за сите кои сакаат да го разубават домот и да ги искористат саемските попусти и атрактивните финансиски решенија од Комерцијална банка.
Како официјален партнер на Саемот за мебел 2025, Комерцијална банка подготвува бројни изненадувања за сите посетителите на саемот.
- Богата понуда на кредити за сечиј вкус
- Атрактивни кредитни услови по мерка на твојот буџет
- Иновативни и креативни решенија за удобен и модерен дом
- Најнови колекции на мебел и ентериерно уредување од врвни брендови
Саемот на мебел 2025 ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот „Борис Трајковски“ и ќе понуди уникатно доживување за сите посетители.
Без разлика дали сакаш да го освежиш домот со нов мебел, да внесеш модерен стил или да инвестираш во удобноста, Саемот за мебел е вистинското место за комплетна инспирација.
Банки
УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади
 
														Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.
Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.
Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.
Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.
Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.
Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава
Банки
Комерцијална банка започна со исплата на пензиите за месец октомври
 
														Комерцијална банка ја информира јавноста дека исплатата на пензиите за октомври започна од денес – (петок, 31 октомври 2025 година).
Пензионерите кои користат дебитна картичка можат да располагаат со своите средства веднаш истиот ден, без потреба од посета на филијала. Банката ги охрабрува клиентите да ја користат картичката за безготовински плаќања во продавници, онлајн купувања, или за подигнување готовина од банкоматите на Комерцијална банка, кои се достапни низ целата земја.
За оние кои претпочитаат исплата на шалтер, подигнувањето на пензијата ќе биде можно од 31 октомври (петок), како и во секој нареден работен ден.
Мапата со локациите на Комерцијална банка е достапна на следниот линк: https://www.kb.mk/lokacii-kb.nspx?type=branch
Банки
Халкбанк го одбележа Светскиот ден на штедењето со едукативни активности за учениците и посета на музејот на НБРМ
 
														Халкбанк и годинава Светскиот ден на штедењето го посвети на финансиска едукација на најмладите. Банката го заокружи октомври – месецот на штедењето со два настани во кои беа вклучени ученици од основните училишта од повеќе општини во Скопје, како и со активности во речиси сите филијали низ Македонија.
Дел од учениците го посетија Музејот на Народната банка каде што се запознаа со историјата на монетите и развојот на паричниот систем. Имаа можност да ја погледнат најбогатата збирка на монети во државата и да поставуват прашања за историјата на парите. За втората група ученици беше организиран забавно – едукативен настан во едукативниот центар во Дирекцијата на Халкбанк. Тие се запознаа со основните финансиски поими и се дружеа со слончето Халки, кое е симбол на детското штедење на Халкбанк.

„Наша цел е да ги поттикнеме децата од најрана возраст, уште додека се во училишните клупи, да развијат позитивни навики за финансиска одговорност и штедење. Денешните активности се дел од долгорочната посветеност на Халкбанк за финансиска едукација и поддршка на младите генерации“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Сите ученици кои присуствуваа на двата настани, како и на активностите низ цела Македонија, го добија на подарок „Букварот на Халки“, кој на едноставен и интересен начин им ги доближува на децата најважните и најчесто користени финансиски термини.

Детското штедење Халки нуди поволни услови за родителите да инвестираат во посигурна иднина на своите деца, овозможувајќи им да создадат финансиска основа и да ги развиваат позитивните навики за штедење уште од најмала возраст. За секоја новоотворена штедна книшка следува подарок креативен подарок од слончето Халки.
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија 
- 
																	   Анализипред 1 месец Анализипред 1 месецАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција? 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола 
- 
																	   Продуктипред 1 месец Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay? 
- 
																	   Кариерапред 2 месеци Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје 
- 
																	   Банкипред 2 месеци Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој 





 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
											 
									 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	